Како до сопствен веб сајт за помалку од 100 евра?

Несомнено е дека во денешната дигитална ера онлајн присуството на компаниите е задолжително. Без разлика на големината и фазата во која тие се наоѓаат. Многу од претприемачите и сопствениците на бизниси веб сајтот го сметаат за трошок, иако подоцна сфаќаат дека тоа е инвестиција која повеќекратно ќе им се исплати со текот на времето.

За еден веб сајт да биде функционален и достоинствено да го претставува Вашиот бизнис 24/7 часа во денот, 365 дена во годината не се потребни илјадници евра. Потребна е само мала самоиницијатива и ќе издигнете сајт за помалку од 100 евра. Да. Добро прочитавте. Во продолжение следуваат кратки инструкции како да го направите сами Вашиот прв веб сајт.

1. Изберете домен

Доменот на интернет е она што претставува адресата на Вашата фирма во реалниот свет. Преку доменот луѓето пристапуваат на Вашиот сајт.

Кога го избирате домен името за Вашиот веб сајт, потрудете се да најдете домен кој ќе ги има следните карактеристики:

Краток и лесен за паметење и пишување, при што треба да се избегнуваат бројки како карактери

Треба да го содржи клучниот збор преку кој би ве барале на интернет (пример: Ако вашата фирма е за продажба на мебел тогаш потенцијалните купувачи најверојатно би пребарувале: Салон за мебел, продажба на мебел и тн… Потрудете се да најдете домен кој би го содржел зборот мебел)

Бидете сигурни дека никој друг претодно не го закупил или заштитил тој домен. Ако веќе имате некоја идеја за домен веднаш проверете дали е слободен и закупете го пред некој друг да го направи тоа.

Изберете соодветна наставка ( .com; .com.mk; .org; .net; .biz и тн.). Наставките имаат свое значење. Пред да ја изберете информирајте се која најдобро соодвествува за Вашиот тип на сајт. На пример .org е за непрофитни организации; .me за блогови и лични сајтови; .info за информативни сајтови и тн.-

Заштитете го доменот. Многу често се случува конкурентите да закупат варијации на Вашиот домен и да ви ги крадат купувачите. Затоа најдобро е да ги закупите сите варијации за кои што сметате дека е веројатно да ги користат Вашите купувачи. На пример ако Вашиот домен е detskipostelnini.com.mk закупете и deckipostelnini.com.mk. Во најдобар случај направете го тоа за .com и .mk наставките. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на Вашиот бренд.

2. Изберете соодветен хостинг пакет

Хостингот е простор на интернет каде што стои Вашиот сајт. Пред да се одлучите колкав простор Ви е потребен, добро размислете од каде ќе купите хостинг. За да си ја олесните работата во иднина, откако ќе го подигнете сајтот, изберете хостинг кој е стабилен и компанија која нуди постојана техничка поддршка.

Откако сте одлучни за хостинг снабдувачот време е да изберете хостинг пакет. Од големината на хостинг пакетот ќе зависи и цената. Совет околу кој хостинг пакет да го купите можат да ви дадат луѓето од хостинг снабдувачот. МКхост нуди пакети кои задоволуваат најразлични бизнис потреби. Цените се движат од 240 мкд/мес до 590 мкд/мес зависно од големината на сајтот кој сакате да го хостирате.

3. Веб дизајн

WordPress е платформата на која се прават најголем број на сајтови, од едноставни, па до најсофицстицирани интернет продавници. Едноставна е за користење и со малку креативност може да направите одичен сајт. Инсталацијата на WordPress е бесплатна и може да најдете безброј туторијали и инструкции како тоа се прави. Тука можете да погледнете како тоа се прави брзо и едноставно.

WordPress темата е во суштина најголемиот финансиски издаток кој се прави при креирање на сајт. Нивната цена варира од неколку десетици до стотици евра. Сепак, многу извори нудат и бесплатни теми за WordPress.

Постојат и други опции и платформи со кои може да се изгради целосен веб сајт. Со новата понуда на МКхост, Вие можете да добиете база од повеќе од 10 теми за веб дизајн вклучени во пакет заедно со веб хостинг и домен. Со тоа ќе имате комплетно решение за Вашиот нов веб сајт. Истиот ќе биде со одличен модерен дизајн, респонсивен за сите уреди и лесен на користење.

Со ова, Вие добивате целосен веб сајт кој ќе биде подготвен за работа за неколку минути, за помалку од 100 евра.

 

 

Како до подобар веб сајт во новата година?

Секое доаѓање на нова календарска година носи нови предизвици, цели и стратегии. Сега е вистинско време да направите определени промени за вашиот веб сајт со кои ќе го подобрите вашето учество на пазарот.

Зошто токму сега?

Иако секој ден е идеален за да се „сврти нов лист“, колку и да звучи генерички, доаѓањето на новата година е одлична можност вистински да го направите тоа.

Едноставно, календарското мерење на вашите перформанси (од 1-ви јануари до 31-ви декември) е полесно за да ја следите вашата успешност, и истата да ја споредувате со минатиот соодветен период.

 

Следете ги сите трендови кои претстојат

Следењето на маркетинг трендовите ќе направи секогаш да бидете во чекор пред другите и да стекнете конкурентска предност. Треба постојано да бидете во тек со новите иновации и технологии, за први да ги имплементирате на пазарот.

Помеѓу трендовите кои ќе доминираат во 2017-та, се наоѓаат и виртуелната реалност, лајв стриминзите, визуелизацијата на податоци, како и ниш стратегиите.

 

Промени во дизајнот на веб сајтот

Веб дизајнот постојано еволуира со новите технологии. Истиот треба да биде постојано освежуван за да биде во тек со очекувањата на вашите читатели/клиенти и да ги пресретне нивните психолошки карактеристики.

Треба да се биде внимателен од аспекти на различни демографски групи кои го посетуваат вашиот сајт, да се посвети повеќе време во правење на скелетен, односно прогресивен дизајн.

Исто така, време е да се имплементираат новите трендови кога станува збор за shopping cart-от на вашиот веб сајт, a landing page да ви биде #1 лансирачка платформа за продажба, наместо досегашниот home page.

Со вакви промени, низ веќе применети примери, статички е измерен пораст во продажбата.

 

Подобрување на квалитетот на посети

Чистата бројка на посети е сè помалку релевантен показател за успешноста на вашиот веб сајт. Тие посети треба да се претворат во т.н. квалитетни посети, односно ваши потенцијални потрошувачи кои би можело да направат конверзија/нарачка.

За таа цел, треба да направите добра анализа околу вашата целна публика и како да истата да ја претворите во потенцијален квалификуван купувач.

Тука доаѓа моментот кадешто е значајно календарското следење на перформансите. Промената на квалитетот на посети е добро да се следи од повеќе аспекти – месец спрема месец (јануари 2016 спрема јануари 2017), година спрема година и слично.

 

Сигурност на вашиот веб сајт

Сопствениците на веб сајтови сè повеќе време поминуваат во подобрување на сигурноста. Одржувањето на софтверот, постојан back up на податоците, како и користење на безбедни лозинки се „must have“ за вашите корисници да бидат сигурни дека доаѓаат на безбедно место.

SSL сертификатите се исто меѓу најважните за поседување од безбедносен аспект. Истите даваат сигурност за корисниците дека е безбедно да купуваат и да ги споделуваат нивните информации токму на вашето место.

 

Зајакнете ја бренд вредноста

Веб сајтот е продукт кој се пласира пред јавноста, истиот за да биде успешен, треба да добие определена бренд вредност. Истата се стекнува по однос на неколку параметри.

Доколку вашиот веб сајт биде препознатлив како бренд, освен зголемување на продажбата, ќе добиете и поголемо општествено влијание и долгорочно значење во јавноста.

 

Секој трет домен во Македонија е регистриран преку МКхост

Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет објави статистики за состојбата на македонскиот пазар на домени. Вкупниот број на активни домени во моментов е 25.479.

Помеѓу 19 регистрари во Република Македонија кои вршат регистрација на домени, МКхост е #1 избор на оние коишто го започнуваат својот онлајн бизнис. Со околу 30% пазарен удел, речиси секој трет регистриран домен во нашата држава е преку МКхост.

marnet1

Најчест избор помеѓу домен наставките кои се регистрираат е токму најкратката и најрепрезентативната за Република Македонија – .mk. Како втора најрегистрирана, веднаш зад неа се најде и .com.mk.

marnet2

Ви благодариме на довербата која ни ја укажувавте во овие 10 години постоење на МКхост. Продолжуваме и понатаму да постоиме за вашите онлајн решенија и потреби.

 

Целосната презентација на МАРнет можете да ја погледнете на следниот линк.

Кое е најскапото домен име во историјата?

Честопати сме пишувале за домен имињата и зголемувањето на нивната вредност пропорционално со растот на Интернетот. Имиња кои што се лесни и едноставни за паметење се во сè помал број, па така што оваа ситуација доведува до раст на „трговија“ со домени.

Доменот Lasvegas.com, во 2005-тата година е продаден на Vegas.com, LLC за иницијални 12 милиони долари. Но, освен овие средства, компанијата е потребно да исплаќа месечни суми сè до 2040-тата година. Кога ќе се додадат сите овие суми, до 2040-та, за користењето на овој домен ќе бидат потрошени 90 милиони долари! Секако, волку голем временски период, вклучува и инфлација и намалување на конечната вредност на целосната сума.

Vegas.com, LLC, по 30-ти јуни оваа година (11 години по потпишувањето на договорот) и 132 првични месечни плаќања, има опција да го терминира договорот и да престане со користење на доменот. Моментално, Vegas.com, LLC исплаќа 208.000 долари месечно. По 2040-та, компанијата комплетно ќе го преземе доменот, без никакви обврски.

Во продолжение, погледнете кои се 10-те најскапо продадени домени, според mostexpensivedomain.name.

 

top10

 

Која е идеалната должина на еден домен?

Дали некогаш сте се запрашале колку максимално долг може да биде еден регистриран домен? Ни помалку, ни повеќе – делот пред екстензијата може да содржи точно 63 карактери. Секако, тоа не значи дека кога ќе отворите веб сајт, треба да регистрирате толку долго име.

Со целокупниот развој на социјалните мрежи, агрегаторите и пребарувачите во изминативе години, директните посети можеби делуваат како да се „фрлени“ во втор план, што доведува до прашањето – Зошто би било значајно името на доменот за еден веб сајт да функционира успешно?

Истото прашање може да се постави и за телефонските броеви. Ги памтиме уште поретко, но имаме телефонски именици. Сепак, сигурно е дека имате барем неколку телефонски броеви кои ги памтите поради нивната едноставност, или пак важност за вас.

Затоа и директната посетеност е од големо значење – на сопственикот на веб сајтот дава сигнал дека – или неговите посетители им е доволно лесен да го запамтат и впишат директно, или е премногу важен за истите.

Тогаш, како може да ги „натерате“ посетителите да се приклучат директно на вашиот сајт? Освен совети од повеќе аспекти околу тоа како да го изберете идеалното домен име, многу е важно да се избере и идеалната должина на домен.

 

Целосно име или кратенка?

Иако генералниот впечаток е дека „помалку е подобро“, не мора секогаш да биде точно тоа. Доколку името на вашата компанија / веб сајт, содржи повеќе зборови (на пример Мојата Прва Компанија), постои опција вашиот домен да биде mojataprvakompanija.mk, што навидум делува како голем број на карактери.

Сепак, поврзаноста на зборовите е лесна за паметење и не би требало да претставува компликација при директно внесување на домен името во пребарувачот. Ако сметате дека името на вашата компанија од повеќе зборови е повеќе препознатливо по својата кратенка (МПК наместо Мојата Прва Компанија), опцијата да го регистирате mpk.mk е исто така разумна.

Секако дека подолг збор за домен од типот на asakeskfkasdfkasdsfd.mk не би имало никаква смисла да се употреби за домен.

 

Проблемот со кратките зборови

Уште минатата година на нашиот блог пишувавме за растечкиот проблем со недостаток на кратки зборови и домени. Дури и гигант како Google се соочува со вакви ситуации, во кои креативноста мора да преовладува, за да може да се решат на што поедноставен начин.

.com (или .mk за македонскиот пазар) не мора секогаш да бидат единствено решение за да се успее во онлајн светот. Би можело да се рече дека домен име како abc.xyz многу полесно е за памтење и пишување отколку alphabet.com.

 

Што велат статистиките?

Околу 10% од регистираните .com домени во 2013-та содржело околу 5-6 карактери, објавува американската компанија Verisign. Меѓутоа, едно просечно домен име содржи 2 збора и околу 12-13 карактери.

Исто така, интересно е дека речиси 95% од комбинациите за .com домени од 5 карактери се и денес достапни. Но, со големиот проблем – најголемиот дел од нив би биле навистина тешки за да се запамтат.

Нова услуга од МКхост – Редирекција на .mk домени

МКхост како најголем провајдер за хостинг и домен услуги во Македонија продолжува со своите новости кои го подобруваат искуството на потрошувачите. Најновата услуга која ја овозможивме за нашите клиенти е бесплатна редирекција на домен кон веќе постоечка веб страница или до било која друга веб локација.

До сега истата оваа услуга беше овозможена за клиентите кои се исто така и хостирани во МКхост, а отсега е отворена и за оние кои во МКхост имаат регистрирано само домен.

За повеќе информации како може да ја искористите оваа услуга, статијата Редирекција на .mk домени во нашата База на знаење ќе ви даде детално објаснување во повеќе чекори.

Ако вашиот сајт, освен што е регистриран во МКхост, е исто така и хостиран, повеќе информации за редирекција на домени можете да добиете на статијата Редирекција на даден домен преку cpanel.

 

 

 

 

 

Како функционира доменот?

Денес се чини дека сè е достапно на Интернет – пристапот до најразлични содржини е лесен како никогаш досега, додека распространетоста дозволува да бидеме закачени онлајн од било кое место. А сепак, сè започнува со внесување на домен име.

Сепак, колку што е лесно за нас, толку доменот во позадина претставува еден сложен технолошки процес. Барањето информација која може да се наоѓа било каде е импресивно, но истото не е ништо различно од она што го правиме во секојдневниот живот. Како што за да испратиме физичка порака, или да се сретнеме со нашите пријатели, треба да се повикаме (отидеме) на определена адреса, така и кога нашиот компјутер (client – кој има своја адреса) ќе повика определен друг компјуер (server – кој исто така има своја адреса) доаѓаме до определена информација.

Секој веб-сајт кој функционира преку World Wide Web има специјална адреса, или URL (Uniform Resource Locator). Тој е составен од три елементи: протокол (HTTP – стандардизиран метод за трансфер на податоци преку WWW), име на сајт или домен (на пример mkhost.com.mk), како и назнака за вид на документ (.html, .php, итн).

Интересно е дека, иако во минатото сите веб-сајтови беа промовирани со www како нивен почеток, реалноста е дека тоа истиот нема ништо поважна улога од sub domain, и не мора воопшто ни да се користи.

Но, познато е дека компјутерите комуницираат со бројки, па истите не ни комуницираат со URL адреси. Секој уред конектиран онлајн има сопствена IP адреса со која комуницира со сите останати уреди. Кога ние внесуваме веб-сајт, како mkhost.com.mk, нашиот компјутер праќа барање до DNS (Domain Name System) кој претставува интермедијар и ја поврзува IP адресата со името на домен. Замислете како би изгледало доколку би требало да памтиме и запишуваме најразлични цифри за да пристапиме до определен веб-сајт, како што тоа во минатото го правевме со телефонските броеви?

Затоа, домен имињата добиваат на сè поголема вредност – едноставните и лесно запамтливи ги има во помал и помал број. Токму поради овој факт многу е важно да се бараат нови и креативни начини за имиња и екстензии.

Растот на not-com домените ќе ја зголеми побарувачката

Во август 2015 пишувавме за „револуционерниот“ потег на Google, кој одлучи својата холдинг компанија Alphabet Inc да ја „донесе“ онлајн како abc.xyz. Причината – ни помалку, ни повеќе, е во недостатокот на атрактивни домен имиња. Цитирано од текстот за Alphabet:

Случајот како на Google/Alphabet истакнува еден многу интересен проблем – колку и Интернетот да се чини неограничен, добрите домен имиња на најголемите наставки стануваат сè повеќе зафатени. Тоа ја отвора потребата од алтернативни решенија.

 

Според неодамнешното истражување на The Journal of Real Estate Finance and Economics, токму фактот дека многу атрактивни и лесни dot-com домени се зафатени, овозможило да дојде до пад на побарувачката за домени на светско ниво кое изнесува околу 25% од вкупниот број регистрирани, односно околу 73 милиони домени останале неоткупени.

Вредноста во сајбер-просторот се цени токму според достапноста и едноставноста, односно ништо поразлично од адресите и градовите во реалниот свет. Затоа генеричните и лесни за памтење дот-ком домени станаа предмет на големи бизнис зделки што доведуваат до нивно исцрпување. Од 2007-ма, побарувачката на домени е во пад, додека во истиот тој период препродажбата на домени пораснала за 63%.

Сепак, „спасот“ е во not-com домените, односно разгледувањето на ICANN кон опциите да се почне со популаризирање на домени од типот на dot-hotel или dot-food… Па дури и dot-xyz, како во примерот на Google. Нивниот раст укажува и на фактот дека сè повеќе се вложува во истите.

Најважниот заклучок е дека, колку и опциите да се прошируваат со сите динамични промени кои се случуваат во Интернет сферата, сепак сетот на препознатливи зборови е ограничен од јазичната перцепција на корисниците кои сурфаат. Затоа, креативноста е потребна повеќе од било кога во оваа сфера.

 

50% намалување на хостинг пакет во МКхост

МКхост Промо

Дали во рок од само еден ден можеш да донесеш правилна и добра одлука? Денес, МКхост лансираше несекојдневна понуда која важи само во текот на претстојните 24 часа! Започнувајќи од понеделник во 10:00, па до вторник во 10:00, Business хостинг пакетот може да се добие за цели 50% помалку од стандардната цена.

Уникатноста на оваа промоција е во тоа што може да ја нарачате само денес, а хостингот и доменот не морате да ги активирате веднаш, односно рокот е до 29.04.2016. Со тоа, не мора токму во овој момент да се одлучите за регистрација на вашиот идеален домен кој ќе го претставува вашиот веб сајт.

Повеќе информации погледнете на следниот линк.

Како да го изберам совршеното домен име за мојот веб сајт?

Името на доменот за еден веб сајт е еден од клучните моменти кои го прават вашиот сајт препознатлив. Ако за да стигнете до некоја потребна локација во реалноста ви е потребно да ја знаете адресата или неговата местоположба во просторот, слично важи и за „онлајн локацијата“ до која треба да се пристапи.

Изборот за домен имињата и нивните екстензии стануваат сè поограничени со развојот на Интернетот. Генеричните имиња се во најголем дел искористени, па останува на вашата креативност да направите што попрепознатлива Интернет адреса на која ќе пристапат вашите потрошувачи.

Еве неколку генерални правила и типови кога станува збор за имињата на домени.

 

Изберете име според клучни зборови

Ако веќе имате бизнис, потребно ви е доменот да го отсликува името на вашиот бренд. Доколку започнувате директно со онлајн бизнис, размислете за клучните зборови што би требало да го опишуваат вашиот веб сајт, бизнис или бренд.

Препознатливо и уникатно

Нешто што ќе ве разликува од конкуренцијата и што ќе им биде на ум на вашите потенцијални читатели или клиенти.

Соодветна екстензија

Ако сакате да функционирате на просторот во нашата држава, тогаш веројатно еден од првите избори ќе ви биде екстензијата .mk. Меѓутоа, ако сакате да се проширите глобално, .com сигурно ќе биде посоодветното решение.

Лесно за пишување

Избегнување на тешки и долги зборови, како и бројки. Пократкото е секогаш подобро.

Внимавајте на авторски права

Не регистирајте домени што повредуваат нечија интелектуална сопственост или заштитен бренд.

Регистирајте што побрзо

Како што рековме, изборот на домен имиња станува сè повеќе ограничено. Морате да реагирате брзо ако сакате да го имате вашето посакувано домен име.

Проверете дали е слободен вашиот посакуван домен!

WWW.