Кога треба да се користи Windows хостинг?

Одлучивте да започнете со сопствен веб сајт. Го одбравте изгледот на сајтот, неговото име, како и содржините кои ќе ги пополнувате. Остана уште едно клучно прашање – која платформа ќе ја изберете за веб хостинг?

Linux наспроти Windows

Најголемите две платформи користени за веб хостинг во светски рамки се Linux и Windows.

Linux е познат по концептот на shared хостинг, поддржувајќи технологии како php и MySQL, што го прави соодветен за сајтови преку WordPress и слични платофрми. Негативноста на Linux е што нецелосно е компатибилен со технологиите на Microsoft.

Од друга страна, Windows хостингот го користи Windows како оперативен систем за серверите и нуди специфични технологии како ASP, .NET, Access и MSSQL.

Забуна со оперативниот систем

Многумина кои сакаат да започнат веб сајт се во забуна мислејќи дека ако, компјутерот преку кој се управува веб сајтот користи Windows оперативен систем, исто треба да е случај и со хостингот, односно треба да се користи Windows.

Сепак, тоа не е точно, и изборот за тоа која хостинг платформа ќе ја изберете воопшто не зависи од оперативниот систем.

Разлика во цената

Едно од најчесто поставуваните прашања е околу разликата во цените на Linux и Windows хостинзите. Linux работи на бесплатен, open source систем, и оттука не постојат лиценци за хостинг провајдерите за негово користење.

Од друга страна, за Windows потребна е лиценца од Microsoft која значително ја зголемува цената во однос на Linux хостингот.

Кога се препорачува да се користи Windows хостинг?

И Linux и Windows хостингот претставуваат компетитивни решенија за Вашиот веб хостинг. Конечниот избор треба да зависи од технологиите на кои се потпира сајтот.

Доколку сакате да започнете обичен веб сајт преку WordPress или форум кој користи phpBB, Linux хостингот би бил доволно решение.

Но, на пример, ако сајтот побарува специфични технологии од Microsoft, како што се Access или MSSQL датабази, како и употреба на .NET технологии, тогаш Windows хостингот е вистинското потребно решение кое треба да го искористите.

Windows хостинг во МКхост

МКхост како најголемиот македонски хостинг провајдер, во своето портофолио на производи нуди и Windows хостинг пакети.

За повеќе детали околу нивните перформанси, и специјалните цени по кои може да ги нарачате, кликнете тука.