Веб хостинг на сервери лоцирани во Македонија – предности

МКхост сервери
Хостирајте на сервери во Македонија

МКхост е веб хостинг компанија со главна цел хостирање на веб страните на Македонските граѓани, организации, компании, индивидуалци, дизајнери, програмери, девелопери, студенти…

Во последниот период МКхост се трудеше за насочување и лоцирање на серверите во Македонија. Во тоа и успеавме. Веќе една година како го стартувавме првиот сервер лоциран во Македонија. Хостирање на сајтовите на нашите клиенти на Македонски сервер беше задоволство за нас поради тоа што добивме многу позитивни реакции од клиентите:
– „Отварањето на сајтот е побрзо од кога и да било до сега.“
– „Пингот до серверот е 20ms – неверојатно!“
– „Кога ги листам податоците преку FTP, исто како да ги листам на мојот сопствен компјутер – како да работам локално – без чекања.“
– „Многу сум задоволен од брзината на отварање на мојот сајт. Планирам да ги префрлам и другите сајтови на вашите локални сервери во Македонија.“
– „Работењето со е-маил пораките е побрзо. Веднаш се конектирам до серверот преку мојот емаил клиент и побрзо се превземаат пораките, како и испраќаат оние со поголеми податоци.“
– „Фајловите од серверот се превземаат со максимална интернет брзина на мојот Интернет провајдер – многу побрзо за разлика од сајтови хостирани на странски сервери“.

Предностите на хостирање на вашиот веб сајт на серверите на МКхост лоцирани во Македонија се наведени директно од нашите клиенти опишани погоре цо нивните коментари.
Дополнително тоа што може да ве интересира или можеби имате некои дилеми ќе биде опишано преку следните прашања и одговори:

П: Зошто да го хостирам веб сајтот локално, која е разликата?
О: Одговорот е едноставен. Локалниот сервер е поблиску до вас, лоциран во Македонија. Интернет провајдерите во Македонија имаат побрз пристап до серверите конектирани на Интернет во Македонија отколку оние лоцирани во странство. Доколку серверот е лоциран надвор, вашата конекција патува надвор од Македонија и е потребно повеќе време за одговор од серверот со што вашиот сајт ќе биде поспор во отварањето.

П: Моите посетители се од Македонија. Каде да го хостирам мојот веб сајт?
О: Доколку вашите посетители се од Македонија, тогаш без размислување треба вашиот сајт да го хостирате локално. Тоа е за добро на посетителите, побрз пристап и брзо отварање на содржините.

П: Дали посетителите надвор од Македонија ќе имаат исто брз пристап до мојот сајт доколку хостирам локално?
О: Одговорот на ова би бил пропорционален со прашањето: Кога би го хостирале сајтот на сервер надвор од Македонија дали Македонските посетители ќе имаат брз пристап до сајтот. Сето ова зависи од одалеченоста на вашиот посетител и начинот на кој тоје  поврзан на Интернет, до која глобална Интернет мрежа има пристап, како ќе стигне тој до вашиот сајт, низ кои провајдери и слично.

П: Како да се одлучам?
О: Одлуката е врз основа на пресметки или предвидувања. Ако вашиот сајт е планиран за Македонска публика тогаш хостирањето може да биде локално, ако се двоумите или имате посетители и  надвор од државата, тогаш може да изберете било која од опциите. Секако, ако стартувате сајт кој што ќе биде наменеет за странски пазар, странски клиенти или пак очекувате само клиенти од Америка, тогаш секако дека ќе треба да го хостирате сајтот на сервери во Америка. МКхост воведе опција, да при нарачката изберете на која серверска локација сакате да го хостирате вашиот сајт.

П: Дали користите ист софтвер на серверите во Македонија?
О: Да, софтверот кој што се користи на серверите лоцирани во Македонија е ист со оној на серверите во Америка. Оперативниот систем, cPanel контрол панелот како и други софтверски додатоци.

П: Дали серверите се ваши?
О: Да, МКхост започна во инвестирање и купување на хардверот за серверите. Се користат DELL серверски конфигурации со 1U rack единици и најнова технологија за процесорот, дисковите…

Претходната недела МКхост стартуваше нов сервер лоциран во Македонија за своите клиенти. Сите тестирања поминаа во ред и серверот е отворен за хостирање на сајтовите за нашите клиенти.

35% попуст на Linux хостинг пакетите (само за првите 50 нарачки) – на сервери во Македонија

Хостинг попуст
Хостинг попуст од 35%

По повод стартување на новиот сервер, МКхост овозможува 35%  попуст за Linux хостинг пакетите и лоцирање на сајтовите на новиот сервер. Хостинг пакетите може да ги разгледате на следниот линк: www.mkhost.com.mk/linux/ . При нарачка на хостинг пакетот во делот код за промоции ќе внесете: MAKSERVER и автоматски системот ќе ви го одреди попустот од 35%. Побрзајте попустот се однесува само за првите 50 нарачки кои ќе бидат лоцирани на новиот сервер.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn