Разлики помеѓу Linux и Windows хостинг платформи. На која платформа да го хостирате вашиот веб сајт?

Linux vs Windows
Linux vs Windows

Доколку планирате да стартувате сопствен веб сајт едно од почесто поставуваните прашања е на која платформа ќе припаѓа истиот. Најкористените платформи се: Windows и Linux/Unix. Помеѓу овие две платформи постои суштинска разлика и во зависност според потребите ќе им помогне на корисниците при нивниот избор.

Linux/Unix веб хостинг

Многу позастапен од Windows платформата, Linux/Unix е најупотребуваната хост платформа кај корисниците. Главната причина поради тоа е што таа има висока репутација на брзина и стабилност која е веќе години наназад докажана.

Linux/Unix платформата поддржува бројни програми, апликации, јазици и датабази како што се: PHP, Perl, PostGre, MySQLPostGreSQL. Единствена негативност му е тоа што не е целосно компатибилен со технологиите на Microsoft.

Доколку се одлучите да инсталирате форум (phpbb2, vbulletin, simplemachines…) или пак можеби блог (wordpress…) или CMS (Joomla, PhpNuke, PostNuke…) тогаш Linux платформата за вашиот хостинг ќе биде идеална за тоа.

Windows веб хостинг

Windows хостингот е добра опција за клиентите кој што ги користат технологиите на Microsoft. Овој веб хостинг е продукт на Microsoft па така и лесно може да се интегрира со останатите сервиси.Windows веб хостинг поддржува голем број на додатни скрипти како што се: ColdFusion, ASP.net како и Access И MSSQL датабази.

Сигурносен фактор
За разлика од Windows серверите кои се повеќе се изложени на напади од вируси и разни други штетни работи кои веќе ги знаеме, Linux серверите се повеќе заштитени и се повеќе отпорни на напади. Истите се повеќе сигурни и повеќе заштитени во рамки на пристап до фајлови/пермисии и слично.

Ценовниот фактор
Најголемата разлика помеѓу овие две платформи е всушност нивната цена. Windows платформата е многу поскапа од Linux/Unix само поради фактот дека за користење на Windows платформата е неопходна регистрација која доведува до екстра трошоци.

На која платформа да го закупите хостингот?
Најчесто поставувано прашање помеѓу корисниците на хостинг услугите е која хостинг платофрма да ја изберат, дали на Windows сервер или пак на Linux сервер.

Забуната доаѓа мислејќи се дека корисниците треба да закупат Windows хостинг затоа што тие работат на Windows оперативен систем или затоа што ако го закупат Linux хостингот, Windows корисниците на оперативниот систем ќе нема да можат да им ја отвараат и прегледуваат веб страната.

Овие забелешки се неточни. Разликата како што наведовме погоре е во однос на серверската страна, а не и во однос на клиентската страна. Така да и доколку закупите хостинг простор на Linux сервер, сите корисници без разлика каков оперативен систем користат ќе може да ја отвараат вашата веб страна и да бидат во контакт со вас.

Најчесто нашите клиенти ги закупуваат Windows хостинг пакетите доколку имаат потреба од користење на Access/MSSQL датабази, како и употреба на .NET технологија за нивните изработени веб страни.
Доколку хостирате обична HTML/PHP веб страна за која не е потребна или е потребна MySQL датабаза, тогаш вашиот идеален хостинг пакет би бил на Linux платофрма.

Што e веб хостинг, а што домен?

Најверојатно сте ги слушнале темините или сте наишле на истите сурфајќи на интернет.  Оние кои веќе знаат што всушност е веб хостинг и како функционира целата работа може да го препратат постот до оние кои прашуваат за овие термини. 🙂

Веб хостинг (англиски: Web Hosting) едноставно претставува простор алоциран на сервер прикачен на брза интернет конекција.  Просторот е одредуван од страна на хостинг компаниите. МКхост нуди повеќе хостинг пакети со помал и поголем простор. Веб хостингот всушност не претставува само хостинг простор, туку еден вид на сервис кој што вклучува уште неколку функции/можности како:

сообраќај (англиски: Bandwidth), ова е месечниот трансфер на податоци (слики, текстови, најразлични фајлови прикачени на хостинг серверот ) кои се пренесуваат помеѓу посетителите, корисниците и хостинг серверот.

е-маил адреси со помош на кои ќе испраќате и примате е-маил пораки до вашите пријатели/соработници…

backup поддршка – има една изрека која вели: „Подобро е да го имаш а да не ти го треба, одколку да го немаш а да ти го треба“. – Ова токму се однесува на backup кој што е повеќе од потребен поради ненадејно губење на податоците, дали тоа ќе биде клиентска ненамерна грешка, дали ќе биде хакерски/кракерски напад кој што може да ја упропасти веб страната, па се до хардверски проблеми  на серверот.

контролен панел – панел кој ќе ви овозможи полесно менаџирање со хостинг услугата, така што со само неколку клика ќе може да креирате е-маил адреса, или пак да инсталирате некоја скрипта (Пр. Joomla). МКхост го користи cPanel+ Fantastico за лесно контролирање на хостингот и лесно креирање на додатни скрипти.

домен името кое е карактеристично за секоја веб страна. Пример mkhost.com.mk е нашето препознатливо име со кое вие не посетувате и всушност сега го читате овој пост. Сите веб страни на Интернет првично функционираат со IP адреси доделени од страна на хостинг серверите каде што се хостираат истите, меѓутоа многу е тешко да запомниме IP адреси (пр. 174.133.183.58), па затоа ги користиме домените кои лесно се памтат.  Домените се уникатни и неможе да има два исти домени. Возможно е да има две исти имиња со различна наставка (Пр. mkhost.org , mkhost.com.mk и слично). Крајните наставки не се многу битни при користењето и немаат строги правила во користењето, но препорачливо е доколку вашата веб страна таргетира посетителие од Македонија, наставката да биде .mk со што би се знаело дека доменот има врска со Македонија.

Доколку Вие сакате да си регистрирате домен тоа можете да го направите преку нас, едноставно кликнете на следниот линк и изберете го името што сакате да го резервирате и искористите за креирање на вашата веб страна.

Слободно доколку имате некои прашања во врска со овие термини може да оставите коментар и да ги продискутираме подетално.