Нова верзија на cPanel – Кои се новостите?

Контролниот панел cPanel ја објави својата 58-ма верзија (v58). Linux-базираната алатка која го олеснува процесот на менаџирање со веб хостинг, а постои на светскиот пазар веќе 20 години, продолжува со надополнувања и подобрувања кои се од голема помош за сопствениците на веб сајтови. Меѓу нив секако и корисниците на МКхост.

Новата верзија на cPanel носи неколку новости од голема корист. Според реакциите на корисниците, AutoSSL, EasyApache 4 и новата опција за addon домени се помеѓу омилените функции.

AutoSSL

По три и пол години планирање, cPanel го лансира AutoSSL, алатка која овозможува автоматска инсталација и обнова на SSL сертификати, кои ги чуваат безбедни чувстителните податоци од серверот. Наскоро очекувајте повеќе податоци за оваа опција и нејзината имплементација за корисниците на МКхост.

EasyApache 4

EasyApache 3 се заменува со EasyApache 4, откако претходната верзија служеше речиси цела деценија на корисниците. Главните проблеми со старата верзија се посочени кон долгото време за додавање PHP или Apache модул, како и проблеми со одржување поради големиот код од кој била составена третата верзија.

Новата верзија има поусовршена и побрза кастомизација, и дозволува користење на повеќе верзии на PHP. Корисниците сепак ќе можат да изберат дали сакаат да ја користат новата, или претходната верзија на EasyApache во cPanel v58.

Addon домени

Ако досега преку контролниот панел, покрај 1 домен, беше овозможено да се направат и повеќе addon домени, cPanel v58 овозможува овие дополнителни домени да се пренесат на нов, засебен хостинг и со тоа исто така да станат носечки домени.

Оваа опција е особено од големо значење ако два профила се поголеми на еден ист контролен панел, едниот може да се префрли засебно. Со тоа корисникот ќе добие поадекватно користење на ресурсите, како и поголема безбедност.

 

 

cPanel не застанува тука. Веќе се работи на v60 верзијата, која помеѓу другото, ќе вклучува и зајакната PHP-FMP поддршка, суб-акаунти во User Manager, како и понатамошно проширување на SSL пазарот.

МКхост продолжува и понатаму да ги иплементира најновите софтверски решенија, со цел задоволување на потребите на корисниците.

Како до сопствен веб сајт преку WordPress брзо и едноставно?

Неколкупати до сега сме пишувале за големината на WordPress како најпопуларен content management system во светот. Од најпосетуваните 1 милион веб сајтови во светот, 26.4% го користеле токму WordPress во април 2016. Препознатлив по големиот избор на теми и плагини, како и со едноставноста на неговиот интерфејс, оваа платформа ја позиционира својата конкурентска предност пред други опции, како што се Drupal и Joomla.

WordPress, Joomla и Drupal се трите најкористени CMS. Иако конкуренти, овие три системи имаат повеќе сличности, отколку разлики, благодарение на стандардизацијата што ја наметнува информациската ера.

Повеќе околу сличностите и разликите на најголемите три open source системи за менаџирање, можете да прочитате во статијата „Која платформа да ја изберам за мојот веб сајт?“.

Веб сајт или блог?

Еден од главните „предрасуди“ околу WordPress е дека претставува платформа која е претежно наменета за изработка на блогови.

Тука се поставува прашањето – што е разликата помеѓу веб сајт и блог?

Веројатно првата дефиниција која би се наметнала за тоа „што е блог“, е дека истиот претставува хронолошко подредување на статии од лична природа и споделување на сопствени размислувања.

Од друга страна, веб сајт претставува сè она што може да се изгради преку HTML/CSS, Javascript или слично. Веб сајт може да постои поради повеќе причини, на пример: корпоративен сајт кој ќе ги отсликува генералните мисија, визија и портфолио на една компанија е-бизнис сајт кој ќе врши продажба преку Интернет, или пак онлајн веб портал за статии и информации од најразличен карактер.

 

WordPress – повеќе од блог платформа

Иако WordPress е поим во сферата на блогерството, не е точно дека оваа платформа е наменета само за блогови. Доколку сакате да отворите блог преку WordPress, тоа можете да го сторите на wordpress.com бесплатно.

Доколку сакате да отворите веб сајт по сите стандарди, тоа исто така може да го сторите со WordPress, кој истовремено е и комплетен open source систем за менаџирање на содржина. Истиот може да подржи веб сајтови од било кој тип, независно дали за обичен портал, е-бизнис, или корпоративно претставување.

Со други зборови, WordPress може целосно да го поддржи вашиот бизнис онлајн.

 

Видео туторијал: Како да направам веб сајт преку WordPress?

Иако до неодамна целокупниот информатички свет, како и правењето на веб сајтови делуваше далечна работа која ја разбираат само определен број на луѓе, денес ситуацијата е комплетно различна.

YouTube1

Со малку обука, дури и оние кои немаат доволно познавање од програмирање и кодирање, може да направат свој веб сајт и да го претстават својот бизнис, хоби, или интереси пред целиот свет.

МКхост направи серијал на македонски јазик со кој преку 8 видеа може да научите како самостојно може да започнете да правите веб сајт.

За да го добиете видео серијалот бесплатно, регистрирајте се ТУКА.

 

Други статии кои може да ве интересираат за WordPress

Избор на бесплатни теми за WordPress

Корисни плагини за WordPress

Нова услуга од МКхост – SpamExperts за намалување на спам емаил пораки

МКхост воведува уште една новина за корисниците – целосно го интегриравме SpamExperts системот за хостинг клиентите кои користат емаил услуги.

Соочувајќи се со еден од најголемите проблеми поврзани со Интернетот и електронската пошта – спамирањето, постојано се прават напори во светски рамки за што подобро справување и решавање на непосакуваните емаил пораки кои можат да доведат до проблеми во секојдневното онлајн функционирање.

SpamExperts е систем кој е интегриран кај најпознатите светски хостинг компании, а отсега како нова бесплатна услуга ја воведува и МКхост токму поради заштита од примање и доставување на spam и malware емаил пораки. Преку SpamExperts се постигнуваат две значајни цели:

-Намалување на spam пораки кои пристигнуваат на емаил адресите
-Ризикот за black listed IP адреси се сведува на минимум

Спам филтер системот е наменет за Ваша заштита и поголема заштита на Вашите емаил адреси, како и појдовни/дојдовни емаил пораки. Користејќи го SpamExperts, ќе ја сведете на минимум „junk“ поштата, а истовремено ќе имате целосна контрола врз системот и да го научите да се прилагоди на Вашите потреби.

Ние направивме детални инструкции за Вас кои можете да ги погледнете во нашата база на знаење и да ги осознаете основните функционалности (преглед на сите пораки, декларирање на спам порака, преглед на сите спам пораки, како и други можности).

IMG_8986

 

SpamExperts е компанија со седиште во Холандија, лансирана во 2005-та година, а моментално нејзините услуги се користат во над 80 земји, со што претставува водечки провајдер кој обезбедува сигурност на емаил комуникација.

Со SpamExperts, продолжуваме професионално и навремено да се грижиме за нашите корисници, како и овозможуваме емаил комуникација на едно ново и побезбедно ниво.

Доколку имате некои прашања околу новата услуга на МКхост, ве очекуваме да нè контактирате.

50% намалување на хостинг пакет во МКхост

МКхост Промо

Дали во рок од само еден ден можеш да донесеш правилна и добра одлука? Денес, МКхост лансираше несекојдневна понуда која важи само во текот на претстојните 24 часа! Започнувајќи од понеделник во 10:00, па до вторник во 10:00, Business хостинг пакетот може да се добие за цели 50% помалку од стандардната цена.

Уникатноста на оваа промоција е во тоа што може да ја нарачате само денес, а хостингот и доменот не морате да ги активирате веднаш, односно рокот е до 29.04.2016. Со тоа, не мора токму во овој момент да се одлучите за регистрација на вашиот идеален домен кој ќе го претставува вашиот веб сајт.

Повеќе информации погледнете на следниот линк.

Како да заработите од сопственост врз веб сајт?

Над 1,1 милијарди веб сајтови се онлајн во овој момент според Internet Live Stats, а нивниот број расте во секоја секунда. Истите служат на над 2,9 милијарди корисници на Интернет низ светот. Овие бројки само ја потврдуваат огромната експанзија на светската мрежа која во 1991-вата броеше само еден веб сајт (оној на CERN), а за само пред 10 години, во 2005-тата да брои нешто повеќе од 60 милиони креатори на онлајн просторот.

Интернетот несомнено еволуираше во овие 20-тина години: од веб-сајтови наменети за размена на информации и составени само од текст, преку споделување мултимедијални содржини и развивање на концептот за корисничко генерирана содржина, па сè до новите предизвици како што е „Интернет на нештата“.

Значење на веб сајтовите

Од идеја до реализација

Денес, да се отвори веб-сајт на Интернет е веројатно една од наједноставните бизнис опции, посебно за млади претприемачи, но истовремено е проследена со голема динамичност, одговорност и неизвесност. Оваа огромна „џунгла“ можеби делува застрашувачки од конкурентски аспект, но она што е најважно за дигиталната ера е концептот на „вмрежување“, воспоставување партнерства и градење на позитивен фидбек, а не класична конкуренција каква што беше присутна во минатото кај класичните физички бизниси.

За сите бизниси, независно дали нудат физички или чисто дигитални продукти, е неизбежно и пресудно онлајн присуството во денешното окружување. Поседувањето на сопствен веб простор не само што ви овозможува промоција и изложување на брендот пред потенцијални нови корисници, туку и нови бизнис модели и можности за генерирање на приходи.

Најважен пристап кога ќе одлучите дека ви е потребен ваков чекор, е да имате јасна слика за идејата, целта на постоење, како и дефинирани мисија и визија. Добро дефиниран концепт за вашето онлајн присуство ги зголемува и шансите за успешност на истото. Охрабрувачки факт е дека сите резултати кои се постигнуваат на Интернет се следат динамично и во реално време, што овозможува голем простор за експериментирање и минимизирање на грешките.

Типови на веб сајтови

Веб сајтовите можат да бидат дизајнирани за најразлични категории на Интернет корисници и потреби. Генералната е поделба е на статички (само креаторот објавува содржина) и интерактивни (се стреми кон кориснички генерирана содржина).

Подетално, гледано од економски аспект, веб-сајтовите може да се поделат на повеќе групи (според книгата Digital Marketing од 2012-та):

Сајтови за е-трговија и трансакции
Овие веб сајтови овозможуваат електронска продажба, независно дали се работи за физички или дигитални продукти. Цел на овие сајтови (и главниот извор на приход) е продажбата на продуктите.

Сервисно ориентирани сајтови за градење на база на потенцијални клиенти (Lead generation)
Информативни сајтови за продукти кои треба да ја поттикнат физичката продажба, а истовремено градат партнерство со потенцијалните клиенти. Примери се сајтовите на автомобилските компании.

Корпоративен сајт
Сајт кој треба да го обележи просторот на определен бизнис онлајн, и покрај тоа што најчесто не се продаваат продуктите онлајн. Корисни се за поттикнување на свесноста за некој бренд.

Портали / Информативни сајтови
Создавачи и генератори на најразлична содржина и информации. Заедно со социјалните мрежи, имаат и најшироки можности околу изворите на приходи.

Социјални мрежи и форуми
Сајтови кај кои содржината е генерирана само од корисниците, во денешно време едни од највлијателните кога станува збор за креирање на јавното мислење.

Причини зошто треба да се поседува веб-сајт

Погоре наведовме зошто е неопходно во денешно време да се биде присутен на светската мрежа. Еве и неколку подетални причини:

Зголемување на продажбата
Онлајн изложувањето на продуктот нуди поголем досег до потенцијалните потрошувачи.

Додавање вредност на продуктот
Давање на потрошувачите екстра бенефиции онлајн.

Доближување до потрошувачите
Можност за интеракција и комуницирање со потрошувачите и добивање фидбек во реално време.

Намалување на трошоци
Онлајн промоцијата и комуникација е со неспоредливо пониска цена во однос на другите медиуми.

Зајакнување на брендот
Нудење на нови можности за продуктот онлајн и позиционирање и зголемување на довербата кај новата генерација.

Ниски бариери за влез
Релативно е полесно за започнување во однос на другите бизниси.

Достапен е 24/7
Физичките бизниси имаат ограничено работно време, но веб сајтот е тука постојано за потрошувачите.

Овозможување глобалност
Речиси половина од светското население користи Интернет, а веб сајтовите, независно од земјата на потекло, се достапни во рамки на целата планета.

Прецизирана таргетираност
Полесно доаѓање до посакуваната публика на потенцијални потрошувачи со помош на разните алатки и можности на Интернетот.

Професионални е-маил адреси
Брендирање на електронската пошта која остава посериозен впечаток пред онлајн публиката.

Извори на приходи

Еден веб сајт има широк спектар на бизнис модели преку кои може да се финансира. Ова се најкористените:

Претплата
За пристап до информациите на сајтот, корисникот е потребно да се претплати на дневно/месечно/годишно ниво.

Плаќање по преглед (Pay per view)
Претплата за еднократен пристап до определен документ на сајтот.

Дисплеј рекламирање / банери 
Најкористен модел за рекламирање кај порталите, огласувачите закупуваат банер за определена месечна цена или за илјадници прикажувања (Cost per mille – CPM).

Рекламирање на принцип цена по клик (Cost per click – CPC)
За разлика од CPM, кај CPC рекламата не се наплаќа според прикажувања, туку според тоа колку пати истата е кликната.

Спонзорство
Огласувач чија дејност е сродна до содржината на веб-сајтот може да го спонзорира за определен период на време.

Филијален маркетинг (Affiliate marketing)
Кај овој модел, еден сајт рекламира продукти на друг бизнис, при што добива процент од продажбата од секој продаден производ кој е кликнат преку тој сајт.

Користење на базата на податоци
Во согласност со потрошувачите, тие може да добиваат разна промотивна електронска пошта.

Онлајн анкети
Истражувањата на Интернет кај инсталираните бази на корисници е исто така еден од популарните онлајн бизнис модели.

Freemium модели
Кога еден продукт е достапен бесплатно онлајн, но се плаќа неговата премиум верзија.

Грешки при изборот на веб хостинг

Поседувањето на сопствен веб простор може да биде огромен генератор на приходи и да развие успешна бизнис приказна. Но, внимавајте. Вистинскиот столб кој овозможува еден веб-сајт да биде успешен е соодветниот избор на веб хостинг. Хостингот е вашиот „приклучок“ кон онлајн светот и секако дека тој треба да биде доволно квалитетен за да ви овозможи беспрекорно функционирање на сите ваши потреби.

Секогаш кога учиме нови области правиме грешки, но ако сте нови во е-бизнисот, еве неколку совети кои можат да ви помогнат околу тоа што треба да внимавате при изборот на веб хостинг.

 

Погрешен избор на хостинг пакет

 

Она што е клучно прашање пред да изберете веб хостинг е да си поставите целна публика за вашиот веб-сајт. Дали имате потреба од голем број на посети? Или важно ви е да имате квалитетни кликови? Сакате само да направите блог кој ќе ве лансира во онлајн сферата? За сите овие потреби постојат и различни видови на хостинг пакети.

Ако сте почетник и сакате само да се „испробате“, постои и бесплатен хостинг. Сепак, сервисите и услугите од истиот се лимитирани, па ако сакате посериозно да навлезете во е-бизнисот, постојат повеќе опции од типот на shared хостинг, виртуелен сервер или дедициран сервер. Можеби ќе ви треба помал простор за податоците, но поголем сообраќај за користење. Или обратно. Сите опции се отворени, затоа добро анализирајте го вашиот niche.

SpeedDown

Лоша брзина

 

Дали знаевте дека според истражувањата на Kissmetrics, 1 секунда доцнење при отворање на еден веб-сајт учествува во намалување на 7% од конверзиите? За две секунди доцнење веќе одвлекувате 0% од потенцијалните купувачи.

Дефинитивно никој не се чувствува пријатно кога сурфа на Интернет и мора да чека повеќе од потребното за да се отвори некоја страница. Брзината е една од клучните работи за да одржите поголемо просечно време на читаност, поголем број на page views, помал bounce rate, и секако, поголемо задоволство кај посетителите.

Затоа, една од работите на кои мора да внимавате при изборот на хостинг е и брзината која се нуди, како и какви услови се дадени за истата (дали при надминување на определени лимити доаѓа до намалување на брзината) или слично. Важно е да знаете дека многу од овие фактори зависат и од големината, преоптовареноста со податоци или посетеноста на вашиот сајт.

offline

Сервис со лоша техничка поддршка

 

Колку и да се разбирате од информатичка технологија, секогаш е подобро кога има стручни лица кои можат да ви ги решат проблемите по најбрз можен пат. Самото чувство дека некој стои позади вас 24/7 е доста олеснително за вие да може да се посветите на останатиот дел од одржување на веб-сајтот.

Затоа, при изборот на веб хостинг сервис е особено значајно да посветите внимание на достапноста на екипата која ви го продава продуктот, нивната стручност и посветеност, како и услужност за решавање на сите ваши потреби.

 

Проблеми со сигурноста и безбедноста

 

Успешно искуство во е-купувањето значи и задоволни корисници кои во иднина повторно ќе се вратат назад. Успешноста подразбира и посетителите/купувачите на вашиот веб-сајт да се чувствуваат безбедно кога станува збор зачувување на нивната приватност и сигурност при сурфање.

Секој може да биде подложен на Интернет напади, но добар веб хостинг сервис со својата техничка поддршка и бек ап податоци ќе биде постојано на услуга за решавање на ваквите проблеми.

servdown

Недоволна стабилност

 

Интернетот е „продавница“ која никогаш не се затвора – Можете да отидете во трговски центар само во определен период од денот и да купите тоа што ви треба, но на Интернет услугите се достапни 24/7.

Поради тоа е многу важно да одберете веб хостинг сервис кој ви нуди стабилност во услугата и гарантира uptime од 100%. Во спротивно, како што проблемите со брзината и безбедноста можат да бидат лоши по репутацијата на вашиот е-бизнис, недоволната стабилност и неможноста на вашите корисници да ве пронајдат во било кое време дефинитивно ќе биде апсолутно кобен за резултатите кои сакате да ги постигнете.

Корисниците на Ехост стануваат дел од семејството на МКхост

Најголемиот македонски веб хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост го проширува своето семејство на задоволни корисници. На 15-ти август 2015, ВЕБ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ (Ehost.mk) и МКХОСТ ДООЕЛ склучија договор со кој поради подобрување на услугите за веб хостинг, домени и техничка поддршка околу истите, досегашните клиенти на Ехост стануваат дел од МКхост.

 

Новите корисници ќе мигрираат постепено во текот во наредните 30 дена, период во кој нема да имаат никаков прекин на хостинг услугите. Миграцијата нема да предизвика никаков дополнителен трошок за клиентите. Откако ќе бидат официјално префрлени, ќе бидат контактирани по телефон и преку електронска пошта од страна на МКхост за да бидат информирани за новиот начин на пристап до услугите (контролен панел, корисничко име, лозинки…). До истекот на моменталниот договор, корисниците ќе продолжат со истите услови како и досега во Ехост, истовремено добивајќи подобри услуги, вклучувајќи и беспрекорна техничка поддршка во секое време.

Ехост е втора компанија која своите корисници ги има префрелно во МКхост, откако во 2012-та беше приклучен Пинарт Хост.

МКхост годинава го одбележува своето 10-годишно постоење, период во кој се наметна како лидер на хостинг и домен пазарот во Република Македонија. Едноставната регистрација, добрите понуди прилагодени за различниот тип на корисници, како и постојаната професионална и ефикасна техничка поддршка се причините поради кои МКхост стана препознатлив македонски бренд.

Им посакуваме топло добредојде на сите нови корисници. Oва се прашањата кои веројатно сега ги поставувате, па уште на старт можеме да ви разјасниме голем дел од вашите дилеми.

Што е МКхост?

МКхост е најголемиот македонски веб хостинг и домен провајдер во Република Македонија кој постои од 2005-та година.

Зошто моите досегашни услуги се префрлаат во МКхост?

Ехост на ваков чекор се одлучи поради подобрување на услугите на постоечките корисници.

Што ќе добијам со префрлањето на досегашните услуги во МКхост?

Помеѓу другото, нашите главни предности се хостирање на брзи и оптимизирани веб сајтови, постојана професионална техничка поддршка, безбедност на информации и професионални емаил адреси.

Дали моите услуги остануваат под истите услови како и досега?

До истекот на постоечкиот договор, условите остануваат потполно исти, со подобрување на услугите, вклучувајќи ја и техничката поддршка.

Што вклучува техничката поддршка во МКхост?

24/7 достапност на тимот за сите ваши прашања, а дополнително како достапна ја имате и онлајн базата на знаење.

Од сега натаму, кого ќе треба да го контактирам за услугите?

Од сега натаму, МКхост ќе биде тука за да ви помогне во решавањето на сите ваши проблеми и прашања.

Од сега, каде ќе треба да плаќам за моите услуги?

Од сега натаму, сите ваши плаќања за обнова на услугите ќе ги вршите преку МКхост.

Какви промени ќе се случат со миграцијата од технички аспект?

Веб хостингот и доменот ќе бидат префрлени во МКхост. Корисничкото име и лозинката за пристап до хостинг account-от ќе бидат променети (поради безбедносни причини) и испратени на вашиот емаил.

 

 

Како, зошто и кога да го менувам hosts фајлот?

211

Модифицирање на hosts фајлот ќе ни овозможи да го „хакираме“ (заобиколиме) локалниот DNS за одреден домен на локалната машина. Оваа модификација на hosts фајлот ќе ни овозможи на пример да си го тестираме сајтот на одреден домен, без користење на тест линк, да провериме дали доменот кој сме го мигрирале од еден сервер на друг работи во ред на новиот сервер (новата IP) и во многу други случаи поврзани со DNS промените.

Честопати поради мигрирање на хостингот за одреден домен, за да бидеме сигурни дека се е во ред, потребно е веднаш да ја видиме промената на именските опслужувачи за да видиме дали сме завршиле добра работа. Ова повеќе се однесува за луѓе кои професионало се занимаваат со дејност оддржување на веб страници, затоа што многу би им ја олеснило работата при миграција на веб страниците од еден на друг сервер. Но оваа опција е добра и за сите оние кои веднаш сакаат да си ја видат својата веб страница на новиот сервер по миграцијата. Опцијата со која ова е овозможено е  едитирање на hosts фајлот на нашиот оперативен систем.

Со едитирање на hosts фајлот односно со дадавање на парот (IP адреса на новиот сервер и hostname-от – доменот со или без www) и со зачувување на фајлот добивате можност веднаш да ги видите промените на именските опслужувачи, односно вашиот локален DNS систем ќе кажува на пребарувачите и другите програми дека тој домен (hostname) се хостира на нова IP адреса (нова серверска машина).

Во овој блог пост ќе го објасниме начинот како да се едитира hosts фајлот за Windows, Linux и MAC OS корисници.

Како што и веќе напоменавме hosts фајлот е место каде што секој корисник рачно може да внесе пар на име на домен (hostname) и IP адреса (IP адресата на новиот сервер) на тој начин заобиколувајќи го DNS  серверот, односно вашиот пребарувач воопшто не го прашува вашиот Интернет провајдер или било кој DNS сервер за IP адресата на доменот туку веднаш ресолвира на истата.

На овој начин можете едноставно да ги заобиколите ДНС зоните и нивното рефреширање, со што веднаш да ја видите промената само на таа машина каде го менувате овој hosts фајл.

Промена на hosts фајлот за Windows 8 корисници:

  1. Притиснете го Windows копчето на тастатурата
  2. Во Search делот напишете Notepad, денес клик на Notepad иконата и одберете Run as administrator (многу е важно да се стартува Notepad програмот со администраторски привилегии)
  3. Во Notepad отворете го следниов фајл (File -> Open): c:\Windows\System32\Drivers\etc\hosts
  4. Направете ги потребните промени односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и името на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  5. Кликнете на File → Save за да ги зачувате овие промени.

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Промена на host фајлот за Windows 7 и Windows Vista корисници

  1. Кликнете на Start → All programs → Accessories
  2. Денес клик на Notepad и одберете Run as administrator
  3. Во новоотворениот UAC прозорец изберете Continue
  4. Откако Notepad ќе се отвори кликнете на File → Open
  5. Во делот на filename field type напишете c:\Windows\System32\Drivers\etc\hosts
  6. Кликнете на Open
  7. Направете ги потребните промени односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и името на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  8. Кликнете на File → Save за да успешно ги зачувате вашите промени

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Промена на host фајлот за Windows NT/2000/XP

  1. Кликнете на Start → All programs → Accessories → Notepad
  2. Кликнете на File Open
  3. Во делот на filename field type ставете  c:\Windows\System32\Drivers\etc\hosts
  4. Кликнете на Open
  5. Направете ги потребните промени односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и името на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  6. Кликнете на File → Save за да ги зачувате вашите промени

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Сликите прикажани се соодветни за Windows 8 корисници но се многу слични и за сите Windows корисници.

Промена на host фајлот за Linux корисници

  1. Отворете терминал
  2. Отворете го фајлот hosts кој се наоѓа на патеката /etc/host со оној текст едитор кој вам најмногу би ви одговрал, пример:
    sudo nano /etc/hosts
  3. Внесете ја вашата лозинка
  4. Откако host фајлот ќе се отвори внесете ги потребни промени во него односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и името на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  5. Притеснете control-X, потоа одговорете y (yes) на прашањето дали сакате да ги зачувате вашите промени.

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Промена за MAC OS X 10.0 – 10.1.5

  1. Отворете  /Applications/Utilities/Netinfo Manager
  2. За да овозможите едитирање на netinfo базата кликнете на катанецот во делниот лев агол на прозорецот
  3. Внесете ја вашата лозинка и кликнете на ОК
  4. Во втората колона во  новиот прозорец селектирај го нодот наречен machines. Ќе видите записи за DHCP broadcasthost и localhost во третата колона
  5. Одберете го localhost записот во третата колона
  6. Одберете duplicate од Edit менито. Потоа потврдете го дуплицирањето.
  7. Кликнете на duplicate. Нов запис наречен localhost copy ќе се појави, и неговите опции се подолу на самиот прозорец.
  8. Кликнете 2 пати на вредноста на ip_address и внесете ја IP адресата на новиот сервер
  9. Кликнете 2 пати на вредноста за name и внесете го името на вашиот домен
  10. Кликнете на servers и изберте Delete од Edit менито
  11. Од менито file одберете Save
  12. Кликнете Update this copy во новоотворениот прозорец
  13. Повторете ги чекорите од 6 до 12 за секој дополнителен домен кој сакате да го додадете.
  14. Кликнете Quit од NetInfo Manager менито. Нема потреба од ресетирање на компјутерот.

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

MAC OS X 10.6 – 10.1.8

  1. Отворете Applications → Utilities → terminal
  2. Отворете го hosts фајлот со помош на следнава команда:
    sudo nano /private/etc/hosts
  3. Внесете ја вашата лозинкаЕдитирате го Hosts фајлот односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и именто на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  4. Зачувајте ги промените што ги направите така што ќе притиснете control+x и y
  5. На крај за да промените бидат видливи потребно е да направите чистење на вашиот днс кеш со следнава команда:
    dscacheutil -flushcache

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Зошто не можам веднаш да ја видам промената на именските опслужувачи на доменот?

Често се случува следнава ситуација:  Сте го регистрирале доменот и сте го оставиле така, немате веб страница за истиот.  Подоцна, доаѓа време кога одлучувате да развиете ваша веб страница, па купувате хостинг и го подесувате вашиот домен да ги користи именските опслужувачи (ДНС) на хостингот кој го имате закупено (поточно на серверот на кој се наоѓа хостингот). Чекате одредено време за да промените  на именските опслужувачи станат активни и потоа го посетувате вашиот сајт. Но, поради некоја причина сте пренасочени на „This webpage is not available“.  Ова обично се случува поради еден процес наречен кеширање на IP адреси, или процес на ДНС пропагација (освежување на ДНС зоните).

Што се случува?

Кога ќе побарате одредена веб страница преку вашиот интернет пребарувачот (Internet Explorer, Firefox, Google Chrome итн.), барањето прво се испраќа до интернет провајдерот кој го користите за пристап до Интернет на вашиот компјутер, тој ги контактира Domain Name Servers (DNS) за да ја побараат локцијата (IP адресата) на серверот каде е хостирана дадената веб страница. Кеширањето се случува кога даден прелистувач побарува одредена страница на дадена IP адреса, меѓутоа серверот (кој ја има таа IP адреса) повеќе не ја хостира таа страна. Па се поставува прашањето зошто прелистувачот воопшто ја побарал веб страницата на таа IP адреса кога сега страницата е хостирана на друг сервер (со друга IP адреса) и истата треба да ресолвира таму? Дали има некој проблем? Ова се случува бидејќи пребарувачот и оперативниот систем на компјутерот (а често и самиот ретер) чуваат листа на веќе пребарувани IP адреси, и се навраќаат на таа листа за идните пребарувања.(Пример кога еднаш ќе пристапите до mkhost.com.mk, доколку за кратко време повторно пробате да пристапите до www.mkhost.com.mk компјутерот ќе ја земе IP адресата од листата и од таму ќе пристапи до МКхост). Исто така Интернет провајдерите чуваат и листа на сопствените IP адреси. Целта на ова е да се забрза вчитувањето на веб страниците и да се намали „гужвата“ на интернет. За жал, ова може да предизвика одложување на промените на именските сервери.
Сликите подолу покажуваат што се случува кога има и кога нема кеширање.

Кога нема кеширање: Овoj тип на пребарување се случува кога некој за прв пат ја посетува вашата веб страница, или ако подолго време не ја посетил истата.

 

1

 

Кеширање на ниво на интернет провајдерот: Интернет провајдерот чува листа на веќе пребарувани домени. Оваа листа се чува само неколку денови или часови. Ако се промени името на серверот, провајдерот нема да ја побара новата IP адреса се додека старата на листата не „истече“. Па, во примерот, ако “ns1.your-new-host.com“ вели дека  “www.yourwebsite.com е на IP адресата 223.224.200.201“, посетителот на веб сајтот нема да ја добие таа информација се додека IP адресата на “www.yourdomain.com“ не „истече“ од листата.

2

 

Кеширање на компјутерот: Дури и вашиот компјутер и веб пребарувач кешираат IP адреси. На тој начин, нема потреба да ги пребаруваат IP адресите на интернет, што заштедува време. Но при промена на именскиот сервер, вашиот компјутер може се’ уште да оди на старата IP адреса неколку денови.

3

Како да проверите дали вашиот веб сајт е кеширан

МКхост користи две многу ефикасни алатки за тоа. Првата е “IP Lookup Tool“ и, која ќе ви каже дали подесувањата на новите именски оплсужувачи работат правилно. Дополнително оваа алатка ќе ви ги прикаже и вистинските , моментални именски опслужувачи на доменот без никакво кеширање.
Втората е “Snapshot Tool“ или алатката за сликање, која ги користи вистинските IP адреси за да ја поврати почетната страница на вашиот сајт. Ако сликата ја покаже страницата која ја очекувате, но не ја гледате истата кога го гледате сајтот преку пребарувачот, тогаш најверојатно тоа е така бидејќи IP адресата е кеширана.

Како другите корсиници (посетители) ја гледаат вашата веб страница после промена на именските опслужувачи

Вашиот веб сајт ќе работи правилно за новите посетители или за оние кои поретко ја посетуваат вашата веб страница. За да промената виде активна за вас , ќе треба или да чекате да се рефрешираат днс зоните (да се избришат кешираните верзии) или пак може да се обидете да направите неколку работи. Може да се обидете со постојано кликање на „освежи“ (refresh) на вашата веб страница , или пак да се обидете да го исчистите кешот на вашиот сајт.

Команда за чистење на локален DNS cache од вашиот компјутер:

ipconfig /flushdns

Командата се пишува во командниот промпт на Windows (Start – > Run -> cmd).

Може да се обидете и да го рестартирате компјутерот. Ако претходните постапки не функционираат, тогаш IP адресата можеби е кеширана од страна на вашиот интернет провајдер. Во тој случај, може да се обидете да го контактирате вашиот интернет провајдер и да побарате да го исчистат нивниот ДНС кеш. Ако ништо од ова не функционира, тогаш ќе треба да почекате 1-3 дена за кешираната IP адреса да истече.
Во меѓувреме, може да го посетувате вашиот домен од различен интернет провајдер, можеби на работа, во библиотека или во некое кафуле. Се надеваме дека интернет провајдерите и компјутерите на тие места претходно не го посетиле вашиот сајт, или барем не во скоро време. На крајот, кешираната IP адреса ќе истече и вистинската ќе биде побарана и користена за да се поврзете на вашиот сајт.

Колку време е потребно за да се освежи кешот на доменскиот именски ситем

Кешот се чисти во текот на одреден временски период. Предлагаме да почекате 24 часа за да се рефрешираат ДНС зоните. ДНС зоните се освежуваат во време определено со TTL (Time to Live) и откако тоа време ќе истече ДНС зоните се освежени и се ќе работи како што треба.

Може ли да се забрза процесот на рефреширање на ДНС зоните

Одговорот е не. Може да се обидете со тоа што ќе го подесите вашиот “TTL“ на помал број, но тоа не се препорачува. Стандардниот “TTL“ е подесен на 14400 (4 часа), меѓутоа мрежата која ја користите за да пристапите на интернет може да се ажурира побавно (иако вие би ја направиле локално промената).
Може да ги примените погоре кажаните начини за да пробате да го забрзате процесот како на пример како да го исчистите кешот од вашиот локален компјутер . Доколку ви се потребни инструкции за како тоа да го направите следете не и очекувајте ја нашата следна старија каде ќе зборуваме токму на таа тема.

Сепак дури и чистењето и освежувањето на вашата локална ДНС зоне не функционира секогаш, па понекогаш единствено решение е да бидете трпеливи и да почекате работите сами да се средат.

IMAP vs POP3

Untitled-1

Сите ние постојано испраќаме e-mail пораки – на работа, дома, од телефон… но дали знаете што значи целиот тој mail жаргон при испраќањето на пораките? Дали ги знаете различните начини на кои може да примите/испратите e-mail преку дадена апликација на вашиот мобилен телефон или компјутер?

Без разлика дали користите Gmail, Hotmail, Yahoo или e-mail конфигуриран на вашата веб страница, испраќањето на e-mail пораки и не е така површно како што изгледа. Токму затоа преку овој пост, ќе се фокусираме на една од најчестите пречки при конфигурирањето на вашата e-mail адреса и целата таа постапка ќе ја објасниме на едноставен јазик кој би бил разбирлив за сите. Оние кои веќе знаат како функционираат работите, слободно нека се приклучат во дискусијата.

^60D119C95EA28DCA963A690D8B90EE10072939AAB1931F07FE^pimgpsh_fullsize_distr

POP и IMAP

Единственото нешто заедничко помеѓу протоколите IMAP и POP е тоа што му овозможуваат на корисинот да пристапи до својата e-mail адреса од оддалечен сервер. Тука сигурно секој од вас би се прашал: Зошто мене воопшто ми се потребни IMAP и POP? Што всушност ми овозможуваат тие? Одговорот е следен: IMAP и POP се еден вид на методи кои се користат од страна на вашиот компјутер за да истиот може да пристапи до вашата e-mail адреса која е лоцирана (хостирана) на некој оддалечен сервер.

Сфатете го ова вака, вашата e- mail адреса е креирана на даден сервер и на истиот тој север истата функционира. За да пристапите до истата може да пристапите најпрво до серверот па потоа да пристапите до својата e-mail адреса, или пак може да користите некоја апликација (инсталирана на нашиот компјутер, лап-топ,таблет, телефон) и едноставно и брзо да пристапите до вашата e-mail адреса. Такви апликации се Outlook, Thunderbird или било која Mail апликација која сите ние ја имаме на нашиот телефон.

За оваа апликација да работи и функционира најпрво ќе мора истата да се конектира на серверот на кој таа е хостирана и притоа да испраќа и прима пораки. За тоа се користат одредени протоколи (IMAP и POP) кои го овозможуваат тоа. Корисникот при конфигурација на неговиот e-mail на одредена апликација секогаш е прашан кој протокол сака да го избере. Па за да не одбираме на среќа или пак да не бираме по она што подобро ни звучи, добро е да разбереме што читаме и што истото значи за да можеме да го одбереме токму она што ни одговара.
Како што веќе напоменавме POP и IMAP се методи кои ни овозможуваат да пристапиме на нашата e-mail адреса и тука завршуваат сите сличности помеѓу овие два протоколи.

За POP3 и за IMAP веќе говоревме во претходните две теми каде го покривме нивното функционирање како и нивните главни карактеристики, а ги споменавме и нивните главни предности и недостатоци.
Откако имаме добра подлога и за двата протоколи можеме да направиме споредба на нивните карактеристики и да одлучиме кој од нив е подобар и покорисен.

imapsapiens

IMAP vs POP , сличности и разлики, предности и недостатоци

Како што веќе кажавме единствена сличност меѓу двата протоколи е тоа што и двата му овозможуваат пристап на корисникот до својата e-mail адреса од оддалечен сервер, се друго е различно. IMAP ги чува пораките на сервер, а POP3 од друга страна ги зачуваува пораките локално на машината преку која корисникот пристапил до својата e-mail адреса.

Понатаму POP протоколот е далеку постар од IMAP и е направен да одговара за функцинирање во времето кога е направен, а тоа е 80 години од минатиот век. Денес работите се комплетно поразлични од тогаш, а самото тоа повлекува и одредени промени во делот испраќање на mail. Ако во минатото имавме само еден компјутер со релативно мал (во споредба со денешните понуди) дисковен простор од една страна, а од друга страна имаше сервери и понуден хостинг кој беше далеку помал од оној кој е сега, нормално беше да се создаде протокол за испраќање на e-mail пораки кој би соодветствувал на тогашните околности. Токму затоа е создаден POP, но откако секој од нас има минимум по два уреди кои се поврзани на Интернет и преку кој постојано се пристапува на е-mail адресата, тука настанува проблем кој со POP не е решлив. Па затоа, се јавува потреба за нов протокол, а тоа е IMAP кој пораките ги зачувува на серверот и со самото тоа нуди целосна синхронизација на сите промени на уреди од кои пристапувате. Сепак иако сме 21 век и иако имаме далеку поголеми можности за дисковен прсотор, многу подобри перформанси и на сервери и на уреди на клеинтската страна, сепак голем дел од луѓето се уште користат POP и истиот е сеуште доста активен.

IMAP vs POP – предности и недостатоци

IMAP

POP

Предности

Недостатоци Предности

Недостатоци

Пораките се зачувани на сервер

Користи серверскиот простор Локално чување пораки Нема синхронизација

Побрз преглед на пораките

  Штеди серверски простор Потреба од препраќање пораки до секој уред до кој пристапувате
Автоматски back up   Пристап до пораки без интернет конекција (ако се превземени претходно)

Секое уредување (бришење, нови пораки) на една машина го нема на другата

Го заштедува локалниот простор за зачувување

     

Можност за локално зачувување на пораките

     
Поголема безбедност      

Достапност на пораките од различни локации

     

Од самате табела се гледа дека предностите на IMAP се поголеми, а воедно и недостатотците се помали. Со тоа што сме 21 век и немаме проблем со disk space – IMAP е сосема попогоден протокол за нас.

Покрај сите овие предности на IMAP се поставува прашањето зошто некој би користел IMAP?
Иако не се препорачува за оние кои испраќаат пораки од различни уреди, понекогаш е единствената опција која ни ја нуди интернет провајдерот.

Па се поставува прашањето зошто во 21 век некој би користел POP?

Покрај тоа, некој може да одбере POP поради тоа што сака оргинална копија на секоја порака на секој уред (во зависност од подесувањата на уредот, понекогаш тоа може и да не е возможно).

Modern Times: Make it IMAP

Оние кои користат повеќе уреди за пристап до својот e-mail ќе имаат поголема корист од IMAP. Без разлика преку кој уред ќе се најавите, пораките се синхронизирани, а доколу имате проблем со просторот, можете да си направите папки на компјутерот за пораките кои нема потреба да бидат синхронизирани на сите уреди. Дополнително доколку го користите МКхост за ваш хостинг провајдер, можете да бидете мирни околу сигурноста на вашите e-mail пораки кои со IMAP би ви биле зачувани на серверот, затоа што МКхост прави backup на целокупниот ваш хостинг акаунт на дневно, неделно и месечно ниво.
Така да за да не патите од главоболки со изгубени e-mail пораки – одберете IMAP!