5 предизвици со кои ќе се соочите при изградба на веб сајт

Да се направи одличен веб сајт значи да се најде баланс помеѓу неколку клучни елементи. Целта е да се постигне задоволство кај потенцијалните корисници на сајтот.

Оние кои се занимаваат со изградба на веб сајтови знаат дека тоа не е ни малку лесна задача. Дури и наједноставните веб сајтови можат одлично да си ја вршат функцијата само доколку правилно се имплементираат тие клучни елементи.

Станува збор за петте најголеми предизвици при изградба на веб сајт: Сајт лесен за пристапување (accessibility), компатибилен (compatibility), лесна навигација (navigability), лесна читливост (readability) и корисен за посетителите (usability).

1. Сајт кој е лесен за пристапување

Без сомнение ова е една од најважните карактеристики на еден веб сајт – достапноста. За сајтот да биде лесно пристаплив или достапен за сите потребно е при неговата изградба да се земат во предвид сите профили на луѓе кои би го користеле.

Сајтот треба да биде подеднакво функионален за сите. Секој човек треба да има можност да пристапи до информациите на сајтот, неговите функционалности и елементи.

2. Сајтот треба да биде компатибилен – оптимизиран

Следна многу важна и за жал често потценета карактеристика на еден веб сајт, а тоа е неговата компатибилност. Тоа значи дека треба да се тестира на различни интернет пребарувачи (Chrome, Mozilla, Explorer…), оперативни системи (Windows, iOS, Android….) како и екрани со различна резолуција ( компјутер, таблет, мобилен…).

Доколку користите некој од темплејтите кои МКхост Ви ги нуди преку актуелната понуда – Mkhost Premium, тогаш нема причина да се грижите за овој тип на оптимизација на Вашиот веб сајт. Темплејтите се целосно оптимизирани.

3. Сајтот треба да биде лесен за навигација

Можеби еден од најголемите предизвици за веб дивелоперите и дизајнерите е точно постигнувањето на идеална навигација. Еден сајт е лесен за навигација тогаш кога луѓето можат брзо и без многу размислување на ги најдат информациите кои им требаат.

Во спротивно, доколку треба долго време да бараат, тие ќе си заминат и ќе ја побараат информацијата на друго место. Од таа причина лесната навигација е можеби најважната карактеристика на еден веб сајт. Структурата на сајтот треба да биде толку едноставна што секој човек ќе може лесно да најде тоа што му треба без многу кликови.

4. Сајтот треба да има читка содржина

Четвртата многу важна карактеристика на успешните веб сајтови е содржината која е лесна за читање. Повторно, кога ја подготвувате содржината за вашиот веб сајт имајте ги во предвид потенцијалните корисници со различни профили.

Секој од нив треба да ја разбере пораката која сакате да ја пренесите. Затоа треба да внимавате на зборовите кои ги користите. Како ги структуирате речениците. Каква структура има содржината (содржината треба да биде лесна за брзо скенирање и организирана во параграфи).

Користете и боја доколку увидите дека има потреба. Изберете фонт кој нема дополнително да го отежнува читањето. Arial, Verdana и Times се едни од најкористените. Читателите се навикнати на овие фонтови.

5.Сајтот треба да биде корисен за посетителите

Ова е производ на сите претходни карактеристики. Доколку останатите четири карактеристики се соодветно застапени, тогаш неизбежно е сајтот да биде корисен за посетителите.

Со тоа што ќе ги донесете посетителите на веб сајтот преку различни маркетинг стратегии, не значи дека сте ја добиле битката! Нив треба да ги конвертирате во редовни читатели на она што го  нудите. Доколку имаат било каква потешкотија при користење на вашиот веб сајт, нема да размислуваат долго пред да го напуштат.

Има многу други алтернативи на интернет кои ќе им понудат подобро корисничко искуство. Затоа е многу важно да најдете совршен склоп на сите претходни аспекти.

Во моментот кога секој профил на потенцијален клиент, буквално секој, ќе може да пристапи брзо и лесно на вашиот сајт преку било кој пребарувач, уред или оперативен систем и при тоа во неколку секунди да ги најде потребните информации кои ќе може лесно да ги прочита и разбере, тогаш сте направиле веб сајт кој нуди одлично корисничко искуство и бидете сигурни дека задоволните посетители ќе се вратат повторно!

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.