Кратка историја на доменот

Името на доменот е низа за идентификација која дефинира област на административна автономија, авторитет или контрола во рамките на глобалната мрежа – интернет . Имињата на домените се формирани според правилата и постапките на Domain Name System – DNS. Секое име кое се регистрира во системот е име на домен.

Домен, всушност е името кое е карактеристично за секоја веб страна. На пример mkhost.com.mk е нашето препознатливо име со кое вие не посетувате и всушност сега го читате овој пост. Сите веб страни на Интернет првобитно функционираат со IP адреси доделени од страна на хостинг серверите каде што се хостираат истите, меѓутоа многу е потешко да запомниме IP адреса (пр. 174.133.186.68), па затоа ги користиме домените кои многу полесно се паметат. Домените се уникатни и неможе да име два исти домени. Возможно е да има две исти имиња со различна наставка (пример mkhost.org , mkhost.com.mk ) . Крајните наставки не се многу битни при користењето и немаат строги правила во користењето, но препорачливо е доколку вашата веб страна таргетира посетителите од Македонија, наставката да биде .mk со што би се знаело дека доменот има конекција со Македонија.

iStock_000001229173_Medium
На крајот на 1985 година, имало вкупно шест имиња на домени кои биле регистрирани. Тој број се прошири до 271 милиони имиња регистрирани на глобално ниво, според извештајот на “Verisign’s Q3“ во 2015 година.
Додека светот ја одбележува 25-годишнината на интернетот, се чини соодветно да им обрнеме внимание на мрежните адреси кои ни помагаат да се движиме низ динамичниот интернет денес.

Подолу, наведуваме неколку од највлијателните и најинтересните моменти од историјата на имињата на домените.

1985 година: Првиот “.com “ домен

На 15 март 1985 година, “Symbolics Inc.“ – производител на компјутери во Масачусетс, го регистрирал доменот со име “Symbolics.com“ правејќи го првиот соодветно регистриран “.com“ домен во светот. “Symbolics.com“ останал под иста сопственост 25 години, до 2009-та година кога бил купен за непозната сума од страна на “XF.com Investments“. Денес, “Symbolics.com“ е чуден хибрид – половина онлајн музеј, половина рекламен простор.

Surfing the www

1995 година: Регистрацијата на име на домен не е повеќе бесплатна

Пред 1995 година, секој кој сакал име на домен можел да го регистрира бесплатно. Тоа се сменило кога Националната научна фондација и ја доделила можноста на технолошката компанија “Network Solutions“ да наплаќа за регистрација. Цените започнале од 100 долари за регистрација во период од две години.

1998 година: Приватизација на DNS и ICANN

Во 1998 година, Министерството за трговија, по инсистирање на претседателот Клинтон, издало предлог за приватизирање на Системот за имиња на домените DNS, кој тогаш бил под контрола на владата на САД. Бил создаден документ, познат како „(Green Paper )Зелената книга“, со цел да се зголеми конкуренцијата на пазарот и да се поттикне поголемо учество на меѓународно ниво. Јавните критики на тој предлог довеле до создавањето на „Белата книга (White Paper)“ која содржела многу од проблемите на оргиналниот документ и довела до создавањето на Интернетската корпорација за доделени имиња и броеви (ICANN).

2003 година: Вистината за законот за имињата на домените

Инкорпориран во законот “PROTECT“ од 2003 година, овој дел од законодавството постави казна за креаторите на лажни имиња на домени, кои ги намамуваат корисниците на порнографски сајтови без нивна согласност, како на пример “Bobthebiulder.com” и “Teltubbies.com,” кои ги воделе корисниците до порнографски сајт наречен “Hanky Panky College”.

2007 година: Најскапата продажба на домен

Најскапиот домен кој некогаш бил продаден е “VacationRentals.com“ за цена од 35 милиони долари. Она што е уште поинтересно, е тоа што сопственикот, Бен Шарплс, го купил само за да не го купи неговиот конкурент, “Expedia“. Уште една скапа продажба е онаа на доменот “sex.com“ за 13 милиони долари во 2010 година.

web building

2012 година: регистрирани 14 962 домени во рок од 24 часа

Во април, 2012 година, Мај Ман регистрирал скоро 15 000 имиња на домени во текот на 24 часа. Како објаснување едноставно рекол: „Само сум навистина алчен. Сакам да го поседувам светот“.

2013 година: Сите .com домени со четири букви се регистрирани

Во декември 2013 година, “WhoAPI“ – систем за анализа на податоци од домените, открил дека секоја комбинација на име со четири букви е регистрирана. Од “АААА.com“ до “ZZZZ.com“, сите 456 976 комбинации биле потрошени. Домените со три карактери се користат од 1997 година.

Доколку вие, сакате да си регистрирате ваш домен, тоа може да го направите преку МКхост, едноставно кликнете на следниов линк и изберете го името што сакате да го регистрирате и искористите во креирањето на вашата веб страница.