Како помина првиот CareerLaunch?

Како што се најавуваше, така и се случи – првото издание на CareerLaunch успешно се одржа во четвртокот (13-ти октомври) во Public Room со над 500-тини посетители. 13 компании со свои штандови на кои се презентираа, 7 гости презентери, како и 2 работилници беа дел од овој саем за вработување и кариера.

И од организацијата која го создаде настанот, задоволни од постигнатиот успех.

„Оваа бројка покажува дека стартап заедницата ќе расте. Тимот на CareerLaunch ќе продолжи да работи на оваа идеја за започнување на нова кариера. Нова кариера исполнета со креативност, иновативност и учење.“

 

14711211_1188393054537693_5271317389789044868_o

 

Посетителите, пак, во најголем беа студенти на факултети од сите области, но можеше да се најде и повозрасна публика која сè уште е заинтересирана за да се надоградува и да биде во тек со новостите околу можностите во кариерата. Сите задоволни од амбициозноста и посветеноста на младите во нашата држава за да ја пронајдат својата кариера од соништата.

 

14753496_1187577367952595_7371319686107175578_o

 

 

Нашето предавање со наслов „Интернетот како начин за водење бизнис – Од веб сајт до заработка“ помина во одлична атмосфера. Околу четириесеттина присутни на презентацијата од МКхост дознаа повеќе за тоа како од технички и економски аспект може да се развие еден веб сајт како продукт. Следуваше и работилница во која сите заинтересирани можеа да ја споделат својата визија за тоа каков веб сајт би отвориле и каков бизнис модел би се употребил за истиот.

Четворицата најкреативни, кои добија бесплатен хостинг и домен од МКхост за да си ги остварат своите идеи се:

-Ангела Ѓорѓиоска
-Глигор Шијаковски
-Анета Арсова
-Филип Боневски

 

 

prezentacija

 

14682195_1187577054619293_1537835335439664479_o

 

 

 

Организаторите Summer Work and Travel Alumni Macedonia и Младински Инфо Клуб Скопје веќе најавија дека во план е да се подготвува и второ издание, наречено CareerLaunch 2.0. Планот е да се одржуваат по две изданија во текот на една година.