Интернетот, од неговата комерцијализација во раните 1990-ти, па до денес, постојано се менува. Од веб страници кои користат само обичен HTML и CSS, денес сме до фаза кога најраспространети и највредни се апликациите за смарт телефоните кои можеме да ги носиме секаде со нас. Како Интернетот ќе изгледа во претстојните години? Магазинот Forbes има неколку теории околу оваа проблематика.

Информацијата како ресурс со развој на Интернетот добива на сè поголема цена. Веќе на големо се зборува за Интернетот на нештата (Internet of Things – IoT) и неговата улога во нашите секојдевни животи. Моменталните предвидувања се дека истиот комплетно ќе биде имплементиран во следните 15 години. Преку IoT, Интернетот ќе има удел, од фрижидерите кои ги имаме во нашите домови, па сè до паричниците и паричните валути.

Виртуелноста исто така ќе станува сè пореална. Augmented reality со идната генерација на уреди ќе биде поизразена и подостапна за поголема и посеофпатна публика. Google Glass и Microsoft HonoLens веќе ја менуваат средината.

Бизнисите се обидуваат постојано да бидат во чекор со новите технологии и трендови, со цел да ги искористат и најголемите бенефити, бидејќи првите секогаш го собираат „она најдоброто“. Сепак, со константниот развој на мрежата, ќе биде сè потешко адаптирањето.

Во иднина, се смета дека веќе нема да биде потребно постојано конектирање на различни бежични уреди и мрежи. Едноставно, постојано ќе можеме да бидеме конектирани на Интернет од секоја можна светска локација. Што значи, тука веќе зборуваме за светско конектирано Интернет општество.

Најинтересниот факт е, дека Земјата во иднина нема да биде единствена планета која ќе има пристап на Интернет. Во иднина, ако успее планот за посета на Марс, Интернетот ќе биде пресуден за поврзување помеѓу двете планети. Сепак, за да стигне сигналот назад до Земјата, ќе бидат потребни 24 минути.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn