Борбата против спам пораките е во тек уште од првиот регистриран инцидент во 1978 година, кој зафати 393 лица. Иако не е можно целосно да се елиминираат спам пораките, овие 5 совети ќе го намалат бројот на несаканaтa е-пошта во вашето сандаче.

1. Користете филтер за спам

Звучи очигледно, но изненадува тоа што многу луѓе не користат филтри за спам за да го заштитат своето сандаче од спам пораки.

2. Не ја објавувајте адресата секаде

Не ја објавувајте емаил адресата насекаде на Интернет. Ако Вашата емаил адреса е објавена на повеќе места, блогови или форуми, Вашето сандаче може да се преполни со несакана електронска пошта. Автоматизирани ботови собираат веб адреси 24 часа на ден, седум дена во неделата.

3. Не одговарајте

Никогаш не треба да одговорите на меил за кој сметате дека е спам. Ова само им кажува на спамерите дека нивните емаил адреси доаѓаат во вашето сандаче.

4. Резервна емаил адреса

Направете резервна емаил адреса. Користете ја онлајн на форуми, чет-соби и кога се претплаќате на мејлинг-листи и промоции. Запомнете дека вашата резервна адреса е привремена, може да ја менувате често.

5. Дискутабилна автентичност

Ако сте принудени да внесете емаил адреса некаде на интернет каде автентичноста на веб сајтот е дискутабилна, користете привремена адреса за електронска пошта. Услуга како 10minutemail.com ќе Ви даде пристап до работната адреса за електронска пошта, за да не мора да ризикувате да ја користите вашата лична адреса на веб сајт во кој не верувате.

Откако ќе завршите, едноставно излезете од веб сајтот, а притоа можете да заминете знаејќи дека никогаш нема да добиете никаква несакана пошта како резултат на тоа.

 

 

Повеќе од 30 години подоцна, спамот достигнува милијарди интернет корисници ширум светот. Можеби не е можно целосно да се елиминира спам, но сите ние можеме да направиме малку за да го намалиме влијанието што го има врз нашето сандаче.

И МКхост се вклучува во зголемувањето на безбедноста на емаил пораките на своите корисници со помош на услугата SpamExperts.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn