211

Модифицирање на hosts фајлот ќе ни овозможи да го „хакираме“ (заобиколиме) локалниот DNS за одреден домен на локалната машина. Оваа модификација на hosts фајлот ќе ни овозможи на пример да си го тестираме сајтот на одреден домен, без користење на тест линк, да провериме дали доменот кој сме го мигрирале од еден сервер на друг работи во ред на новиот сервер (новата IP) и во многу други случаи поврзани со DNS промените.

Честопати поради мигрирање на хостингот за одреден домен, за да бидеме сигурни дека се е во ред, потребно е веднаш да ја видиме промената на именските опслужувачи за да видиме дали сме завршиле добра работа. Ова повеќе се однесува за луѓе кои професионало се занимаваат со дејност оддржување на веб страници, затоа што многу би им ја олеснило работата при миграција на веб страниците од еден на друг сервер. Но оваа опција е добра и за сите оние кои веднаш сакаат да си ја видат својата веб страница на новиот сервер по миграцијата. Опцијата со која ова е овозможено е  едитирање на hosts фајлот на нашиот оперативен систем.

Со едитирање на hosts фајлот односно со дадавање на парот (IP адреса на новиот сервер и hostname-от – доменот со или без www) и со зачувување на фајлот добивате можност веднаш да ги видите промените на именските опслужувачи, односно вашиот локален DNS систем ќе кажува на пребарувачите и другите програми дека тој домен (hostname) се хостира на нова IP адреса (нова серверска машина).

Во овој блог пост ќе го објасниме начинот како да се едитира hosts фајлот за Windows, Linux и MAC OS корисници.

Како што и веќе напоменавме hosts фајлот е место каде што секој корисник рачно може да внесе пар на име на домен (hostname) и IP адреса (IP адресата на новиот сервер) на тој начин заобиколувајќи го DNS  серверот, односно вашиот пребарувач воопшто не го прашува вашиот Интернет провајдер или било кој DNS сервер за IP адресата на доменот туку веднаш ресолвира на истата.

На овој начин можете едноставно да ги заобиколите ДНС зоните и нивното рефреширање, со што веднаш да ја видите промената само на таа машина каде го менувате овој hosts фајл.

Промена на hosts фајлот за Windows 8 корисници:

  1. Притиснете го Windows копчето на тастатурата
  2. Во Search делот напишете Notepad, денес клик на Notepad иконата и одберете Run as administrator (многу е важно да се стартува Notepad програмот со администраторски привилегии)
  3. Во Notepad отворете го следниов фајл (File -> Open): c:\Windows\System32\Drivers\etc\hosts
  4. Направете ги потребните промени односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и името на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  5. Кликнете на File → Save за да ги зачувате овие промени.

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Промена на host фајлот за Windows 7 и Windows Vista корисници

  1. Кликнете на Start → All programs → Accessories
  2. Денес клик на Notepad и одберете Run as administrator
  3. Во новоотворениот UAC прозорец изберете Continue
  4. Откако Notepad ќе се отвори кликнете на File → Open
  5. Во делот на filename field type напишете c:\Windows\System32\Drivers\etc\hosts
  6. Кликнете на Open
  7. Направете ги потребните промени односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и името на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  8. Кликнете на File → Save за да успешно ги зачувате вашите промени

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Промена на host фајлот за Windows NT/2000/XP

  1. Кликнете на Start → All programs → Accessories → Notepad
  2. Кликнете на File Open
  3. Во делот на filename field type ставете  c:\Windows\System32\Drivers\etc\hosts
  4. Кликнете на Open
  5. Направете ги потребните промени односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и името на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  6. Кликнете на File → Save за да ги зачувате вашите промени

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Сликите прикажани се соодветни за Windows 8 корисници но се многу слични и за сите Windows корисници.

Промена на host фајлот за Linux корисници

  1. Отворете терминал
  2. Отворете го фајлот hosts кој се наоѓа на патеката /etc/host со оној текст едитор кој вам најмногу би ви одговрал, пример:
    sudo nano /etc/hosts
  3. Внесете ја вашата лозинка
  4. Откако host фајлот ќе се отвори внесете ги потребни промени во него односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и името на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  5. Притеснете control-X, потоа одговорете y (yes) на прашањето дали сакате да ги зачувате вашите промени.

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

Промена за MAC OS X 10.0 – 10.1.5

  1. Отворете  /Applications/Utilities/Netinfo Manager
  2. За да овозможите едитирање на netinfo базата кликнете на катанецот во делниот лев агол на прозорецот
  3. Внесете ја вашата лозинка и кликнете на ОК
  4. Во втората колона во  новиот прозорец селектирај го нодот наречен machines. Ќе видите записи за DHCP broadcasthost и localhost во третата колона
  5. Одберете го localhost записот во третата колона
  6. Одберете duplicate од Edit менито. Потоа потврдете го дуплицирањето.
  7. Кликнете на duplicate. Нов запис наречен localhost copy ќе се појави, и неговите опции се подолу на самиот прозорец.
  8. Кликнете 2 пати на вредноста на ip_address и внесете ја IP адресата на новиот сервер
  9. Кликнете 2 пати на вредноста за name и внесете го името на вашиот домен
  10. Кликнете на servers и изберте Delete од Edit менито
  11. Од менито file одберете Save
  12. Кликнете Update this copy во новоотворениот прозорец
  13. Повторете ги чекорите од 6 до 12 за секој дополнителен домен кој сакате да го додадете.
  14. Кликнете Quit од NetInfo Manager менито. Нема потреба од ресетирање на компјутерот.

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

MAC OS X 10.6 – 10.1.8

  1. Отворете Applications → Utilities → terminal
  2. Отворете го hosts фајлот со помош на следнава команда:
    sudo nano /private/etc/hosts
  3. Внесете ја вашата лозинкаЕдитирате го Hosts фајлот односно најдоле во документот додедете го парот IP адреса и именто на вашиот домен и внимавајте притоа таа линија да е одкоментирана (да нема # напред). Пример: 23.227.132.206 vasiot.hostname.mk
  4. Зачувајте ги промените што ги направите така што ќе притиснете control+x и y
  5. На крај за да промените бидат видливи потребно е да направите чистење на вашиот днс кеш со следнава команда:
    dscacheutil -flushcache

Пробајте отворете ја сега вашата страница преку внесениот hostname ( http://vasiot.hostname.mk ) и веднаш ќе ги забележите промените.

ВНИМАНИЕ: Овие промени во Host фајлот имајте во предвид да ги коментирате односно да ги избришете откако ќе завршите со тестирањата, затоа што може да дојде до забуна во иднина доколку повторно направите некоја промена, а остане стариот запис.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn