Како до одличен landing page?

Почетната страница на твојот сајт (home page) не е секогаш идеална за да се постигне определена конверзија. Многу од целите на сајтот, меѓу кои и ефикасната продажба онлајн сè повеќе се остваруваат со помош на т.н. landing pages.

Што е landing page?

Landing page е посебен дел од веб сајтот, кој не е поврзан директно со останатите содржини. Истиот треба да презентира точно определена содржина за некој бренд/производ и да има соодветна намена.

Таа намена е најчесто отсликана како специјална понуда која треба да привлече одредена публика.

онлајн продажба

Зошто landing page?

Постоењето на landing page е од клучно значење за привлекување на најтаргетираните корисници и потенцијални клиенти. Истите тие би требало да направат определена конверзија на твојот сајт.

Овој landing page се пласира преку точно одредени маркетинг канали кои сметаш дека се најсоодветно таргетирани за твојата целна публика. За разлика од почетната страница, која привлекува mass appeal публика, landing pages имаат точно дефинирана намена (цел за конверзија).

На пример, landing page за нова промоција на твојот бренд, или пак landing page за градење на специфична емаил листа.

Визуелен идентитет

Многу е важно тоа што ќе го види посетителот на твојот landing page да соодвествува на промоцијата што го довела до истиот. Користење на ист дизајн, фонтови и бои е задолжително.

Визуелниот впечаток има огромно психолошко влијание врз посетителите и преставува еден од детерминирачките фактори дали истите ќе извршат конверзија.

Од дизајнерски аспект, значајно е најважната содржина (ударниот наслов и текст и понудата) да бидат пласирани во горниот дел, кој ќе се отвори веднаш штом се кликне на овој landing page. Така, корисникот нема да мора да се движи подолу. Отстранување на главното мени и останати линкови е исто така препорачливо, за фокусот на посетителот да биде на конкретната понуда.

Влијанието на текстот и содржината

Добрата содржина која привлекува внимание е секогаш добредојдена и од помош. Како што кажавме, ударниот наслов и текст, односно клучната порака на понудата, треба да биде пласирана во горниот дел, односно најприоритетно.

Истите клучни зборови од пораката која се испраќа, треба да циркулираат во целокупниот пласман на понудата – од промоција, до landing page, па сè до пост продажбата.

Значењето на Call to action

Соодветно call to action копче е исто така еден од важните визуелни моменти. Ова копче е клучно кога корисниците треба да направат некаква конверзија.

„Нарачај веднаш“, „Продолжи“, „Стартувај“… се само дел од кратките и прецизни опции кои може да се користат како call to action.