Денеска добив второ известување / изненадување за „новата“ tld наставка .eu.mk и морав да реагирам со овој пост. Не дека имам нешто против компанијата што ја рекламира оваа лажна домен наставка, туку затоа што несакам народот да биде измамен. Сакам да знаат кон што точно се изложуваат лицата кои ќе нарачаат домен (читајте sub-domain) со .eu.mk наставката (читајте домен име eu.mk).

За оние кои послабо се информирани во врска со домен име (Анг: domain name) како и наставките, повеќе може да прочитаат во претходните постови кои сме ги имале во врска со оваа тематика на следните линкови:
Домен име за вашиот бизнис – совети при избор
Што е веб хостинг а што домен име?

Главниот регистрар одговорен за регистрација и менаџирање на .mk домените во Македонија до 13.01.2011 беше Марнет. Поради одредени закони и слично тие објавија дека повеќе не се одговорни за .mk домените и дека не се во можност да вршат регистрација на нови домени како и  измени кај веќе регистрираните домени. Еве ја нивната официјална изјава:

Македонски регистрар - Марнет
Македонската научно истражувачка мрежа Марнет

Во ред, ја почитуваме одлуката, министерството за Информатика ја превзема одговорноста од сега па натаму. Тие изјавија дека се припрема нова организација која што ќе раководи со .mk доменот. Јас сум оптимист за ова и мислам дека новата организација ќе биде подобра и работите за регистрација на .mk домени ќе се одвиваат побрзо.

Во врска со ова дадов и изјава во Нова Македонија мислејќи дека текстот ќе биде конкретно само за Марнет, но за жал истиот ме разочара кога го прочитав наредниот ден:

Додека се чека на .мк се регистрираат домени на еу.мк

Овој наслов ме разочара. Првин затоа што дадов изјава за наслов за кој што не очекував дека ќе биде таков. И второ затоа што истиот е неточен (фразата: домени на еу.мк). Не постои официјална наставка eu.mk за да може да се регистрираат домени со истата. Можеби ќе си речете како не постои, па нели има .org.mk .net.mk .gov.mk .name.mk , па зошто да не постои и .eu.mk . Веќе постои tld наставка .eu која што може да ја користат само државјани на Европската Унија, па од ова би се размислиле дека постои и .eu.mk .

Не е точно. Не постои .eu.mk наставка за регистрација на домени.

Главниот TOP LEVEL DOMAIN (tld) за Македонија е .mk . Марнет до пред некоја година не дозволуваше регистрација на .mk домените (мислам само на .mk наставката,  за да може да имате домен како ime.mk ), туку си имаше воведено еден вид на поддомени на .mk топ левел доменот како што се: .com.mk .org.mk … се со цел да се знае кој домен  за каква организација е одговорен (дали комерцијална .com.mk , дали невладина организација .org.mk , дали владина .gov.mk и слично). Подоцна беше дозволено регистрација на домени со top level наставката .mk па секој можеше да си регистрира домен име директно со главната наставка, како на пример: ime.mk .

При регистрација на овие домени, Марнет немаше забрана за регистрација на домени со една или две букви, па некои компании се израдуваа и ги закупија сите домени со една наставка од типот 1.mk a.mk и слично, но тоа е во ред, first come first served.

Аха, значи може јас да си регистрирам домен со една буква така? Добро со една веќе ги зафатија, ајде да видам домен со две букви. Ми текна за eu.mk . Баш интересно ДОМЕН име.

Ете овде лежи забуната. Значи сега не е наставка (eu.mk) туку е регистрирано домен име со наставка: .mk и име (главниот дел од доменот): eu .

И така не ми е важно која е фирмата што го има регистрирано овој ДОМЕН: eu.mk , туку зошто рекламира регистрација на ДОМЕНИ со .eu.mk наставка, кога .eu.mk не е наставка, туку е домен име?
Затоа сите што досега си нарачавте „домен“ со наставка .eu.mk имајте на ум дека тоа е само еден sub-domain на доменот .eu.mk .

Што е sub-domain? Sub-domain или јас го нарекувам поддомен е име што е креирано од главното домен име. Наједноставно може да се објасни со пример. Mkhost.com.mk e домен име (domain name) со наставка: .com.mk и име mkhost, додека пак primer.mkhost.com.mk е поддомен (sub-domain) на доменот mkhost.com.mk со „подиме“ primer на главното име: mkhost и наставката .com.mk. Најчесто поддомените имаат улога кога сакаме да одделиме одреден сервис од нашиот веб сајт, па така некои веб сајтови го практикуваат ова. Ако нашиот сајт е информативен сајт за компанијата и сакаме да креираме нова под страница која што ќе биде одговорна за пишување на статии на нашиот блог, тогаш би креирале поддомен име: blog.ime.mk , па така нашиот блог за компанијата ќе може да се пристапува директно преку поддомен името што сме го креирале, наместо да пишуваме: ime.mk/blog . Можеби blog.ime.mk е полесно за помнење и затоа повеќе веб сајтови се одлучуваат за ваков тип на креирање поддомени.

Значи ако закупивте primer.eu.mk , закупивте само еден поддомен на главниот домен: eu.mk . Па добро што му фали? Ми е гајле дали се вика домен или поддомен? Се` си е во ред, си ставив сајт, ми работи, си имам сајт со .eu.mk па ми е гајле за овие термини со домени, поддомени и триста други информатички термини. Не би кажал дека сте во право.

Проблемите со .eu.mk

  • Вие не поседувате реално домен име и во случај да ви го исклучат неможете да се жалите во Марнет или во новата органиазција што ќе биде одговорна за .mk .
  • Неможете да смените хостинг провајдер и да си го хостирате вашиот .eu.mk домен (читајте поддомен) на друга локација. Зошто да неможе, ќе им кажам да сменат DNS записи за моето домен име? Во ред, ќе им кажете, ќе ви ги сменат, но што ќе се случи доколку нивниот хостинг сервер стане недостапен? И вашите DNS записи паѓаат во тој момент и сајтот не ви е достапен, иако го хостирате кај друг провајдер. Зошто е ова вака? Затоа што сите тие домени ги креираат на еден ист сервер, односно хостинг. А како што проверив тоа е некој странски хостинг провајдер каде што ги додаваат вашите поддомени. И доволно е само еден проблем со хостинг серверот и сите ваши .eu.mk домени стануваат недостапни.
  • Го хостирате веб сајтот на сервер каде што ќе бидат хостирани сите или повеќето од .eu.mk поддомените. Доколку е така, доволно е еден веб сајт да биде заразен со Malware/Virus-и или пак да биде хакиран/експлоатиран и хакерот/кракерот ќе добие пристап до информациите до сите останати поддомени за кои вие ќе нема да бидете свесни.
  • Сите поддомени се хостирани на една патека и хостинг компанијата со еден хостинг account ги додава и ги менаџира поддомените.
  • Дали ќе може самите да си креирате емаил адреси кога ќе посакате? Дали емаил комуникацијата ќе ви биде безбедна со вашите бизнис партнери?
  • Што ако Марнет или новата организација одговорна за .mk доменот одлучи да го исклучи .eu.mk доменот. Кој ќе ви ги надомести сите рекламни материјали со името на вашиот поддомен?
  • Што доколку компанијата што ви ја нуди моментално услугата престане со работа и одбие да биде одговорна за вашите поддомени објаснувајќи ви ја тогаш вистината за нивните поддомени?

Пак ќе напоменам, немам ништо против компанијата што го нуди ова, но треба да дадат објаснување дека не се работи за вистинско домен име и доколку некој се одлучи да закупи, да знае точно што купил и дека постои ризик со тоа поддомен име.
И за крај очекувам да се стави ред и да се запазат сите детали во иднина во врска со регистрација на .mk домените. Да се овозможи лесна, брза и електронска регистрација на домените, така да секој жител на Македонија би можел да си регистрира .mk домен име веднаш кога ќе посака и ќе му дојде идеа. Знам многу луѓе кои во моментот имале идеи за одредени имиња кои сакале да ги претворат во веб проекти, но поради спората регистрација и мануелните процедури истите се откажале и имињата ги занемариле.
Зошто во време кога скоро секој има кредитна картичка и интернет пристап да неможе веднаш да си регистрира свое домен име и да се радува дека е негово и започнал веднаш со реализирање на веб проектот 😉 .
ПС: Немам ништо против ниту кон новинарката што го објави текстот во Нова Македонија во врска со Марнет, туку имав само забелешка за насловот на статијата. Баш ми е мило што ме контактираше за изјава за Марнет и очекувањата во врска со новата организација која ќе биде одговорна за .mk домените. Па да се надеваме дека во иднина ќе добиеме еден современ регистрар!

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn
  • 🙂 ime.eu.mk e subdomen na domenot eu.mk.
    No krajniot korisnik dobiva domen koj glasi ime.eu.mk i toj e besplaten (Znachi nikade ne plakja korisnikot za domenot shto go korisi), osven za uslugata koja ja dobiva (hosting, webdizajn itn).
    ime.com.mk neli e poddomen na com.mk ???

  • Osven toa shto go pishav deka e besplaten :s sega gledam deka ne e besplaten.
    Epa kaj nas vo drzhavava se e sredeno pa sega kje chekame da se najde nekoj da go sredi registerot na .mk domeni za da mozhe da si registrirame domen.
    Osven toa dali go slushavte presot shto beshe voden od zamenik ministerot za informatichko opshtestvo vo vrska so liberalizacijata na MK domenot, kako odgovori na prashanje postaveno vo vrska so pristap na treti kompanii direkno do TOP Level-ot na .mk domenot.

    Bidejkji nemozham da go najdam sega presot (go slushav na it.com.mk) kje se obidam odprilika da kazham vsushnost koe beshe prashanjeto i koj beshe prvichniot odgovor na zamenik ministerkata.

    Prashanjeto: Dali kje mozhat treti kompanii vo periot od 17-09 chashot (znachi koga ne raboti marnet) da registriraat domeni.
    Odgovort: Pa da, tie kompanii shto kje bidat ovlasteni da prodavaat kje imaat odnapred zakupeno domeni :S :s :S :S :S ??????????????????
    DOSTA E!!!!

  • Здраво Миле,
    Да, точно така, ја имаме прегледано прес конференцијата пред неколку месеца во врска со либерализација на Марнет и навистина и ние сме разочарани од таквите одговори и пристапот кој го имаат.
    Сепак мислиме дека треба да дадат подетално објаснување, да не консултираат нас, компаниите кои утре ќе се трудиме да ги задоволиме најдобро нашите клиенти и да им доставиме домен кој ќе биде регистриран во секое време брзо и едноставно.

    Ти благодариме за читање на нашиот блог и за коментарите.