Колку младите во Македонија се креативни при изработка на веб сајтови?

Изминатата недела, од 28-ми ноември до 2-ри декември, во просториите на HUB Skopje и под организација на Студентскиот парламент на ФИНКИ, се одржа новото издание на DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT).

digit4

Темата на овогодинешното издание беше изработка на интерактивни веб сајтови од општествено корисна природа, т.е. community websites (веб сајтови за заедницата). Единаесет тимови ги презентираа своите идеи и замисли околу тоа како истите би требало да изгледаат.

Генералниот заклучок од презентациите беше дека, освен што младите во Македонија треба да продолжат со свое усовршување во полето на web development за секогаш да бидат во чекор со трендовите и новостите, исто така ја покажаа својата креативност на висока ниво.

Победник за годинава беше тимот кој изработи веб сајт за иницијативата #ретвитниоброк. Оваа идеа успеа да ги собере на едно место сите активности кои во моментов се организираат преку социјалната мрежа Twitter, и даде пример како може да се спојат креативноста, интерактивноста и хуманоста.

digit3

МКхост беше дел од поддржувачите на овој настан.

 

*Фотографиите се преземени од официјалниот Facebook профил на DIGIT

Оглас за агент за поддршка и продажба

Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува заинтересираните да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.

Заинтересираните кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

 

Агент за поддршка и продажба

 

-Обука за продажба, директно јавување на корисници, онлајн чет со потенцијални клиенти и техники за продажба на услуги преку интернет.

-Користење на систем за корисничка поддршка, пишување на готови написи за вметнување во база на знаење. Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има барање или некој предизвик/проблем.

 

Избраниот кандидат за праксата добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 1 месец во периодот декември 2016. Работно време од 08:30 – 16:30 (понеделник-петок) во просториите на МКхост (Јане Сандански 71А – Капитол Мол, Аеродром, Скопје).

По завршувањето на праксата има можност за вработување.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и во наслов да го назначат името на позицијата за која се аплицира (Агент за поддршка и продажба) на jobs@mkhost.com.mk.

 

Рокот за аплицирање за праксата трае до четврток, 24.11.2016 година.

 

 

Секој трет домен во Македонија е регистриран преку МКхост

Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет објави статистики за состојбата на македонскиот пазар на домени. Вкупниот број на активни домени во моментов е 25.479.

Помеѓу 19 регистрари во Република Македонија кои вршат регистрација на домени, МКхост е #1 избор на оние коишто го започнуваат својот онлајн бизнис. Со околу 30% пазарен удел, речиси секој трет регистриран домен во нашата држава е преку МКхост.

marnet1

Најчест избор помеѓу домен наставките кои се регистрираат е токму најкратката и најрепрезентативната за Република Македонија – .mk. Како втора најрегистрирана, веднаш зад неа се најде и .com.mk.

marnet2

Ви благодариме на довербата која ни ја укажувавте во овие 10 години постоење на МКхост. Продолжуваме и понатаму да постоиме за вашите онлајн решенија и потреби.

 

Целосната презентација на МАРнет можете да ја погледнете на следниот линк.

Оглас за пракса во МКхост

Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува сите заинтересирани да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.

Кандидатите кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

Frontend developer

-Изработка на веб страници користејќи HTML5 / CSS / JavaScript
-Оптимизација на веб страници за мобилни уреди
-Изработка на банери, промотивен материјал и графички елементи за промоции и маркетинг
-Креирање на front end за веб базирани апликации

PHP developer

-Работа на поголем PHP базиран веб проект со одбран framework
-Креирање на мали веб апликации што ќе изложуваат дел од податоците на системите во позадина користејќи PHP програмски јазик и MySQL бази на податоци
-Креирање на веб апликации кои ќе автоматизираат одредени процеси

 

 

Избраниот кандидат за праксата добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 2 месеци во периодот ноември и декември 2016. Работно време од 08:30 до 16:30 (понеделник-петок) во просториите на МКхост (Јане Сандански 71А – Капитол Мол, Аеродром, Скопје).

По завршувањето на праксата има можност за вработување.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и во наслов да го назначат името на позицијата за која се аплицира  на jobs@mkhost.com.mk.

Рокот за аплицирање за праксата трае до понеделник 31.10.2016 година.

Што ќе понуди првото издание на CareerLaunch?

Summer Work and Travel Alumni Macedonia, во соработка со Младински Инфо Клуб Скопје, наредниот четврток 13-ти октомври ќе го организираат првиот CareerLaunch – саем за вработување во Public Room. Со времетраење од 14 до 19 часот, овој настан ќе донесе на едно место повеќе компании и претприемачи, кои ќе се поврзат со младите во нашата земја. По тој повод поразговаравме со организаторите, кои ја објаснија позадината зад овој концепт.

 

„Овој настан е прв од ваков тип во земјата, каде младите ќе имаат можност да ја започнат својата кариера во стартап компаниите во Македонија. Веруваме дека започнувањето на кариера во една стартап компанија е многу покорисно поради работната атмосфера, тимската работа и зголемувањето на знаењата е многу поинтензивно во споредба со големите корпорации. Исто така во стартап компаниите вработените имаат шанса да го надоградуваат знаењето не само во своето поле на експертиза туку и во други полиња, бидејќи се работи за мали бизниси кадешто вработените работат во повеќе области. Поради тоа во стартапите се бараат индивидуалци кои се желни за учење и надоградба, како и тие кои сакаат предизвици.“

 

careerlaunch

 

Со 15 компании учесници, 7 гости и 2 работилници, CareerLaunch уште со првото издание ветува дека може да прерасне во традиционален настан со големо значење за младите ентузијасти кои сакаат да ја развијат својата кариера. Формалното образование веќе одамна не е доволно за еден индувидуалец да успее се продаде на пазарот на труд.

 

„Младите мора постојано да вложуваат во едукација и знаење, и да бидат вклучени во side проекти. Покрај формалното образование мора да се учат и други вештини. Со активно вклучување во проекти од студентски денови, младите би ја нашле работата која ја посакуваат преку вмрежување, соработка, запознавање нови лица, кои подоцна можат да бидат нивни препораки или работодавци.“

 

14585633_10154687246955921_1529204521_o

 

Но, колку вмрежувањето е важно за еден индивидуалец и неговиот напредок во кариерата?

 

„Тргнувајки од фактот дека 70% од работните позиции во светот се пополнуваат преку препораки и контакти веруваме дека ефектот од вмрежувањето е преголем. Посебно на вакви настани бидејќи една цела заедница, во случајов стартап ќе биде присутна и младите ќе можат одблиску да се запознаат и да остварат долгорочни контакти или идно вработување.“

 

И МКхост ќе биде дел од овој настан, како на саемот, така и со сопствена работилница со почеток од 17:15. Нашата тема е посветена на значењето на Интернетот и веб сајтовите како алатка за развој на е-бизнис, и можноста за искористување на информациската ера за генерирање на приходи.

 

mkhost

Околу идните планови за тоа како ќе се развива CareerLaunch, завршни зборови од организаторите:

 

„Сакаме да бидеме настан којшто младите и професионалците можат да ги пронајдат најдобрите работни места, како и најиновативните компании во кои би сакале да се вработат. Овој настан сакаме да биде препознатлив така што целата заедница на стартапи, професионалци и креатори ќе бидат собрани на едно место. Планираме овој настан да се одржува барем два пати во годината каде би присувствувале поголем број на компании и исто така би траел повеќе денови.“

 

 

Учеството на CareerLaunch е бесплатно, но пријавувањето е задолжително. Сите заинтересирани за настанот може да се пријават на следниот линк. Целосната програма со сите компании учеснички и говорници е достапна тука.

Нова верзија на cPanel – Кои се новостите?

Контролниот панел cPanel ја објави својата 58-ма верзија (v58). Linux-базираната алатка која го олеснува процесот на менаџирање со веб хостинг, а постои на светскиот пазар веќе 20 години, продолжува со надополнувања и подобрувања кои се од голема помош за сопствениците на веб сајтови. Меѓу нив секако и корисниците на МКхост.

Новата верзија на cPanel носи неколку новости од голема корист. Според реакциите на корисниците, AutoSSL, EasyApache 4 и новата опција за addon домени се помеѓу омилените функции.

AutoSSL

По три и пол години планирање, cPanel го лансира AutoSSL, алатка која овозможува автоматска инсталација и обнова на SSL сертификати, кои ги чуваат безбедни чувстителните податоци од серверот. Наскоро очекувајте повеќе податоци за оваа опција и нејзината имплементација за корисниците на МКхост.

EasyApache 4

EasyApache 3 се заменува со EasyApache 4, откако претходната верзија служеше речиси цела деценија на корисниците. Главните проблеми со старата верзија се посочени кон долгото време за додавање PHP или Apache модул, како и проблеми со одржување поради големиот код од кој била составена третата верзија.

Новата верзија има поусовршена и побрза кастомизација, и дозволува користење на повеќе верзии на PHP. Корисниците сепак ќе можат да изберат дали сакаат да ја користат новата, или претходната верзија на EasyApache во cPanel v58.

Addon домени

Ако досега преку контролниот панел, покрај 1 домен, беше овозможено да се направат и повеќе addon домени, cPanel v58 овозможува овие дополнителни домени да се пренесат на нов, засебен хостинг и со тоа исто така да станат носечки домени.

Оваа опција е особено од големо значење ако два профила се поголеми на еден ист контролен панел, едниот може да се префрли засебно. Со тоа корисникот ќе добие поадекватно користење на ресурсите, како и поголема безбедност.

 

 

cPanel не застанува тука. Веќе се работи на v60 верзијата, која помеѓу другото, ќе вклучува и зајакната PHP-FMP поддршка, суб-акаунти во User Manager, како и понатамошно проширување на SSL пазарот.

МКхост продолжува и понатаму да ги иплементира најновите софтверски решенија, со цел задоволување на потребите на корисниците.

10 години МКхост

МКхост официјално прославува 10 години од своето постоење. Со нашата долгогодишна посветена работа која резултираше со доверба од нашите корисници, станавме #1 хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија, како и еден од најголемите брендови во онлајн индустријата во нашата држава.

Денес МКхост е лидер во својата област, истовремено претставувајќи еден од клучните столбови кој овозможува проширување на македонскиот Интернет простор и развој на е-бизнисот. Преку повеќе промотивни и едукативни начини во изминативе години функционирање, ја поттикнуваме и информираме пошироката македонска јавност на значењето и многубројните можности од поврзувањето онлајн и поседувањето на веб сајт како алатка. Една од нашите најважни цели е да го доближиме поимот „веб сајт“ до секој граѓанин, без разлика на техничките знаења.

Во јубилејната 2016-та, МКхост го продолжи својот раст и ја има својата најпредизвикувачка година во постоењето. Ја започнавме со целокупен ребрендинг на визуелниот идентитет, продолживме со зајакнување на техничката поддршка и ресурси потребни за брза и навремена услуга кон корисниците, и најпосле, се насочивме кон долготрајно планирање и развој на брендот и елементи кои се од клучен аспект за понатамошно проширување.

Целокупниот досегашен успех и просперитет на МКхост го темели на посветената работа, напредок и иновации. Но, сето од ова би било залудно доколку не постоеја нашите лојални корисници. Затоа, овој јубилеј го посветуваме токму на нив. Оние чии сугестии, критики и нови идеи, за нас претставуваат мотивација за развивање и имплементирање на дополнителни услуги кои уште повеќе го доближуваат онлајн светот до поголемо окружување.

Секој од лојалните клиенти на МКхост ќе добие подарок изненадување, и истото може да се провери на следниот линк.

facebook

Писмо од клиент на МКхост

Во секој процес во кој се вклучени и клиенти, многу е важен фидбекот кој го добивате од нив. Затоа, по долгогодишна напорна работа и грижа за корисниците, секогаш е убаво и од непроценлива вредност кога ќе погледнете во емаил поштата и ќе погледнете ваква пофалба дојдена директно од задоволен корисник.

 

„Почитувани,

Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност за пружената поддршка при закуп на хостинг пакет, регистрација на домен и креирање на email адреса.

Иако нестручна и без искуство, во целост можев да се ослонам на администраторите, во мојот случај Магдалена и Ивана, кои ме водеа низ процесот, поддржувајќи ме со дополнителни инструкции и туторијали, како надополнување/дообјаснување на писмените инструкции, без притоа ниту за момент да се почувстувам дека поставувам глупаво прашање. Срдечни, трпеливи и пријатни во комуникацијата.

Кога ќе се најдам во ваква ситуација да добијам целосна поддршка, секогаш си велам, добро па така треба да биде. Да, така треба да биде, но за жал високото ниво на професионализам и љубезната комуникација не се честа појава. Од тие причини, колку и да кажеме дека така треба, сакам истото да го споделам со Вашата компанија, а секако и со сите идни потенцијални Ваши клиенти.

Уште еднаш Магдалена, Ивана и МКХОСТ, Ви благодарам за поддршката. И понатаму одржувајте го професионализмот и надградувајте ја експертизата. Само така ќе ги поттикнете и останатите субјекти и ќе помогнете во нивното унапредување.

 

Срдечен поздрав

(Името на клиентот е познато на компанијата)

 

Ние исто така се заблагодаруваме за довербата која ја добиваме со нашата постојана грижа и квалитетна техничка поддршка. МКхост годинава одбележува 10 години од постоењето како #1 хостинг провајдер и регистрар на домени во Република Македонија.

 

 

 

Нова услуга од МКхост – SpamExperts за намалување на спам емаил пораки

МКхост воведува уште една новина за корисниците – целосно го интегриравме SpamExperts системот за хостинг клиентите кои користат емаил услуги.

Соочувајќи се со еден од најголемите проблеми поврзани со Интернетот и електронската пошта – спамирањето, постојано се прават напори во светски рамки за што подобро справување и решавање на непосакуваните емаил пораки кои можат да доведат до проблеми во секојдневното онлајн функционирање.

SpamExperts е систем кој е интегриран кај најпознатите светски хостинг компании, а отсега како нова бесплатна услуга ја воведува и МКхост токму поради заштита од примање и доставување на spam и malware емаил пораки. Преку SpamExperts се постигнуваат две значајни цели:

-Намалување на spam пораки кои пристигнуваат на емаил адресите
-Ризикот за black listed IP адреси се сведува на минимум

Спам филтер системот е наменет за Ваша заштита и поголема заштита на Вашите емаил адреси, како и појдовни/дојдовни емаил пораки. Користејќи го SpamExperts, ќе ја сведете на минимум „junk“ поштата, а истовремено ќе имате целосна контрола врз системот и да го научите да се прилагоди на Вашите потреби.

Ние направивме детални инструкции за Вас кои можете да ги погледнете во нашата база на знаење и да ги осознаете основните функционалности (преглед на сите пораки, декларирање на спам порака, преглед на сите спам пораки, како и други можности).

IMG_8986

 

SpamExperts е компанија со седиште во Холандија, лансирана во 2005-та година, а моментално нејзините услуги се користат во над 80 земји, со што претставува водечки провајдер кој обезбедува сигурност на емаил комуникација.

Со SpamExperts, продолжуваме професионално и навремено да се грижиме за нашите корисници, како и овозможуваме емаил комуникација на едно ново и побезбедно ниво.

Доколку имате некои прашања околу новата услуга на МКхост, ве очекуваме да нè контактирате.

Оглас за пракса во МКхост – Агент за поддршка и продажба (Лето 2016)

Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.

Студентите кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

 

Агент за поддршка и продажба

 

-Обука за продажба, директно јавување на корисници, онлајн чет со потенцијални клиенти и техники за продажба на услуги преку интернет.

-Користење на систем за корисничка поддршка, пишување на готови написи за вметнување во база на знаење. Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има барање или некој предизвик/проблем.

 

Студентот добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 2 месеци во периодот јуни, јули, август. Работно време од 09 – 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост (Јане Сандански 71А – Капитол Мол, Аеродром, Скопје).

По завршувањето на праксата има можност за вработување.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и во наслов да го назначат името на позицијата за која се аплицира (Агент за поддршка и продажба) на praksa@mkhost.com.mk.

 

Рокот за аплицирање за праксата трае до среда, 01.06.2016 година.