Колку е сигурен вашиот веб сајт?

Сигурноста на веб сајтот, заедно со конзистентноста, безбедноста, и препораките од клиентите, ја означивме како една од клучните парамтери за тоа како еден онлајн производ може да ја зголеми својата бренд вредност, и со тоа да добие поголема конкурентна предност.

 

Како се зајакнува бренд вредноста на еден веб сајт?

 

Постојат повеќе чекори како вашиот сајт да го одржите безбедно и сигурно за посетителите. Кои се најчестите мерки кои треба да се преземаат?

 

Постојано одржување на софтверот

Апдејтите на целокупниот софтвер поврзан со раководењето на вашиот веб сајт е можеби еден од најлесните, но и клучни чекори за одржување на безбедноста. Со оглед на тоа дека девелоперите постојано се борат со хакерски напади, исто така константно работат на нови верзии на нивните софтвери, со цел да извадат подобрени сигурности перформанси.

Редовен back up на податоци

Секакви непредвидени работи или околности можат да се појават во онлајн работењето, дури и кога не го очекувате тоа. Правење постојан и редовен back up на податоците од сајтот ќе ви гарантираат дека главните содржини на вашиот сајт од клучен аспект за опстанок, секогаш ќе можете да ги вратите назад, што и да се случи.

lozinka

Лозинки

Не треба да се кажува многу за важноста на лозинките во целокупниот процес на безбедноста на информациите. Затоа, во ниеден случај не смеете да ставате едноставни и генерични лозинки (од типот на ‘123456’ или ‘password’, кои статистички се најкористените две лозинки на cloud сервисите!) и да употребите сопствени комбинации од букви, бројки и знаци како најсигурна варијанта.

SSL сертификати

Кога се работи на веб сајт со сензитивни податоци (посебно оние кои се занимаваат со електронски бизнис), SSL сертификатот е задолжителен. Https:// протоколот (кој е гаранција дека сајтот има ваков сертификат), дава сигурност за корисниците дека е безбедно да купуваат и да ги споделуваат нивните информации токму на вашето место.