Кој е најстариот македонски сајт?

Интернетот денес претставува многу повеќе од систем на компјутерски мрежи кои го поврзуваат целиот свет со цел разменување на податоци. Интернетот се претвори во место за едукација и забава,

Истовремено, интернетот ја олесни комуникацијата во општеството, односно, го промени од корен начинот на водење на секојдневниот живот. И населението во нашата држава ги користи бенефициите на глобалната мрежа. Последните податоци покажуваат дека во Македонија во 2022-та година пенетрацијата на Интернет корисници е над 80%,

Но, каде е почетокот на интернет приказната?

Во светски рамки, познато е дека Интернетот како што го знаеме денес потекнува од 60-тите години со мрежата на Американското министерство за одбрана (ARPA) – ARPANET. За официјален почеток, се смета создавањето на TCP/IP протоколот за комуницирање на долги растојанија во 1983-та година. Комерцијалната употреба се овозможува со создавањето на сервисот „светска пајажина“ (world wide web – WWW) во 90-тите години.

Кога станува збор за историјатот на интернетот во Македонија, информациите до кои може јавно да се дојде се ограничени. Пред неколку години, сајтот IT.com.mk направи истражување околу овој проблем.

Која е првата македонска веб страница?

Според дигиталната интернет архива на Wayback Machine, најстар зачуван веб-простор на македонски јазик е корпоративниот сајт на некогашните „Македонски пошти и телекомуникации“. Токму на овој сајт може да се најдат прилично ретки и интересни информации околу интернетот во Македонија.

Основа за развојот на интернетот кај нас, како и на други комуникациски сервиси претставува Македонската јавна мрежа за пренос на податоци со комутација на пакети (МАКПАК). Оваа мрежа е изградена изградена токму од МПТ (претходно позната како ПТТ Македонија) и која овозможувала поврзување на компјутерска и терминалска опрема.

МАКПАК бил изграден со мрежниот систем за поврзување DPN-100 на Northern Telecom (Nortel Networks), како и Motorola Codex модемите. Поддржувал повеќе протоколи, како ITU-T, IBM, API и T3 POS. Некои од сервисите кои ги овозможувал вклучувале бази на податоци, виртуелни приватни мрежи, клиент-сервер системи, верификација на кредитни картички, Интернет сервиси и слични, а кои се од големо значење за бизнис клиентите.

ПТТ Македонија во 1995-та одлучила да го преземе чекорот за поврзување на Интернет. Воспоставувајќи врска со MCI Communications, официјално комерцијалниот интернет во Македонија преку dial-up пристап започнал на 7-ми декември 1995-та.

Околу опремата за поврзување, ПТТ Македонија користела рутери од Cisco Systems, серверска опрема од Digital Equipment Corporation, модеми од Motorola и конверторски уреди од RAD Data Communications.

Timeline на македонската Интернет историја

Интернетот во тој период генерално се користи од македонските јавни и образовни институции. Потоа, со комерцијализацијата се приклучуваат и првите фирми кои нуделе интернет услуги, како и поголемите компании. Околу почетокот на новиот милениум, се појавуваат и првите комерцијални портали, со што се создаваат услови за развој на интернет маркетингот кај нас.

Каков е развојот на интернетот во Македонија во наредните години?

Во средината на 2000-тите, дотогашниот стандарден dial-up пристап полека почнал да се потиснува со појавувањето на широкопојасниот интернет. Новите можности како DSL или кабелскиот интернет уште повеќе ја зголемуваат брзината при сурфање. Воведот во новите технологии овозможува драстичен пад на цените за широка потрошувачка и се поголема пенетрација во македонските домаќинства.

Во денешно време, најголем предизвик на македонскиот интернет пазар е развој на е-трговијата. Оваа област не само што може да влијае на економскиот раст на Македонија, туку во исто време го иницира и претприемништвото, го поттикнува пазарот на понуда и побарувачка и истовремено е од голема корист за населението.

Интернетот денес

Денес Интернетот освен за едукација и забава, за многумина претставува и извор на приходи. Дали се прашуваш како еден сајт може да функционира и постои во онлајн просторот? Погледни ја нашата кратка приказна која ќе ти го поедностави поимот „веб сајт“.