Како да направам онлајн содржина која ќе ја зголеми продажбата?

Правење на квалитетна и креативна содржина за landing page е вистински предизвик, а изработка на landing page кој ќе успее да конвертира е најпосакуваната цел на секој кој поседува сопствен онлајн бизнис.

Тогаш, како може да се дојде до содржина која може да конвертира и да донесе повеќе продажба?

Познавање на сопствените цели

Секогаш е потребно познавање на сопствениот продукт, публиката до која треба да допре тој продукт, а исто така и која е демографијата која треба да реагира и да конвертира.

Според тие спецификации, еден landing page треба да биде формиран соодветно со специфични бои и форми кои го дефинираат брендингот на твојот онлајн бизнис, речник соодветен на таргет публиката, како и прилагодлив дизајн кој ќе одговара на современите начини на конзумирање на интернетот.

Кој е конкретниот бенефит?

Landing page како поим има една основна задача, а тоа е да се фокусира на еден конкретен бенефит кој е од значење за таргет публиката. Не е важно целото портфолио на продукти или услуги кои се нудат, туку токму определена работа која решава одреден проблем (на пример попуст на услуга).

Фокусот на бенефитите овозможува да се задржи вниманието на посетителот на сајтот, кој наместо да биде експониран на вариетет од информации кои ќе му го одземат вниманието, ќе биде воведен кон точно определена информација која што може да го реши токму неговиот проблем.

Оттука, можностите за конвертирање се уште поголеми.

Употреба на бројките

Она што не може да се објасни со зборови, е уште подобро да се потенцира со определена бројка.

Психолошки факт е дека луѓето добро реагираат на конкретни вредности со бројки и статистики – колку клиенти има твојот бизнис, или пак колку твојата услуга што се рекламира на конкретниот landing page се продала во последниот месец…

Освен што бројките ги скратуваат долгите реченици и објаснувања, визуелно се привлечни, и ја зголемуваат стапката на конверзии.

Call to action (CTA)

Доаѓаме до финалето на она што треба да претставува врвот на еден квалитетен landing page, а тоа е „повикот за акција“ кон посетителот.

Освен што CTA треба да биде истакнат во посебен визуелен дел (копче) и да биде на ударно место на твојот landing page, препорачливо е да биде што пократок и повлијателен (на пример – Купи веднаш).

Колку и еден посетител да не ги види останатите делови што се понудени на конкретниот landing page, визуелно веднаш ќе го забележи CTA, а за да биде привлечен од истиот, секако дека првиот впечаток е најважен.