5 начини како да намалиш спам преку емаил пораки

Борбата против спам пораките е во тек уште од првиот регистриран инцидент во 1978-ма година, кој зафати 393 лица. Иако не е можно целосно да се елиминираат спам пораките, наредниве совети ќе помогнат во намалување на несаканата пошта во твојот инбокс.

1. Користи филтер за спам

Звучи очигледно, но изненадува тоа што многу интернет корисници не користат филтри за спам. Со овие филтри, се заштитува емаил сандачето од спам пораки.

2. Не ја објавувај адресата секаде

Не ја објавувај емаил адресата насекаде на интернет. Ако твојата емаил адреса е објавена на повеќе места, блогови или форуми, твоето сандаче може да се преполни со несакана електронска пошта.

Автоматизирани ботови собираат веб адреси 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

3. Не одговарај на сомнителни пораки

Никогаш не треба да одговориш на маил за кој сметаш дека е спам. Ова само им кажува на спамерите дека нивните емаил адреси доаѓаат во твоето сандаче.

mkhost email

4. Резервна емаил адреса

Направи резервна емаил адреса. Користи ја онлајн на форуми, чет-соби и кога се претплаќаш на маилинг-листи и промоции. Запомни дека твојата резервна адреса е привремена, и истата може да се менува често.

5. Дискутабилна автентичност

Ако си принуден да внесеш емаил адреса на некое онлајн место чија автентичноста е дискутабилна, користи привремена адреса за електронска пошта.

Услуга како 10minutemail.com ќе ти даде пристап до работната адреса за електронска пошта, за да не мора да ризикуваш да ја користиш твојата лична адреса на веб сајт во кој не веруваш.

Откако ќе завршиш, едноставно излези од веб сајтот, а притоа може да заминеш знаејќи дека никогаш нема да добиеш никаква несакана пошта како резултат на тоа.

Повеќе од 30 години подоцна, спамот достигнува милијарди интернет корисници ширум светот. Можеби не е можно целосно да се елиминира спам, но сите ние можеме да придонесеме за да го намалиме влијанието што истиот го има врз нашето сандаче.

Дознај повеќе и како до побезбедна емаил комуникација

За своите корисници МКхост секогаш се труди да ги имплементира светските ИТ стандарди. Поради тоа, МКхост веќе започна со имплементација на користење на сигурни порти и целосно исфрлање на сите други порти од своите емаил сервери.