Корисниците на Ехост стануваат дел од семејството на МКхост

Најголемиот македонски веб хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост го проширува своето семејство на задоволни корисници. На 15-ти август 2015, ВЕБ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ (Ehost.mk) и МКХОСТ ДООЕЛ склучија договор со кој поради подобрување на услугите за веб хостинг, домени и техничка поддршка околу истите, досегашните клиенти на Ехост стануваат дел од МКхост.

 

Новите корисници ќе мигрираат постепено во текот во наредните 30 дена, период во кој нема да имаат никаков прекин на хостинг услугите. Миграцијата нема да предизвика никаков дополнителен трошок за клиентите. Откако ќе бидат официјално префрлени, ќе бидат контактирани по телефон и преку електронска пошта од страна на МКхост за да бидат информирани за новиот начин на пристап до услугите (контролен панел, корисничко име, лозинки…). До истекот на моменталниот договор, корисниците ќе продолжат со истите услови како и досега во Ехост, истовремено добивајќи подобри услуги, вклучувајќи и беспрекорна техничка поддршка во секое време.

Ехост е втора компанија која своите корисници ги има префрелно во МКхост, откако во 2012-та беше приклучен Пинарт Хост.

МКхост годинава го одбележува своето 10-годишно постоење, период во кој се наметна како лидер на хостинг и домен пазарот во Република Македонија. Едноставната регистрација, добрите понуди прилагодени за различниот тип на корисници, како и постојаната професионална и ефикасна техничка поддршка се причините поради кои МКхост стана препознатлив македонски бренд.

Им посакуваме топло добредојде на сите нови корисници. Oва се прашањата кои веројатно сега ги поставувате, па уште на старт можеме да ви разјасниме голем дел од вашите дилеми.

Што е МКхост?

МКхост е најголемиот македонски веб хостинг и домен провајдер во Република Македонија кој постои од 2005-та година.

Зошто моите досегашни услуги се префрлаат во МКхост?

Ехост на ваков чекор се одлучи поради подобрување на услугите на постоечките корисници.

Што ќе добијам со префрлањето на досегашните услуги во МКхост?

Помеѓу другото, нашите главни предности се хостирање на брзи и оптимизирани веб сајтови, постојана професионална техничка поддршка, безбедност на информации и професионални емаил адреси.

Дали моите услуги остануваат под истите услови како и досега?

До истекот на постоечкиот договор, условите остануваат потполно исти, со подобрување на услугите, вклучувајќи ја и техничката поддршка.

Што вклучува техничката поддршка во МКхост?

24/7 достапност на тимот за сите ваши прашања, а дополнително како достапна ја имате и онлајн базата на знаење.

Од сега натаму, кого ќе треба да го контактирам за услугите?

Од сега натаму, МКхост ќе биде тука за да ви помогне во решавањето на сите ваши проблеми и прашања.

Од сега, каде ќе треба да плаќам за моите услуги?

Од сега натаму, сите ваши плаќања за обнова на услугите ќе ги вршите преку МКхост.

Какви промени ќе се случат со миграцијата од технички аспект?

Веб хостингот и доменот ќе бидат префрлени во МКхост. Корисничкото име и лозинката за пристап до хостинг account-от ќе бидат променети (поради безбедносни причини) и испратени на вашиот емаил.