Месец на претприемништво во ФЕИТ

Претприемништвото е еден од најважните аспекти за развој на една економска средина и бизнис климата во неа. Претриемничкото размислување е она коешто ја повлекува економијата од рамнотежа и создава услови за создавање на нови идеи и иновации. Токму затоа, стимулирањето на истото има многу значајна вредност.

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посветува месец февруари токму како „Месец на претприемништво“. Содржан преку предавања, работилници и панел дискусии со многу гости од бизнис сферата, целта на настанот е да се поттикне претприемничкиот дух кај студентите и нивната мотивација за претворање на идеите во реалност.

„Месец на претприемништво“ започна овој викенд (13 и 14 февруари) со гости Јован Сталевски (Цефе Македонија), Нина Ангеловска (Grouper), Александар Тасев (SuperFounders), Андријана Богдановска Ѓуровиќ (The Knowledge Center) и Бисерка Коневска (Seavus Incubator), кои го споделија своето искуство и знаење со посетителите.

Овој викенд (20 и 21 февруари) на агендата се сопственикот на МКхост, Иван Петрушевски, косопственикот на компанијата GSIX, Теди Пејовски, како и сопственикот на Brainster, Петар Ниновски.

Настанот ќе се затвори наредниот викенд, на 27 и 28 февруари во просториите на ФЕИТ.

Целосната агенда и повеќе информации за настанот