4 Години МКхост

Идејата за основање на МКхост дојде пред точно 4 години. Информатичкото знаење кај македонскиот народ во тоа време беше присутно на многу пониско ниво… Нашата првична цел беше да го поттикнеме развојот на онлајн светот во Македонија преку нудење на услуги кои овозможуваат презентација преку интернет и кои овозможуваат комуникација со виртуелниот свет.

Започнавме само со еден сервер и создадовме одлични хостинг пакети прифатливи за овој пазар. Со ваков пристап на крај успеавме да создадеме услуги кои ќе ги задоволат потребите на нашите клиенти. Покрај пристапните понуди, јасно ни беше дека во овој бизнис корисничката поддршка е доста важна, па така сите наши сили ги насочивме кон овозможување на што подобра поддршка за клиентите, со што пронајдовме разни начини на кои ја олеснивме комуникацијата а со тоа го зголемивме и задоволство кај клиентите. Со секој задоволен клиент, добиваме доза на радост и ние. 🙂

Кога почнавме услугите ни беа ограничени само на нудење на хостинг пакети и регистрација на домени. Со тек на време, како се зголемуваа нашите ресурси и искуство, создадовме подобри хостинг пакети со повеќе простор и месечен сообраќај за пониски цени, успеавме во неколку наврати да понудиме и промотивни пакети со бесплатни домени. Ваков вид на промотивна понуда имаме и за нашиот четврти роденден, за повеќе детали тука (внесете го кодот 4godini при порачка).

Во првите неколку години се проширивме и кон IRC услугите за кратко време. Пазарот го бараше тоа и МКхост скоро 2 години нудеше IRC услуги. Имавме канал за поддршка и на IRC серверите на Undernet, додека клиенти имавме од секаде. Закупивме дури 4 сервери само за тој вид на услуги и имавме голем број на клиенти.

Среќен роденден МКхост

Но на крај се одлучивме да се сконцентрираме само на хостинг пакетите и подобрување на услугите поврзани со нив, како интернет аудио стриминг, веб дизајн, реселер пакети за препродавачи, Виртуелни Приватни Сервери (ВПС), ИТ консалтинг и сл.

Во текот на овие 4 години, МКхост изврши неколку клучни промени вкулувајќи подобрувања на начинот на кој рабоите, овозможување подобра корисничка поддршка, усовршување на изгледот на сајтот и маркетинг кампањите и друго…

МКхост на македонскиот пазар моментално е пласирана како компанија која ги нуди најповолните веб хостинг услуги, надминувајќи ги понудите на конкуренцијата на пазарот… За крај, може само да ветиме дека во иднина ќе продолжиме со развивање на компанијата и услугите како и подобрување на искуствата на нашите клиенти. Дека сме сериозни во ова ветување докажавме пред неполн месец кога овозможивме хостирање на сајтовите и на македонски сервери, а во блиска иднина исто така планираме уште неколку изненадувања.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn