Како да продадете повеќе преку вашиот веб сајт?

Дизајнот на веб сајтовите постојано еволуира со новите технологии кои стануваат достапни, а со тоа и начинот на кој истите се презентираат на Интернет корисниците.

Кои се техниките и иновациите кои ќе преовладуваат во наредниот период кој претстои? Како може преку дизајнерски решенија да обезбедите поголема конверзија, односно продажба со вашиот веб сајт?

Демографски респонзивен дизајн

Кога ќе се спомне зборот „респонзивно“, обично се мисли на мобилно респонзивен дизајн за веб сајт. Сепак, дали сте знаеле дека луѓе од различни возрасти, различно реагираат на она што им се пласира преку Интернет.

Со метадатата која станува сè подостапна, така и податоците за корисниците кои го посетуваат нашиот веб сајт стануваат посовршени.

Правење на диференцирани дизајни за различни возрасни групи, кои вклучуваат различен тип на содржина, бои и целокупна естетика, во наредниот период ќе има голема улога во успешноста обичните посети да се претворат во конверзии.

Скелетен дизајн

Многу е важно правилно да се дозира содржината која се пласира на определена страница од вашиот веб сајт. Еден од клучните елементи е, страницата да се прикаже доволно брзо.

Еден од новите трендови е прикажување на страниците во прогресивна насока, односно од едноставно кон сложено, кога корисникот управува со навигацијата.

Ваквиот начин на дизајн има голема улога во намалување на bounce rates на еден веб сајт.

Shopping cart маркетинг

Вкупната нарачка веќе не завршува кога корисникот веќе е во фаза на купување на одреден производ од вашиот веб сајт.

Дури и во фазата кога корисникот ги внесува своите податоци, може да му инсертирате „последна шанса“ и да генерирате уште повеќе приходи.

Принципот на врзани произоди, попусти на втор купен производ, како и други стратегии стануваат сè поефективни во виртуелниот shopping cart.

Растот на landing pages

Специјализираните промотивни страни (landing pages) ќе добијат уште поголема вредност. Може да се каже дека концептот на класична насловна страница (homepage) е во фаза на изумирање. Истите ќе имаат сè помало влијание при конвертирањето на корисниците во потрошувачи.

Специјализираните страни се изработени специфично за определена таргет публика, со определена содржина и порака, и влијаат на одреден број на корисници кои со голема сигурност би направиле одредена нарачка за некој производ.

Никогаш полесно до сопствен веб сајт!

Нова понуда од МКхост – Единствен целосен пакет со вклучена база од 10+ веб темплејти, веб хостинг и бесплатен домен! Само со 3 едноставни чекори, стартувај го својот сопствен веб сајт за само неколку минути! Погледни го MKhost Premium и започни веднаш!