Како до сопствен веб сајт за помалку од 100 евра?

Несомнено е дека во денешната дигитална ера онлајн присуството на компаниите е задолжително. Без разлика на големината и фазата во која тие се наоѓаат. Многу од претприемачите и сопствениците на бизниси веб сајтот го сметаат за трошок, иако подоцна сфаќаат дека тоа е инвестиција која повеќекратно ќе им се исплати со текот на времето.

За еден веб сајт да биде функционален и достоинствено да го претставува Вашиот бизнис 24/7 часа во денот, 365 дена во годината не се потребни илјадници евра. Потребна е само мала самоиницијатива и ќе издигнете сајт за помалку од 100 евра. Да. Добро прочитавте. Во продолжение следуваат кратки инструкции како да го направите сами Вашиот прв веб сајт.

1. Изберете домен

Доменот на интернет е она што претставува адресата на Вашата фирма во реалниот свет. Преку доменот луѓето пристапуваат на Вашиот сајт.

Кога го избирате домен името за Вашиот веб сајт, потрудете се да најдете домен кој ќе ги има следните карактеристики:

Краток и лесен за паметење и пишување, при што треба да се избегнуваат бројки како карактери

Треба да го содржи клучниот збор преку кој би ве барале на интернет (пример: Ако вашата фирма е за продажба на мебел тогаш потенцијалните купувачи најверојатно би пребарувале: Салон за мебел, продажба на мебел и тн… Потрудете се да најдете домен кој би го содржел зборот мебел)

Бидете сигурни дека никој друг претодно не го закупил или заштитил тој домен. Ако веќе имате некоја идеја за домен веднаш проверете дали е слободен и закупете го пред некој друг да го направи тоа.

Изберете соодветна наставка ( .com; .com.mk; .org; .net; .biz и тн.). Наставките имаат свое значење. Пред да ја изберете информирајте се која најдобро соодвествува за Вашиот тип на сајт. На пример .org е за непрофитни организации; .me за блогови и лични сајтови; .info за информативни сајтови и тн.-

Заштитете го доменот. Многу често се случува конкурентите да закупат варијации на Вашиот домен и да ви ги крадат купувачите. Затоа најдобро е да ги закупите сите варијации за кои што сметате дека е веројатно да ги користат Вашите купувачи. На пример ако Вашиот домен е detskipostelnini.com.mk закупете и deckipostelnini.com.mk. Во најдобар случај направете го тоа за .com и .mk наставките. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на Вашиот бренд.

2. Изберете соодветен хостинг пакет

Хостингот е простор на интернет каде што стои Вашиот сајт. Пред да се одлучите колкав простор Ви е потребен, добро размислете од каде ќе купите хостинг. За да си ја олесните работата во иднина, откако ќе го подигнете сајтот, изберете хостинг кој е стабилен и компанија која нуди постојана техничка поддршка.

Откако сте одлучни за хостинг снабдувачот време е да изберете хостинг пакет. Од големината на хостинг пакетот ќе зависи и цената. Совет околу кој хостинг пакет да го купите можат да ви дадат луѓето од хостинг снабдувачот. МКхост нуди пакети кои задоволуваат најразлични бизнис потреби. Цените се движат од 240 мкд/мес до 590 мкд/мес зависно од големината на сајтот кој сакате да го хостирате.

3. Веб дизајн

WordPress е платформата на која се прават најголем број на сајтови, од едноставни, па до најсофицстицирани интернет продавници. Едноставна е за користење и со малку креативност може да направите одичен сајт. Инсталацијата на WordPress е бесплатна и може да најдете безброј туторијали и инструкции како тоа се прави. Тука можете да погледнете како тоа се прави брзо и едноставно.

WordPress темата е во суштина најголемиот финансиски издаток кој се прави при креирање на сајт. Нивната цена варира од неколку десетици до стотици евра. Сепак, многу извори нудат и бесплатни теми за WordPress.

Постојат и други опции и платформи со кои може да се изгради целосен веб сајт. Со новата понуда на МКхост, Вие можете да добиете база од повеќе од 10 теми за веб дизајн вклучени во пакет заедно со веб хостинг и домен. Со тоа ќе имате комплетно решение за Вашиот нов веб сајт. Истиот ќе биде со одличен модерен дизајн, респонсивен за сите уреди и лесен на користење.

Со ова, Вие добивате целосен веб сајт кој ќе биде подготвен за работа за неколку минути, за помалку од 100 евра.

 

 

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.