Еден работен ден со Марија, Веб девелопер во МКхост

И покрај многуте задачи и активности што ги има, Марија одвои 30 минути од своето време и ни раскажa како е да се работи во МКхост  и како всушност изгледа еден нејзин работен ден.

  • Кој е најголемиот предизвик со кој што се соочува веб девелопмент тимот? 

Постојано како веб девелопери се соочуваме со најразлични предизвици.
И само решавање на некаков проблем без разлика дали станува збор за комплексен проблем или мал проблем, за нас тоа претставува предизвик.
Најголемиот предизвик со кој се соочуваме би рекла дека се комплексните проблеми.
Она чувство кога ќе решиш некој проблем е PRICELESS.

  • Како успеваш да го координираш тимот? Која е тајната на успешна соработа?

Многу често наидуваме до мислење дека програмерите не треба да имаат изострени комуникациски вештини.
Јас не би се сложила со тоа. Како програмер ти најверојатно нема да мора да ја правиш продажбата,  но дефинитивно ќе стапиш во контакт со менаџери, клиенти и соработници. Што значи дека мораш да бидеш добар соговорник ако сакаш да бидеш успешен програмер.

Во голем процент од фирмите добиваш можност да менаџираш со тим, па секако тука мора да дојде до израз и твојата комуникациска вештина.
Така што тука како одговор на ова прашање би навела дека од клучен фактор за успешна соработка во тимот е комуникацијата, тимската игра и секојдневните состаноци.
Можноста на секој во тимот да работи подеднакво на проект исто така е клучен фактор за добар тим и успешна соработка.

  • Какви проекти ти претставуваат предизвик?

Најчесто оние проекти за кои не сум сигурна на самиот старт како точно да ги реализирам и каков ќе биде резултатот на самиот крај, се оние кои ми представуваат најголем предизвик. При работата на такви проект бараш начин, постојано истражуваш, учиш и си up-to-date  со новите случувања и техонологии.

 

  • Понекогаш проектите имаат кратки рокови за да се завршат. Дали заедно со тимот успевате на време да ги завршите?

Секако! Јас и мојот тим имаме одлична соработка, функционираме супер.
Секојдневните состаноци во текот на работната недела, поделбата на работни задачи и дискусиите во врска со проектите се од огромно значење за навремено завршување на задачите. Многу често имаме и непредвидлива ситуација каде се појавиле критични багови и за кои треба итна интервенција, и за таквите ситуации смиреноста и тимскиот дух биле од многу голема корист за да на крај добиеме решение на проблемот.

  • Што би ги советувала идните практиканти што ќе дојдат во МКхост?

Секој персонален и професионален успех на секој од нас поединечно, а тоа доведува до професионален успех и на целата компанија.“
Во моментов интензивно се работи на зголемување на бројот на вработени во сите делови од МКхост.

Токму сега имаме отворени позиции за Систем Администратор, и би сакала да ја искористам оваа прилика за да ги повикам сите заинтересирани да се пријават и да станат дел од нашиот тим.

МКхост е одлична шанса да станете подобар во тоа што сакате да го работите, да научите повеќе и да се изградите како добар професионалец.
За сите идни програмери, систем администратори и сите оние кои се на почетокот на нивните професии мојата порака е Never give up.
Крајниот резултатот е оној кој ќе ве направи горди и ќе ви даде стимул да вложувате многу повеќе во себе понатаму.

Креиравме нешто ново за сите корисници

Во изминатиот период работевме на проект наменет за сите наши корисници, каде што првичната цел беше да го олесниме пристапот до нашиот систем, како и користењето на нашите услуги.

Се соочивме со голем предизвик да создадеме нешто ново што е во тек со најсовремените технологии. Денес со задоволство можеме да ви го претставиме новиот веб сајт на МКхост.

Нашиот нов сајт уште појасно ја отсликува визијата на МКхост да биде „Дом за твојот веб сајт“, а на истиот уште полесно и побрзо ќе можеш да ги пронајдеш и нарачаш твоите потребни услуги за онлајн присуство.

Освен новиот сајт, издвоивме посебно место за сите наши клиенти наречен Кориснички портал. На истиот, корисниците ќе имаат увид во својата сметка, како и полесно ќе можат да управуваат со сите услуги.

 

Со креирање на профил, ќе имаш пристап до:

  • Tвоите продукти и услуги
  • Ќе бидеш во тек со обновата на твоите домени, хостинг просторот како и сите твои останати нарачки
  • Ќе имаш брз преглед на твојот кориснички портал
  • Ќе можеш лесно да нарачаш, обновиш и откажеш продукти или услуги
  • Ќе бидеш известен за секоја промена во врска со нарачаните продукти или услуги
  • Брзо и лесно ќе можеш да подесиш емаил адреса
  • Менаџирање DNS на домени и нивна редирекција

Особено внимание обрнавме на нашиот нов сајт и кориснички портал да имаат лесен пристап, да бидат лесни за снаоѓање и да може секој да ги користи.

Секогаш ставајќи акцент на задоволството на клиентите, се надеваме дека со оваа нова услуга ќе го олесниме менаџирањето на корисничките профили преку кои поедноставно ќе комуницираат со нас за секакви побарувања.

Ние остануваме тука за сите наши корисници, 24/7/365.

Посети го нашиот нов сајт!

Како до повеќе читатели на твојот блог (2019)

Започнување со свој блог денеска е мошне лесно со платформa како што е WordPress. Но откако ќе го објавиш твојот блог, следниот најголем предизвик е да го зголемиш сообраќајот на твојот веб сајт и да привлечеш што е можно повеќе читатели. Иако квалитетната содржина е причина број еден за успешност на еден блог, постојат повеќе начини како можеш подобро да го оптимизираш твојот веб сајт.

Еве неколку совети со кои што со сигурност ќе го подобриш сообраќајот на твојот блог.

1.Наслови на текстовите

Насловите се нешто прво што го гледаат луѓето. Може да го имаш најдобриот блог пост, ако насловот не ја долови интересната содржина, никој нема да го прочита постот.

Моќен наслов на блогот може да ти донесе многу повеќе прегледи на сајтот, дури и за 500% повеќе. Со толку многу содржина онлајн, само со креативен и уникатен наслов имаш поголеми шанси да привлечеш потенцијални читатели.

До 80% од корисниците може и да не го прочитаат твојот текст доколку насловот не им го привлече вниманието.

Постојат 5 типа на наслови кои што најчесто се користат:

  • Нормални (Начини со кој ќе се подобри посетеноста на твојот блог)
  • Прашање (Што ги привлекува читателите за да го отворат твојот блог?)
  • Како до (Како до повеќе читатели на твојот блог)
  • Број (10 начини како да привлечеш повеќе читатели на твојот блог)
  • Обраќање до читателот (Неколку чекори како твојот блог да го посетуваат повеќе читатели)

Според истражувањата, најголем CTR (click-through rate) имат наслови со карактери помеѓу 90 и 99. Но не секогаш треба да се водиш по овие статистики затоа што насловот треба да има и смисла.

Доколку заглавиш со смислување на крeативен наслов, постојат бесплатни алатки кои може да ти помогнат околу креативниот процес.

 

Според Melanie Duncan, секој наслов треба да содржи 4U елементи:

  • Useful (Корисен)

Оние наслови кои што ќе предизвикаат интерес кај тебе се и оние наслови кои што нудат нешто корисно, најчесто некое решение или совети.

  • Urgent (Итен)

Наслов кој што “брзо” ќе одговори на барањата на читателот.

  • Unique (Уникатен)

Луѓето секогаш сакаат да прочитаат нешто ново. Кога ќе изгуглаат одредена тема, излегуваат постови кои што најчесто се слични еден со друг.  Затоа твојот твојот наслов треба да биде различен, уникатен и да содржи интересни и впечатливи зборчиња што ќе ги натера корисниците да кликнат.

извор: http://www.melanieduncan.com/the-easy-4-u-formula-that-will-compel-readers-to-click-every-time/
  • Ultra-Specific (Ултра-специфичен)

Еден  од начините да го направиш твојот наслов да биде ултра-специфичен е да вметнеш бројки. Пример – 10 начини како да го зголемиш сообраќајот на твојот веб сајт. Овој тип на наслов е популарен и перформира доста добро затоа што читателите знаат точно што добиваат.

2.Квалитетна содржина

Откако насловот ќе ги привлече читателите да го отворат твојот сајт, содржината е следното на кое што треба да обрнеш внимание со цел да ги  задржиш и да сакаат понатаму да доаѓаат на твојата страна. Многу е важно содржината да се планира како и темите што ќе ги обработуваш.

Доколку немаш идеја (не се секирај, им се случува и на најуспешните блогери/ки), најчесто инспирацијата ја бараат по форуми каде што стапуваат во интеракција со други блогери и читатели. Сепак на крај за која тема и да се одлучиш, треба да соодветствува со другите содржини на твојот блог.

Страни од каде што  можеш да се инспирираш за твојата следна содржина:

  • Quora – место каде што може од прашање да дојдеш до следна твоја идеја

  • Ubersuggest  – е алатка со која што преку уникатен клучен збор ќе ти помогне да пронајдеш интересна содржина

  • Answer The Public  – е автоматизирана алатка која ќе ти даде резултати од клучен збор и теми поврзани со она што е пребарано.

 

Постојат различни типови на содржини но според неколку истражувања, оние блогови кои што вклучуваат инфографик, се најсподелувани и најчитани, дури и за 33%. Aко сакаш твојот пост да биде популарен, вметни интересен инфографик каде што статистичките податоци може да ги претставиш на визуелен начин.

За идеи може да ги погледнеш следните страни:

3.  Стара содржина

Од време на време е добро да ги обновиш твоите постари постови. Ако не си сигурен/а кои постари содржини да ги обновиш и дополниш, најдобро ќе видиш од резултатите од google analytics (или од некоја друга алатка ако користиш).

Оние содржини кои претходно биле повеќе читани но поради застареноста на информациите нивната читаност се намалила, освежи ги и објави ги повторно. 

Корисни алатки, покрај Google Analytics,  со кои што можеш да ги анализираш твоите постови:

  • Momently  – бесплатен WordPress plugin кој што за неколку минути можеш да го инсталираш и да ги следиш резултатите.

  • Matomo – аналитички софтвер кој што може да го превземеш и да го инсталираш на твојот сервер.

  • Clicky – уште еден програм кој што е user friendly и лесно се управува.

4. Визуелност на блогот

Изгледот на блогот исто така игра важна улога во зголемување на посетеноста на твојата страна.  Добро средена визуелна содржина го прави блогот полесен и поинтересен за читање.

Според анализата на Canva, постови кои што содржат слики се за 94% попрегледани во однос на оние постови што немаат.

Алатки со кои што ќе можеш да го направиш твојот блог да изгледа визуелно подобро:

  • Canva – бесплатна алатка со која што може да уредуваш и креираш слики за социјални медиуми но и многу повеќе.
  • Snappa  – уште една бесплатна веб апликација која што функционира по метод drag and drop и е лесна за употреба. Дизајните што ги креираш можеш да си ги зачуваш во папка.

  • Animaker – со оваа алатка ќе можеш лесно да креираш и споделуваш видеа.

5. Брзина на сајтот

Времето кое што е потребно за да се отвори твојот веб сајт може да влијае на рангирањето на Google.

Според Google, брзината на отворањето на сајтот е еден од факторите кој влијае на која позиција ќе се најде твојот блог при пребарувања и затоа е важно страната да се отвори најбрзо што може.

Дури 53% од посетите кои што доаѓаат од мобилен телефон ја напуштаат страната доколку  не се отвори за 3 секунди.
Поголема половина од посетителите на блогот очекуваат дека истиот ќе се отвори за 2 секунди.

75% од корисниците брзината ја рангираат како најважна од погледот на UX (user experience).

Алатки со кои може да ја провериш брзината на твојот сајт:

6. Споделување на содржината на социјални медиуми

Последно но не и најмалку важно е споделувањето на содржината на социјалните медиуми.
Денеска социјалните медиуми како Instagram, Facebook или Twitter имаат милиони корисници кои што може да го видат твојот блог доколку користиш правилни алатки и стратегија. Се додека е таргетирана вистинската публика и содржината е релевантна за нив, за кратко време ќе добиеш позитивни резултати.

Секогаш е добро, одвреме на време повторно да ги споделиш твоите постари постови на социјалните мрежи. Така ќе го добијат вистинското внимание и сообраќајот на твојот веб сајт значително ќе се зголеми.

Kако до твојот прв блог во 2019

Блогот за кратко време стана еден од најпопуларните алатки за ширење  на новости и информации.

Блог може да биде твое место каде што ќе ги искажеш твоите мисли и да ја споделиш твојата порака со другите.

Еве неколку чекори како можеш да го направиш тоа:

  1. Треба да одбереш платформа каде што ќе го поставиш твојот блог. Најкористена, со дури 82 милиони активни корисници и најлесна платформа за употреба е WordPress. Кои предности ги има WordPress и како може да го инсталираш со еден клик, прочитај тука.
  2.  Откако ќе го направиш твојот сајт со WordPress (или друга платформа по твој избор), следно што треба да направиш е да одбереш свој домен и хост.
  • Домен – тоа е всушност URL-то од твојот сајт. Пример, домен на МКхост е mkhost.com.mk.Доколку веќе имаш идеја за свој домен, кликни да провериш дали истиот е слободен 👉  домени.
  • Хостинг – за твојот сајт да биде прикачен на интернет и за да може сите да го видат, треба да одбереш соодветен хостинг пакет. Сите содржини кои што понатаму ќе ги објавуваш, со помош на хостингот кој што работи како еден вид hard drive, ќе ти бидат зачувани.

Откако твојот блог е подготвен да оди онлајн, можеш да започнеш со пишување на твојата приказна.

Со повеќе од 4 милиони блог постови дневно, треба да направиш твојот блог да се разликува од другите и да биде уникатен со цел да привлече повеќе читатели.

Најчесто првите објави на блогерите се постови во кои:

  • се претставуваат себеси
  • објаснуваат зошто почнале со пишување
  • за кои читатели ќе бидат наменети текстовите
  • за кои теми ќе пишуваат

На почетокот, кога сѐ уште си нов на оваа поле, ќе треба да посветиш доста време истражувајќи за содржината што сакаш да ја споделиш за да бидеш сигурен дека е квалитетна и дека читателите ќе ја отворат и прочитаат.

Истовремено пробај и да не се оптоваруваш толку. Ќе имаш многу можности во месеците кои што следат, откако ќе го објавиш твојот прв пост, постепено да ги запознаваш  читателите со твоите идеи.

Како и со многу други работи, со тек на времето ќе бидеш се поуспешен и поуспешен. Колку повеќе пишуваш, толку повеќе ќе се усовршуваш.

Ништо не е невозможно. Сè што е потребно е напорна работа и многу трпение и твоите читатели ќе ја препознаат твојата искрености и отвореност за пишување.

Земи длабоко воздух и започни со твојата авантура!

Дигиталниот свет во 2018-та низ бројки [ИНФОГРАФИК]

Без разлика дали си само интернет корисник, дали имаш онлајн бизнис или пак само веб сајт, важно е да знаеш што се случува во дигиталниот свет и кои се моменталните трендови. Бројот на интернет корисници секоја година се зголемува и расте за 7% на годишно ниво. Моментално, половина од светската популација е онлајн.

Погледни ги следните факти што ги издвоивме за изминатата 2018-та.

 

МКхост – oд микро бизнис до познат македонски бренд

Си поразговаравме со нашиот founder Иван за почетоците на МКхост и кои се неговите предвидувања за 2019-та.

За некој што основал фирма доста млад, дали мислиш дека луѓето се раѓаат како претприемачи или е нешто што се учи со време?

– Дефинитивно луѓето не се раѓаат како претприемачи. Според мене секој кој има јака желба, сака да вложи труд и време може да биде претприемач. Патот не е лесен, но е доста возбудлив и полн со изненадувања (и позитивни и негативни). Јаката желба за успех, посветеноста и сакањето на она што се работи, според мене се клучните три фактори кој еден успешен претприемач треба да ги има.

Како дојде до идејата за МКхост?

– Идејата дојде многу природно за мене. Живеев во Куманово, кога многу од домовите добија ADSL постојана интернет линија и многу ретки беа веб порталите, особено за нашиот град. Мојата идеја беше да направам веб страница каде што младите ќе може да се инфомираат за новостите во градот.

Веб сајтот го направив и наидов на предизвик – немав добар избор за каде да го хостирам и како да изберам .mk домен за истиот. Постоеја само големите телеком провајдери кои нудеа енормно високи цени за хостирање на веб страни, а процесот за регистрација на .mk домени беше рачен и не можеше да се нарача онлајн (се носеа хартиени документи лично во Македонската Академска Истражувачка Мрежа (Марнет), која беше под управата на УКИМ.

Сите овие рачни, спори и скапи процеси ме натераа да размислам за отварање на хостинг компанија и помагање на луѓето во лесно и брзо регистрирање на .mk домени се со цел да ги постават нивни идеи онлајн. Со МКхост се разби монополот на хостинг бизнисот во Македонија, се добија многу посоодветни цени и пакети за корисниците. МКхост беше клучен во “борбата” за дигитализација и автоматизација на процесот за регистрација на .mk домените.

 Дали твојот бизнис го започна сам?

– Да, идејата ја добив од потребата за хостирање на сопствен веб сајт. Почнав сам, го хостирав првин мојот веб сајт, потоа го направив веб сајтот за МКхост и го раширив зборот низ пријатели, колеги и познаници. Потоа почнав да добивам повици и дознав дека многу како мене го имале истиот проблем и немале соодветен хостинг провајдер.

Долго време работев сам, се додека не дојде моментот кога не можев да постигнам, а и кога сакав МКхост да прерасне во национален бренд, кој што ќе нуди професионални услуги за корисниците. Првите години МКхост беше микро бизнис, но потоа со помош на вработените и тимовите МКхост стана познат македонски бренд.

Кои беа најтешките фази што ги помина на почетокот при основањето на компанијата?

– Морам да признам поддршката и достапноста за клиентите беше голем предизвик. Првите години се уште бев студент и имав моменти кога бев на предавања и ме бараа на телефон за итна техничка поддршка. Сепак, секогаш ги ставам клиентите на прво место и сметам дека брза, професионална и искрена поддршка е клуч за долгорочни клиенти.

Останати тешки фази (но полесни од нудење поддршка за клиентите :)) беа учење на правни и економски работи кои беа поврзани со управувањето на фирмата како и ширењето во однос на вработени, креирањето на тимови и процеси во компанијата. Целата координација и грижа не само кон клиентите туку и вработените беше убав предизвик за мене.

Кој е најголемиот успех што МКхост го постигнал?

– Помагањето на илјадниците корисници да ја реализираат својата идеја онлајн. Ова е голем успех за МКхост, секој наш член од тимот ова секојдневно го работи со љубов и посветеност. МКхост е горд на секоја македонска веб страна и на секој регистриран .mk домен.

Сметаме дека технологијата и Интернетот се иднината и дека се повеќе и повеќе веб страници ќе се отвораат затоа што Интернетот е глобален и нуди големи можности за сите. “Борбата” за автоматизирање на процесот за регистрација и управување со .mk домените е исто успех на кој МКхост е горд.

Кои се твоите видувања за 2019 во поглед на технологијата?

– Јас сум голем евангелиста на Cloud услугите. Верувам дека многу бизниси ќе мигрираат од локално хостирање во нивните канцеларии на хостинг и Cloud провајдерите. Децентрализацијата и blockchain е исто тренд кој допрва ќе се развива и многу сервиси ќе бидат базирани на оваа технологија.

Кои се целите на МКхост за во иднина?

– МКхост во моментот работи на повеќе проекти. Не би сакал сите да ги откријам но ќе кажам дека се подготвува нов веб сајт како и нов систем за корисници каде што многу лесно, брзо и едноставно ќе се управува со услугите кои МКхост ги нуди. Сакаме корисничкото задоволство да го зголемиме, па така МКхост ќе нуди подостапни услуги со новиот систем за корисници.

Покрај тоа, МКхост се обидува да биде се подостапен за корисниците на кои им треба и помош при изработка и одржување на веб страниците, па така, нашата цел за иднина е да станеме провајдер кој што ќе ви помогне во целосна реализација на вашиот иден веб проект.

Што би ги советувал младите претприемачи што сега започнуваат свој бизнис?

– Младите претприемачи треба да бидат трпеливи, да знаат дека вложениот труд се враќа покасно и секогаш да размислуваат долгорочно, да бидат искрени и да го сакаат тоа што го работат, само така ќе имаат голем успех. Користење на Интернетот и Cloud технологиите ќе им помогнат во огромно проширување и раст на својот бизнис.

Пратењето на трендовите и постојаното лично и професионално усовршување е круцијална состојка за успешен бизнис. Тие треба да бидат истрајни и да го слушаат внатрешното јас, секоја идеја може да се претвори во реалност!

5 причини зошто е важно твојот бизнис да има веб сајт [ИНФОГРАФИК]

 

Во просек луѓето поминуваат 5,9 часа онлајн дневно, што е за два пати подолго во споредба со претходните години. Денес потрошувачите пред да се решат да купат некаков производ или услуга, истите ги пребаруваат онлајн со цел да соберат повеќе информации и да бидат сигурни во својот избор.

Според последните статистики, ние издвоивме 5 причини поради кои сметаме дека секој бизнис треба да има веб сајт.