Денови на кариера по 20-ти пат

Во петокот 1-ви април, на Економскиот факултет Скопје се одржа Career Days (Денови на кариера) по јубилеен 20-ти пат, во организација на AIESEC Skopje. Овозможувајќи на студентите да остварат поблизок контакт со бизнис сферата и компаниите во Република Македонија, влијанието на Career Days се зголемува со секое изминато издание.

Актуелноста на прашањето за младите и нивните професионални предизвици е актуелно како никогаш досега, а настаните како овој дефинитивно допринесуваат за ориентација и поблиска комуникација, како и припреми за сегашните студенти со корпоративната култура и организациско однесување со кое ќе треба да се сретнат во блиска иднина.

Поделен на два модули, годинава Career Days, од една страна ги истражуваше можностите на македонските студенти да се вработат во постоечки етаблирани компании, додека од друга страна ги инспирираше истите да се посветат на основање на сопствен бизнис.

Семинарот започна со панел дискусија под водство на проф. д-р Димитар Јовевски од Економскиот факултет Скопје, посветена на разликите помеѓу очекувањата на компаниите и студентите. На истата дискутираа претставници од повеќе македонски компании: Олгица Спасевска, Славко Саздовски, Методија Христовски, Љупчо Фармакоски и Даниела Радевска

Во првиот модул говореа Зоран Костовски (Мотива), Ана Салтирова Давидовски (АМСМ), Олгица Спасевска (Шпаркасе Банка)  и Глигор Бишев (Шпаркасе Банка), а во вториот своите приказни за отворање на сопствени бизниси ги споделија Петар Ниновски (Brainster), Иван Петрушевски (МКхост), Теди Пејоски (GSix) и Бисерка Конеска (Seavus).

Настанот заврши во понеделникот, 4-ти април, со Саем на компании на Економскиот факултет Скопје.

 

Career Days 2016

 

Career Days 2016 Панел дискусија

 

Career Days 2016 МКхост