Која е идеалната должина на еден домен?

Дали некогаш сте се запрашале колку максимално долг може да биде еден регистриран домен? Ни помалку, ни повеќе – делот пред екстензијата може да содржи точно 63 карактери. Секако, тоа не значи дека кога ќе отворите веб сајт, треба да регистрирате толку долго име.

Со целокупниот развој на социјалните мрежи, агрегаторите и пребарувачите во изминативе години, директните посети можеби делуваат како да се „фрлени“ во втор план, што доведува до прашањето – Зошто би било значајно името на доменот за еден веб сајт да функционира успешно?

Истото прашање може да се постави и за телефонските броеви. Ги памтиме уште поретко, но имаме телефонски именици. Сепак, сигурно е дека имате барем неколку телефонски броеви кои ги памтите поради нивната едноставност, или пак важност за вас.

Затоа и директната посетеност е од големо значење – на сопственикот на веб сајтот дава сигнал дека – или неговите посетители им е доволно лесен да го запамтат и впишат директно, или е премногу важен за истите.

Тогаш, како може да ги „натерате“ посетителите да се приклучат директно на вашиот сајт? Освен совети од повеќе аспекти околу тоа како да го изберете идеалното домен име, многу е важно да се избере и идеалната должина на домен.

 

Целосно име или кратенка?

Иако генералниот впечаток е дека „помалку е подобро“, не мора секогаш да биде точно тоа. Доколку името на вашата компанија / веб сајт, содржи повеќе зборови (на пример Мојата Прва Компанија), постои опција вашиот домен да биде mojataprvakompanija.mk, што навидум делува како голем број на карактери.

Сепак, поврзаноста на зборовите е лесна за паметење и не би требало да претставува компликација при директно внесување на домен името во пребарувачот. Ако сметате дека името на вашата компанија од повеќе зборови е повеќе препознатливо по својата кратенка (МПК наместо Мојата Прва Компанија), опцијата да го регистирате mpk.mk е исто така разумна.

Секако дека подолг збор за домен од типот на asakeskfkasdfkasdsfd.mk не би имало никаква смисла да се употреби за домен.

 

Проблемот со кратките зборови

Уште минатата година на нашиот блог пишувавме за растечкиот проблем со недостаток на кратки зборови и домени. Дури и гигант како Google се соочува со вакви ситуации, во кои креативноста мора да преовладува, за да може да се решат на што поедноставен начин.

.com (или .mk за македонскиот пазар) не мора секогаш да бидат единствено решение за да се успее во онлајн светот. Би можело да се рече дека домен име како abc.xyz многу полесно е за памтење и пишување отколку alphabet.com.

 

Што велат статистиките?

Околу 10% од регистираните .com домени во 2013-та содржело околу 5-6 карактери, објавува американската компанија Verisign. Меѓутоа, едно просечно домен име содржи 2 збора и околу 12-13 карактери.

Исто така, интересно е дека речиси 95% од комбинациите за .com домени од 5 карактери се и денес достапни. Но, со големиот проблем – најголемиот дел од нив би биле навистина тешки за да се запамтат.