Како да започнеш со промоција на твојот веб сајт?

Секој почеток е тежок, и истиот подразбира дека најверојатно располагаш со ограничен и испланиран буџет. Па, како најефикасно и ефективно да започнеш со твојот план за промоција?

Социјални мрежи

Во однос на социјалните мрежи нема премногу калкулирање дали треба или не треба да се промовира на нив.  Доволен е податокот дека над 1,2 милиони македонски граѓани користат Facebook, а над 100.000 Twitter.

Сепак, потребно е да се направи соодветно истражување – која социјална мрежа е најпогодна за тебе? Какви содржини сака твојата целна публика? Колку често треба да постираш, а да не им здосадиш на твоите фанови?

Сето ова се прави со постојано следење на трендовите и резултати кои ги има во посебни insights.

Search engine optimization (SEO)

Реалноста е дека од Google нема бегање. Од особена важност е да бидеш присутен на првата страница при пребарувањата.

Тоа е подолг процес, на кој се работи со квалитетна содржина и клучни зборови на твојот сајт. Целта е да се добијат што повеќе квалитетни органски пребарувања, кои носат повеќе конверзии.

маркетинг на сајт

Блогирање

Блогот спаѓа во еден од начините за контент маркетинг за кој веќе пишувавме дека е неопходен за да опстои еден онлајн бизнис.

Одржувањето на еден блог подразбира освежување со содржини кои се од интерес на твојата целна публика. При истото, треба да се внимава на фреквенцијата на обновување на содржини – односно таа да биде константна.

Емаил маркетинг

Листите кои ги подесуваш со потенцијални клиенти се од огромна вредност – тие на некои начини претставуваат leads кои веќе се заинтересирале за твојот производ.

Овие leads треба да се користат за постојано да се потсетуваат за новостите кои ги нуди твојот онлајн бизнис. Исто така, може да им се презентира твојот контент маркетинг на персонализиран начин.

Клучни перформанси за мерење на успешноста кај емаил маркетинг се – бројот на читатели кои ја отвориле пораката. Уште поважно – бројот на читатели кои кликнале на линк во пораката.

Word of mouth

Никогаш не ја потценувај моќта на еден обичен потрошувач за да ја пренесе пораката за твојот производ на неговата околина.

Направи онлајн производ со кој ќе поттикнеш твоите клиенти да зборуваат за тебе. Со твојата приказна и визија ќе им дадеш повод да го рашират зборот. Со социјалните мрежи, ова ширење станува уште побрзо и „вирално“.