Како до побрз веб сајт?

CPNGINX е комплетна интеграција на cpanel и NGINX. Добро ни се познати предиспозиите на работењето на NGINX над Apache, но отсекогаш cpanel на некој начин не го „одобрувал“ ова користење на NGINX over Apache, наоѓајќи изговор во некомпатибилноста на работењето на целокупниот cpanel систем со NGINX.

Сепак, најголем дел од хостинг компаниите инсталираа NGINX над Apache со цел зголемување на перформансите, постабилни сервиси и побрз response на веб страниците хостирани на дадениот сервер. Но, со најновата верзија на WHM/Cpanel v 62 користењето на ваквиот тип на инсталација на NGINX е оневозможен, поточно е целосно некомпатибилен. Токму затоа, тука е CPNGINX – првиот комплетно интегриран софтер на cpanel и NGINX.

Кои се предностите?

МКхост започна со имплементација на CPNGINX на дел од серверите кои веќе ја користат новата верзија на cpanel/whm и предиспозииците кои се добиваат најпрво за крајните корисници се големи.

Една од најважните карактеристики на CPNGINX е што овоможува голема оптимизација на сајтовите поставени на серверот и кеширање на податоците, а сето тоа со една иста цел – намалување на response time на самата веб страница. Со користење на оптимизацијата и кеширањето на податоците на CPNGINX се намалува искористеност на серверските ресурси, а со тоа се зголемува бројот на барања (requests) кoи серверот може да ги опслужи за истиот тој хостинг со истите тие ресурси.

Дополнителна предност на CPNGINX е нековиот user friendly интерфејс. Истиот започнува од самата едноставна и брза инсталација, понатаму едноставно сетирање и конфигурација а на крај и едноставно постојано менаџирање не само на нас како администратори, туку едноставно менаџирање и на самите корисници.

Дел од корисниците на МКхост сигурно веќе ги имат забележано иконите и различните сетинзи кои CPNGINX ги нуди на самиот cpanel.

Карактеристики на CPNGINX

-Поголема оптимизација на Вашиот сајт
-Поголем response time на Вашиот сајт
-Различни опции за користење на веб сервер – стандардно NGINX е поставен на тој начин што тој ги опслужувачи сите статички фајлови, а Apache сите динамички фајлови, но може да искористите некои од custom made модулите наменети за веб сајтови изработени во едни од најкористените платформи WordPress, Joomla, Drupal и со само еден клик да го зголемите response time на Вашата веб страница
-User Friendly Интерфејс
-Поголема безбедност на вашиот сајт и заштита од различни напади како SQL injections
-Овозможено кеширање на Вашите фајлови со цел поголема оптимизација на Вашиот сајт.

Како да го имплементирате?

Доколку се решите да ги погледнете моменталните конфигурации на cpnginx за Вашиот хостинг или доколку сакате да промените некоја вредност, слободно најавете се на Вашиот cpanel и кликнете на делот CPNGINX Panel, или контактирајте лице од техничка поддршка на МКхост на 02 2791 722.