Избор на бесплатни теми за WordPress

Изгледот на вашиот веб-сајт е една од најважните работи за задржување на посетителите и градење на целокупен визуелен впечаток околу вашиот бренд. Токму затоа изборот на дизајн треба да ги отсликува вашите потреби, да го зајакне брендот, а најважно е да претставува добро искуство за вашите посетители и потрошувачи.

Со самата инсталација на WordPress на вашиот хостинг, имате широки можности за тоа како да го уредите вашиот сајт. Најдобрата работа е што пазарот на WordPress теми е толку проширен, што многу од нив можат да се најдат и бесплатно. Иако порано се сметаше дека бесплатните теми се неквалитетни и дека само оние кои се плаќаат навистина вредат, денес со хиперпродукцијата во оваа област може да се пронајдат работи за сечиј вкус. Можеби платените теми нудат повеќе, но секогаш е подобро да се избере бесплатна тема, отколку евтина платена тема.

Инсталирањето на теми е прилично едноставно и во само неколку чекори:

  • Download на фајлот и правење на негов upload во WordPress администраторскиот панел во одделот за инсталација на нови теми
  • Активирање на темата преку wp-admin панелот во Appearance > Themes

Основен извор на WordPress теми е самиот сајт на компанијата, меѓутоа истиот нуди ограничен избор.

Сепак, многу фриленсери, програмери и компании за да ја испромовираат својата работа пуштаат бесплатни верзии на своите теми.

Дел од изворите на кои може да се пронајдат бесплатни теми за WordPress:

Можеби некогаш во текот на развојот на вашиот бизнис ќе ви треба и премиум (платена) тема, меѓутоа на почетокот сигурно ќе сакате трошоците да ги сведете на минимум. Не само во финансиска смисла, туку и од аспект дека ќе треба да се соочувате со нови непознати работи кои ќе треба самите да ги конфигурирате, како и со многу непотребни додатоци (плагини).

Затоа е најсигурно да се започне со бесплатна тема, посебно ако сте почетник во WordPress и треба да го искусите за прв пат.

Најмногу треба да се внимава на работи како:

  • Дали дизајнот е user friendly
  • Дали темата е прилагодена и за мобилна верзија (responsive design)
  • Дали темата е прилагодена за добар search engine optimization
  • Дали е лесна за конфигурирање
  • Дали е безбеден за користење

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.