Заборавете на почетната страница, односно home page како основен извор на кој вашите потенцијални клиенти треба да конвертираат во активни клиенти. Ефикасната продажба онлајн сè повеќе се насочува преку landing pages.

Што е landing page?

Landing page е посебен дел од веб сајтот, кој не е поврзан директно со останатите содржини. Истиот треба да презентира точно определена содржина за определен бренд/производ и да има точно определена намена.

Таа намена е најчесто отсликана како специјална понуда која треба да привлече одредена публика.

Зошто landing page?

Постоењето на landing page е од клучно значење за привлекување на најтаргетираните корисници и потенцијални клиенти кои би требало да купат одреден производ од Вашиот веб сајт.

Овој landing page се пласира преку точно одредени маркетинг канали кои Вие сметате дека се најсоодветно таргетирани за целната публика која Ви е потребна. За разлика од почетната страница, која привлекува mass appeal публика, landing pages имаат точно дефинирана намена.

На пример, landing page за Вашата нова промоција, или пак landing page за градење на Вашата емаил листа, и слично.

Визуелен идентитет

Многу е важно она што ќе го види посетителот на вашиот landing page да соодвествува на промоцијата што го довела до истиот. Користење на ист дизајн, фонтови и бои е задолжително.

Визуелниот впечаток има огромно психолошко влијание врз посетителите и преставува еден од детерминирачките фактори дали истите ќе извршат конверзија.

Од дизајнерски аспект, значајно е најважната содржина (ударниот наслов и текст и понудата) да бидат пласирани во горниот дел, кој ќе се отвори веднаш штом се кликне на овој landing page, со што корисникот нема да мора да се движи подолу. Отстранување на главното мени и останати линкови е исто така препорачливо, за фокусот на потрошувачот да биде на конкретната понуда.

Влијанието на текстот и содржината

Добрата содржина која привлекува внимание е секогаш добредојдена и од помош. Како што кажавме, ударниот наслов и текст, односно клучната порака на понудата, треба да биде пласирана во горниот дел, односно најприоритетно.

Истите клучни зборови од пораката која ја испраќате, треба да циркулираат во целокупниот пласман на понудата – од промоција, до landing page, па сè до пост продажбата.

Значењето на Call to action

Соодветно call to action копче е исто така еден од важните визуелни моменти. Ова копче се наоѓа веднаш под формата на која корисниците ги оставаат потребните податоци.

„Нарачај веднаш“, „Продолжи“, „Стартувај“… се само дел од кратките и прецизни опции кои може да ги користите како call to action.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn