6 причини зошто мора да имаш SSL сертификат на својот веб сајт

Безбедноста на податоците на интернет стана голема тема која иницираше многу дискусии во последниве неколку месеци. Во наредниот период, ова прашање ќе поттикнува сè поголема свесност помеѓу интернет корисниците.

Како SSL сертификатите помагаат во сигурноста и доверливоста кога посетителите пребаруваат на твојот сајт?

Подобрување на приказот на веб сајтот

Од јули 2018-та, најголемиот светски интернет прелистувач Google Chrome автоматски ќе ги маркира сите веб сајтови со http протокол како ‘not secure’ веднаш до URL-то. Според податоците со кои располага тимот на Chrome, 81 од 100 сајтови имаат SSL сертификат, а оттука и https протокол, што е одличен тренд.

Откако Google со години се убедуваше да ја промени свеста на сопствениците на веб сајтови, ова е најголемото предупредување до сега кое треба да го забрза процесот на помасовно воведување на SSL сертификати.

Подобрување на Google ранкинг

Иако долго време се мислеше дека https не прави многу разлика при оптимизација на пребарувачите (SEO), сепак аналитичарите покажале дека во просек сајтовите со https најчесто се рангирани над оние со http.

Google неодамна најави дека токму овој протокол во наредниот период ќе им овозможи поголема предност на сајтовите, во однос на оние кои немаат SSL сертификат и кои поседуваат само http.

Енкриптирани сензитивни информации

Било која информација што е споделена на веб сајт е целосно јавна и транспарентна, доколку не постои инсталиран SSL на веб сајтот. Во таа категорија спаѓаат – податоци за најава, лозинки, кредитни картички, како и останати податоци кои се споделуваат.

Енкриптирани податоци се сметаат за неопходност во денешниот интернет свет, а SSL сертификатите го нудат токму тоа.

Автентикација

Заедно со потребната енкрипција, за целосна сигурност потребна е и автентикација. Споделената информација „патува“ по различни уреди се додека не пристигне до дестинацискиот сервер.

За да се спречи „крадење“ на информациите и пристигнување до сензитивни информации на погрешно место, се користи токму SSL. За време на инсталацијата се поминува низ повеќе чекори, вклучувајќи клучеви, валидации и слично, преку која се осигурува ваквиот тип на автентикација, како и пристигнување на податоците на вистинското место.

Доверливост

Доверливост и сигурност се едни од клучните фактори за успешен и стабилен бизнис. Токму со поставувањето на SSL сертификат се постигнува бараната безбедност, а клиентот има гаранција дека е на сигурно место.

На тој начин, познатиот зелен катанец, како и https екстензијата се доказ дека на сајтот е инсталиран SSL сертификат и дека клиентот е на сигурно место, со што би се спречиле дури и т.н. psyshing или man-in-the-middle attacks.

Интернет плаќање

Инсталација на SSL сертификат со дедицирана IP адреса е задолжителна доколку сакаш твојот веб сајт да претставува онлајн продавница, преку која ќе може да се купува со помош на картички.

На тој начин безбедноста на внесените информации од картичката е на далеку повисоко ниво, што е потврдено и од самите банкарски институции.

 

Поседувањето на SSL сертификат наместо само тренд, веќе станува реална потреба која во иднина ќе претставува еден од клучните елементи при градење на долготрајна доверба со корисниците.

МКхост нуди повеќе видови на SSL сертификати кои одговараат на најразлични потреби за онлајн заштита. За нивните карактеристики и бенефити, повеќе може да се прочита на следниот линк.

Како изгледа еден работен ден во тимот на МКхост?

Како изгледа работен ден во една хостинг компанија веројатно претставува мистерија како за нејзините клиенти, така и за пошироката јавност. Еден поглед во нашите простории е доволен да се види кохезивната и синхронизирана атмосфера во работењето на тимот на МКхост.

Поминавме време заедно со нашите систем администраторки, девојките кои се грижат сајтовите на нашите корисници постојано да бидат достапни онлајн. Да ги запознаеме Александра Чинговска и Катерина Трајковска, кои повеќе од една година се дел од нашиот тим. Како тие го поминуваат својот работен ден?

Предизвик е да се помага на корисниците

„Денот започнува со расонување, а за тоа тука се кафето и чајот“ вели Александра.

„Потоа продолжуваме со преглед на тикети, проверка на серверските статистики, а понатаму се насочуваме кон решавање на тековните проблеми, како и работа на проекти предвидени за тој ден“.

Катерина додава дека е предизвик и задоволство да се излегува во пресрет на сите потреби на корисниците:

„Најчесто барањата се поврзани со нивните маилови или серверски потреби на сајтовите. Остатокот од денот сме посветени на конфигурација на серверите, како и нивно постојано одржување, со цел да обезбедиме непречено работење на сите клиенти хостирани кај нас“.

Што кога ќе се случи посериозен проблем?

Секако, работење со обемен број на корисници, подразбира дека повремено може да се јават и некои посериозни предизвици и проблеми.

„Кога и да излезе нешто посериозно, гледаме брзо да се координираме и да ги поделиме обврските, со цел лесно лоцирање на проблемот, како и негово брзо надминување“, споделува Катерина, додавајќи дека проблемите до сега лесно се надминувале со добра организација.

Александра дополнува дека помошта од останатите тимови е секогаш добредојдена.

„Целиме кон наоѓање решение во заемна комуникација и во координација со другите тимови, додека истовремено ги опслужуваме клиентите кои се афектирани од проблемот“.

Другата страна на работата

Меѓутоа, 8-те часа во еден работен ден во МКхост не се фокусирани само на „седење пред компјутер“.  Сите тимови постојано се дружат и комуницираат помеѓу себе.

„Имаме пријателска и комуникативна атмосфера и опуштен амбиент. Секогаш се добредојдени идеи за тоа што да слушаме денес во канцеларија и што да јадеме“, се смее Александра.

Катерина се согласува со Александра, и додава дека ја сака опуштената атмосфера која владее во тимот.

Самата локација на компанијата во трговскиот центар Капитол мол во Аеродром овозможува достапност до голем избор на кафулиња и ресторани во кои се собира тимот за време на паузите, како и после работното време. Тука освен неформални разговори, секогаш се иницираат и нови и креативни идеи за развојот на МКхост.

МКхост е во потрага по зголемување на тимот 

Се поголемиот број на корисници кои се приклучуваат на најголемото хостинг семејство во Македонија, подразбира дека и во самата компанија се отвораат можности за зголемување на својот тим.

Во моментов, МКхост е во потрага по нов систем администратор. Дали мислиш дека ти си токму тој кој е идеален за да се приклучи на ова друштво, и да ги покаже своите знаења и вештини? Аплицирај веднаш!

Освен систем администратор, во овој момент се отворени и неколку други огласи, кои може постојано да се следат на нашата страница за Кариера.

МКхост доби сертификат „Коректна Фирма“

Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени доби уште една потврда за својата репутација помеѓу корисниците.

Во текот на месец ноември 2017-та, МКхост се здоби со сертификатот „Коректна Фирма“, кој се доделува на компаниите со одлична етаблираност во бизнисот и репутација кон клиентите и партнерите, како и со позитивни мислења на публиката за брендот во интернет просторот.

Овој сертификат постои на европскиот пазар од 2012-та година, и претставува реакција на брзото адаптирање на брендовите на новите технологии и експанзијата на интернетот. Во денешно време, секоја компанија треба да има беспрекорна услуга и комуникација со клиентите онлајн, а истото тоа се одразува и на репутацијата на брендот кој се гради.

 

Направи сам сопствен веб сајт за само неколку минути!

 

Колку често си посакувал да направиш сопствен бизнис, или пак да го презентираш она што најдобро го знаеш пред пошироката публика? Правењето на сопствен веб сајт никогаш не било побрзо и поедноставно од денес!

Онлајн присуството во модерното време е неизбежно за сите кои сакаат да бидат забележани од поголем број на луѓе, и истовремено да допрат до наспецифичните таргет групи.

Новата услуга на МКхост, пакетот MKhost Premium е одлична шанса да изградиш целосен веб сајт во само 3 едноставни чекори. Овој пакет обединува 3 основни функции кои се потребни целосно да функционира еден професионален веб сајт, за една единствена цена:

1. База на 10+ веб дизајн темплејти кои одговараат на најразлични бизнис потреби
2. Веб хостинг
3. Бесплатен домен

Пронајди ја твојата идеална форма и избери кој од трите пакети Star, Triangle или Diamond би одговарал најмногу на твоите специфични потреби.

Покрај трите основни функции, MKhost Premium пакетот во својата цена вклучува и дополнителни поволности, како што се SSL сертификат, неограничен број на емаил адреси, постојана корисничка и техничка поддршка, и многу други.

Започни уште сега и направи го твојот сопствен веб сајт во само 3 едноставни чекори. Нарачај веднаш на следниот линк!

 

Ова е најдобрата одлука која можеш да ја донесеш во наредните 24 часа!

Дали во рок од само еден ден можеш да донесеш правилна одлука?

Денес е вистинското време да започнеш со сопствен онлајн бизнис и да го креираш својот онлајн простор. Интернет сферата расте како никогаш досега, а проценките се дека со забрзан интензитет ќе продолжи да се развива и во иднина.

МКхост денес нуди специјална промоција која важи само во наредните 24 часа, од вторник 30-ти мај 10:00, до среда 31-ви мај 10:00.

Нарачај веб хостинг од МКхост денес и заштеди цели 50%! Приклучи се на #1 хостинг провајдерот и #1 регистрар на домени во Македонија и добиј веб хостинг со 5 GB хостинг простор и најдобра техничка поддршка 24/7, по единствена цена од 2000 денари годишно.

Стартувај го својот веб сајт денес и искористи ја оваа понуда која не смее да се пропушти! Нарачај веднаш на следниот линк!

 

 

ВИДЕО СЕРИЈАЛ: Направи сам сопствен веб сајт преку WordPress

МКхост објавува бесплатен видео серијал на македонски јазик од едукативен карактер, преку кои чекор по чекор се учи за основите на WordPress и правењето на веб сајт преку оваа платформа. Со овие видеа ќе научиш сам како да ја започнеш својата онлајн приказна, или да го развиеш твојот бизнис во Интернет просторот. Туторијалите се презентирани од страна на Марио Давчевски.

Во првото видео од овој серијал на туторијали ќе се запознаеш подетално со основите и историјатот на WordPress. Зошто WordPress е најкористена платформа за изработка на веб сајтови? Како можеш да направиш сајт со помош на WordPress?

 

Овој серијал е составен од вкупно 8 видеа, а во истите се обработува следната содржина:

Видео 2: Инсталација и работна површина
Видео 3: Како се пишуваат постови?

Видео 4: Креирање на насловна страна
Видео 5: WordPress плагини
Видео 6: WordPress теми
Видео 7: Навигација во WordPress
Видео 8: WordPress апдејти

 

 

 

За да ги добиеш останатите видеа, пријави се БЕСПЛАТНО во формата подолу.

Можности за кариера постојат и од Македонија

CareerLaunch успешно го одржа своето второ издание. Овојпат на поголем простор, во Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со поголем број на учесници (над 20 компании), презентации и работилници, како и над 1000 посетители кои циркулираа во текот на дводневниот собир.

Настанот беше отворен од страна на американскиот амбасадор Џес Бејли, како и претставникот на УНДП за Македонија, Луиза Винтон. Амбасадорот Бејли порача дека ваквите настани потврдуваат дека можности за кариера постојат и во нашата земја, и дека е одлично што постојат луѓе кои преземаат ризици.

Според организаторите Summer Work and Travel Alumni Macedonia и Младински Инфо Клуб Скопје, CareerLaunch продолжува да биде приказна преку која се поттикнува локалната tech и стартап култура.

Многумина од младите генерации се обидуваа да го разјаснат прашањето „Што сакаше да станеш кога ќе пораснеш“ и се информираа за своите работни можности.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на CareerLaunch 2.0 преку фотографии, преземени од официјалните Фејсбук страници на CareerLaunch и МКхост.

 

7

 

Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

По успешното деби во октомври лани, на ред е да се одржи и второто издание на CareerLaunch, саемот за кариера кој на едно место ги поврзува компаниите со младите во Република Македонија.

Овојпат, организаторите порачуваат – ова ќе биде местото кадешто ќе се најде одговорот на прашањето – „Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш“

Организиран од Summer Work and Travel Alumni Macedonia и Младински Инфо Клуб Скопје, CareerLaunch 2.0 ќе се одвива на 5-ти и 6-ти мај со почеток од 14 часот во Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

72 работни позиции, 23 компании учеснички и 7 работилници ќе бидат достапни за посетителите, што претставува широк спектар на понуда која треба да ги заинтересира студентите, фриленсерите како и работната сила во нашата земја. МКхост е помеѓу компаниите кои по втор пат ќе бидат дел од овој настан.

Целта на овој саем е озозможување на индивидуалците да ја пронајдат својата идеална работа и професија, а од другата страна, пак, компаниите да го унапредат својот тим со квалитетен кадар.

Настанот е бесплатен за сите заинтересирани посетители, а може да се регистрирате на следниот линк. За повеќе информации околу CareerLaunch 2.0 и целосната програма на саемот, повеќе тука.

Колку младите во Македонија се креативни при изработка на веб сајтови?

Изминатата недела, од 28-ми ноември до 2-ри декември, во просториите на HUB Skopje и под организација на Студентскиот парламент на ФИНКИ, се одржа новото издание на DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT).

digit4

Темата на овогодинешното издание беше изработка на интерактивни веб сајтови од општествено корисна природа, т.е. community websites (веб сајтови за заедницата). Единаесет тимови ги презентираа своите идеи и замисли околу тоа како истите би требало да изгледаат.

Генералниот заклучок од презентациите беше дека, освен што младите во Македонија треба да продолжат со свое усовршување во полето на web development за секогаш да бидат во чекор со трендовите и новостите, исто така ја покажаа својата креативност на висока ниво.

Победник за годинава беше тимот кој изработи веб сајт за иницијативата #ретвитниоброк. Оваа идеа успеа да ги собере на едно место сите активности кои во моментов се организираат преку социјалната мрежа Twitter, и даде пример како може да се спојат креативноста, интерактивноста и хуманоста.

digit3

МКхост беше дел од поддржувачите на овој настан.

 

*Фотографиите се преземени од официјалниот Facebook профил на DIGIT

Оглас за агент за поддршка и продажба

Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува заинтересираните да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.

Заинтересираните кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

 

Агент за поддршка и продажба

 

-Обука за продажба, директно јавување на корисници, онлајн чет со потенцијални клиенти и техники за продажба на услуги преку интернет.

-Користење на систем за корисничка поддршка, пишување на готови написи за вметнување во база на знаење. Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има барање или некој предизвик/проблем.

 

Избраниот кандидат за праксата добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 1 месец во периодот декември 2016. Работно време од 08:30 – 16:30 (понеделник-петок) во просториите на МКхост (Јане Сандански 71А – Капитол Мол, Аеродром, Скопје).

По завршувањето на праксата има можност за вработување.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и во наслов да го назначат името на позицијата за која се аплицира (Агент за поддршка и продажба) на jobs@mkhost.com.mk.

 

Рокот за аплицирање за праксата трае до четврток, 24.11.2016 година.