Како би изгледала светската мапа кога големината на државите би се водела според бројот на регистрирани домени со соодветните екстензии на истите?

Токелау можеби претставува мала територија со 1400 жители која припаѓа под Нов Зеланд, но нејзиниот домен .tk има над 31 милиони регистрации. Најголема причина за овој енормен успех на доменот е тоа што регистрациите се претежно бесплатни, овозможени преку холандската компанија Freenom.

Остатокот од Топ 5 листата го сочинуваат: Кина (16.8 милиони регистрации за .cn), Германија (16 милиони регистрации за .de), Велика Британија (10.6 милиони регистрации за .co.uk) и Холандија (5.6 милиони регистрации за .nl).

Еден од најизненадувачките домени кои имаат „потфрлено“ е .us за САД (1,7 милиони регистрации), факт што се објаснува со големата популарност на .com доменот.

На Балканот, апсолутен лидер е Црна Гора, чиј домен .me веќе се ближи кон бројката од 1 милион регистрации.

Според оваа мапа, Република Македонија има нешто над 7.000 регистрирани домени за .mk. Сепак, официјалните податоци на МАРНЕТ покажуваат дека оваа бројка се однесува на .com.mk доменот. Само .mk има преку 15.000 регистрации, додека сите наставки заедно (com.mk, mk, org.mk, мкд, net.mk, inf.mk, gov.mk, edu.mk) прават речиси 26.000 регистрации.

 

Мапата во целосна резолуција е достапна на Nominet.

Map-Of-The-Online-World

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn