Грешки при изборот на веб хостинг

Поседувањето на сопствен веб простор може да биде огромен генератор на приходи и да развие успешна бизнис приказна. Но, внимавајте. Вистинскиот столб кој овозможува еден веб-сајт да биде успешен е соодветниот избор на веб хостинг. Хостингот е вашиот „приклучок“ кон онлајн светот и секако дека тој треба да биде доволно квалитетен за да ви овозможи беспрекорно функционирање на сите ваши потреби.

Секогаш кога учиме нови области правиме грешки, но ако сте нови во е-бизнисот, еве неколку совети кои можат да ви помогнат околу тоа што треба да внимавате при изборот на веб хостинг.

 

Погрешен избор на хостинг пакет

 

Она што е клучно прашање пред да изберете веб хостинг е да си поставите целна публика за вашиот веб-сајт. Дали имате потреба од голем број на посети? Или важно ви е да имате квалитетни кликови? Сакате само да направите блог кој ќе ве лансира во онлајн сферата? За сите овие потреби постојат и различни видови на хостинг пакети.

Ако сте почетник и сакате само да се „испробате“, постои и бесплатен хостинг. Сепак, сервисите и услугите од истиот се лимитирани, па ако сакате посериозно да навлезете во е-бизнисот, постојат повеќе опции од типот на shared хостинг, виртуелен сервер или дедициран сервер. Можеби ќе ви треба помал простор за податоците, но поголем сообраќај за користење. Или обратно. Сите опции се отворени, затоа добро анализирајте го вашиот niche.

SpeedDown

Лоша брзина

 

Дали знаевте дека според истражувањата на Kissmetrics, 1 секунда доцнење при отворање на еден веб-сајт учествува во намалување на 7% од конверзиите? За две секунди доцнење веќе одвлекувате 0% од потенцијалните купувачи.

Дефинитивно никој не се чувствува пријатно кога сурфа на Интернет и мора да чека повеќе од потребното за да се отвори некоја страница. Брзината е една од клучните работи за да одржите поголемо просечно време на читаност, поголем број на page views, помал bounce rate, и секако, поголемо задоволство кај посетителите.

Затоа, една од работите на кои мора да внимавате при изборот на хостинг е и брзината која се нуди, како и какви услови се дадени за истата (дали при надминување на определени лимити доаѓа до намалување на брзината) или слично. Важно е да знаете дека многу од овие фактори зависат и од големината, преоптовареноста со податоци или посетеноста на вашиот сајт.

offline

Сервис со лоша техничка поддршка

 

Колку и да се разбирате од информатичка технологија, секогаш е подобро кога има стручни лица кои можат да ви ги решат проблемите по најбрз можен пат. Самото чувство дека некој стои позади вас 24/7 е доста олеснително за вие да може да се посветите на останатиот дел од одржување на веб-сајтот.

Затоа, при изборот на веб хостинг сервис е особено значајно да посветите внимание на достапноста на екипата која ви го продава продуктот, нивната стручност и посветеност, како и услужност за решавање на сите ваши потреби.

 

Проблеми со сигурноста и безбедноста

 

Успешно искуство во е-купувањето значи и задоволни корисници кои во иднина повторно ќе се вратат назад. Успешноста подразбира и посетителите/купувачите на вашиот веб-сајт да се чувствуваат безбедно кога станува збор зачувување на нивната приватност и сигурност при сурфање.

Секој може да биде подложен на Интернет напади, но добар веб хостинг сервис со својата техничка поддршка и бек ап податоци ќе биде постојано на услуга за решавање на ваквите проблеми.

servdown

Недоволна стабилност

 

Интернетот е „продавница“ која никогаш не се затвора – Можете да отидете во трговски центар само во определен период од денот и да купите тоа што ви треба, но на Интернет услугите се достапни 24/7.

Поради тоа е многу важно да одберете веб хостинг сервис кој ви нуди стабилност во услугата и гарантира uptime од 100%. Во спротивно, како што проблемите со брзината и безбедноста можат да бидат лоши по репутацијата на вашиот е-бизнис, недоволната стабилност и неможноста на вашите корисници да ве пронајдат во било кое време дефинитивно ќе биде апсолутно кобен за резултатите кои сакате да ги постигнете.