Користење на брендирана емаил адреса

Дали Вашата емаил адреса е сеуште: [email protected]? Или е можеби нешто покреативно и возбудливо како [email protected], или пак е [email protected]? Можеби е во ред ваквите адреси да ги разменувате со Вашите пријатели, но никако не би смееле да ги дадете на некои од Вашите клиенти.
Во светот на бизнисот, најпрепорачливо е да имате своја сопствена, брендирана емаил адреса и соодветно таков веб сајт, кои ќе го претстават Вашиот бизнис во најдобро светло. Време е да почнете да користите адреса од типот [email protected] а во продолжение видете и зошто.

brand email

 

 

 

 

 

 

Споредете ги следните две емаил адреси [email protected] наспроти [email protected]! Која прикажува слика на професионален бизнис? Се што е поврзано со Вашиот бизнис, а го прикажувате јавно, треба да Ве претстави во најдобро светло. Се, до најмалиот детал. Сигурно посветувате внимание за да се осигурате дека го оставате вистинскиот впечаток кога клиентите ќе го погледнат Вашиот веб сајт. Но не сите доаѓаат да го посетат пред да Ве исконтактираат на маил. A кога Вашиот маил ќе биде испратен од името на Вашиот домен, тоа секако придонесува да им се потврди на клиентите дека сериозно работите на професионалноста на Вашиот бизнис. Тоа пак овозможува полесно да ја придобиете довербата на клиентите.

Поседувањето на сопствен домен како што е www.vashatakompanija.com.mk , остава професионален впечаток и Ви дозволува да креирате емаил адреси од типот [email protected], [email protected] . Ќе можете да креирате цела палета на различни емаил адреси за различни оддели или вработени. Штом поседувате домен, никогаш повеќе нема да морате да ги променувате емаил адресите. Воедно адресите како [email protected] се многу поедноставни за паметење, за разлика од нешто кое сте го смислиле во последна минута затоа што сите добри кориснички имиња на Yahoo/Google/Hotmail биле веќе резервирани.

Поседувањето на сопствен домен и соодветна емаил адреса ја зголемуваат свеста кај луѓето за Вашиот бренд, компанија.

Доколку со Вашата емаил адреса го промовирате Gmail, тоа е слично како да носите Nike симбол на Вашиот лабораториски мантил, што автоматски Ве прави подвижна реклама за нечиј друг бизнис. Покрај тоа, многу подобро звучи и изгледа [email protected] за разлика од [email protected] . Маркетингот е одлична работа, која може да Ве издвои од толпата, само треба да го правите на вистинскиот начин.

Со самото регистрирање на домен и хостинг услуга (која е потребна за физичко постоење на емаил сандачињата; на следниот линк може да го изберете соодветниот пакет), МКхост како компанија нуди можност да се направат професионални емаил адреси.

  • Таквите адреси имаат пристап до Webmail, како и до POP3/IMAP и SMTP маил сервери кои само ја олеснуваат работата со електронската пошта.
  • Неизбежен дел кој мора да се спомене е можноста за backup на емаил пораки од серверска страна, како би се осигурале дека нема да изгубите ниту една вредна информација.
  • За непречено работење тука се дополнителните филтри, анти-спам заштитата како и просторно ограничување на емаил сандачето.
  • Автоматскиот одговарач и праќањето на OoO (Out of Office) пораки, се одлични за периодот кога сте на одмор или имате премногу зафатен период.
  • Исто така, доколку сакате на едно место да ги добивате пораките од повеќе емаил адреси, користењето на препраќачи на пораки (mail forwarders) е вистинското решение за Вас.
  • Oвие и уште многу други услуги може да ги користите затоа што доаѓаат во пакет со доменот кој ќе го регистрирате.

Затоа не чекајте! Направете си услуга самите на себе со тоа што ќе го унапредите сопствениот бизнис. Провери достапност на .mk домен.