МКхост – oд микро бизнис до познат македонски бренд

Си поразговаравме со нашиот founder Иван за почетоците на МКхост и кои се неговите предвидувања за 2019-та.

За некој што основал фирма доста млад, дали мислиш дека луѓето се раѓаат како претприемачи или е нешто што се учи со време?

– Дефинитивно луѓето не се раѓаат како претприемачи. Според мене секој кој има јака желба, сака да вложи труд и време може да биде претприемач. Патот не е лесен, но е доста возбудлив и полн со изненадувања (и позитивни и негативни). Јаката желба за успех, посветеноста и сакањето на она што се работи, според мене се клучните три фактори кој еден успешен претприемач треба да ги има.

Како дојде до идејата за МКхост?

– Идејата дојде многу природно за мене. Живеев во Куманово, кога многу од домовите добија ADSL постојана интернет линија и многу ретки беа веб порталите, особено за нашиот град. Мојата идеја беше да направам веб страница каде што младите ќе може да се инфомираат за новостите во градот.

Веб сајтот го направив и наидов на предизвик – немав добар избор за каде да го хостирам и како да изберам .mk домен за истиот. Постоеја само големите телеком провајдери кои нудеа енормно високи цени за хостирање на веб страни, а процесот за регистрација на .mk домени беше рачен и не можеше да се нарача онлајн (се носеа хартиени документи лично во Македонската Академска Истражувачка Мрежа (Марнет), која беше под управата на УКИМ.

Сите овие рачни, спори и скапи процеси ме натераа да размислам за отварање на хостинг компанија и помагање на луѓето во лесно и брзо регистрирање на .mk домени се со цел да ги постават нивни идеи онлајн. Со МКхост се разби монополот на хостинг бизнисот во Македонија, се добија многу посоодветни цени и пакети за корисниците. МКхост беше клучен во “борбата” за дигитализација и автоматизација на процесот за регистрација на .mk домените.

 Дали твојот бизнис го започна сам?

– Да, идејата ја добив од потребата за хостирање на сопствен веб сајт. Почнав сам, го хостирав првин мојот веб сајт, потоа го направив веб сајтот за МКхост и го раширив зборот низ пријатели, колеги и познаници. Потоа почнав да добивам повици и дознав дека многу како мене го имале истиот проблем и немале соодветен хостинг провајдер.

Долго време работев сам, се додека не дојде моментот кога не можев да постигнам, а и кога сакав МКхост да прерасне во национален бренд, кој што ќе нуди професионални услуги за корисниците. Првите години МКхост беше микро бизнис, но потоа со помош на вработените и тимовите МКхост стана познат македонски бренд.

Кои беа најтешките фази што ги помина на почетокот при основањето на компанијата?

– Морам да признам поддршката и достапноста за клиентите беше голем предизвик. Првите години се уште бев студент и имав моменти кога бев на предавања и ме бараа на телефон за итна техничка поддршка. Сепак, секогаш ги ставам клиентите на прво место и сметам дека брза, професионална и искрена поддршка е клуч за долгорочни клиенти.

Останати тешки фази (но полесни од нудење поддршка за клиентите :)) беа учење на правни и економски работи кои беа поврзани со управувањето на фирмата како и ширењето во однос на вработени, креирањето на тимови и процеси во компанијата. Целата координација и грижа не само кон клиентите туку и вработените беше убав предизвик за мене.

Кој е најголемиот успех што МКхост го постигнал?

– Помагањето на илјадниците корисници да ја реализираат својата идеја онлајн. Ова е голем успех за МКхост, секој наш член од тимот ова секојдневно го работи со љубов и посветеност. МКхост е горд на секоја македонска веб страна и на секој регистриран .mk домен.

Сметаме дека технологијата и Интернетот се иднината и дека се повеќе и повеќе веб страници ќе се отвораат затоа што Интернетот е глобален и нуди големи можности за сите. “Борбата” за автоматизирање на процесот за регистрација и управување со .mk домените е исто успех на кој МКхост е горд.

Кои се твоите видувања за 2019 во поглед на технологијата?

– Јас сум голем евангелиста на Cloud услугите. Верувам дека многу бизниси ќе мигрираат од локално хостирање во нивните канцеларии на хостинг и Cloud провајдерите. Децентрализацијата и blockchain е исто тренд кој допрва ќе се развива и многу сервиси ќе бидат базирани на оваа технологија.

Кои се целите на МКхост за во иднина?

– МКхост во моментот работи на повеќе проекти. Не би сакал сите да ги откријам но ќе кажам дека се подготвува нов веб сајт како и нов систем за корисници каде што многу лесно, брзо и едноставно ќе се управува со услугите кои МКхост ги нуди. Сакаме корисничкото задоволство да го зголемиме, па така МКхост ќе нуди подостапни услуги со новиот систем за корисници.

Покрај тоа, МКхост се обидува да биде се подостапен за корисниците на кои им треба и помош при изработка и одржување на веб страниците, па така, нашата цел за иднина е да станеме провајдер кој што ќе ви помогне во целосна реализација на вашиот иден веб проект.

Што би ги советувал младите претприемачи што сега започнуваат свој бизнис?

– Младите претприемачи треба да бидат трпеливи, да знаат дека вложениот труд се враќа покасно и секогаш да размислуваат долгорочно, да бидат искрени и да го сакаат тоа што го работат, само така ќе имаат голем успех. Користење на Интернетот и Cloud технологиите ќе им помогнат во огромно проширување и раст на својот бизнис.

Пратењето на трендовите и постојаното лично и професионално усовршување е круцијална состојка за успешен бизнис. Тие треба да бидат истрајни и да го слушаат внатрешното јас, секоја идеја може да се претвори во реалност!