Нова услуга од МКхост – SpamExperts за намалување на спам емаил пораки

МКхост воведува уште една новина за корисниците – целосно го интегриравме SpamExperts системот за хостинг клиентите кои користат емаил услуги.

Соочувајќи се со еден од најголемите проблеми поврзани со Интернетот и електронската пошта – спамирањето, постојано се прават напори во светски рамки за што подобро справување и решавање на непосакуваните емаил пораки кои можат да доведат до проблеми во секојдневното онлајн функционирање.

SpamExperts е систем кој е интегриран кај најпознатите светски хостинг компании, а отсега како нова бесплатна услуга ја воведува и МКхост токму поради заштита од примање и доставување на spam и malware емаил пораки. Преку SpamExperts се постигнуваат две значајни цели:

-Намалување на spam пораки кои пристигнуваат на емаил адресите
-Ризикот за black listed IP адреси се сведува на минимум

Спам филтер системот е наменет за Ваша заштита и поголема заштита на Вашите емаил адреси, како и појдовни/дојдовни емаил пораки. Користејќи го SpamExperts, ќе ја сведете на минимум „junk“ поштата, а истовремено ќе имате целосна контрола врз системот и да го научите да се прилагоди на Вашите потреби.

Ние направивме детални инструкции за Вас кои можете да ги погледнете во нашата база на знаење и да ги осознаете основните функционалности (преглед на сите пораки, декларирање на спам порака, преглед на сите спам пораки, како и други можности).

IMG_8986

 

SpamExperts е компанија со седиште во Холандија, лансирана во 2005-та година, а моментално нејзините услуги се користат во над 80 земји, со што претставува водечки провајдер кој обезбедува сигурност на емаил комуникација.

Со SpamExperts, продолжуваме професионално и навремено да се грижиме за нашите корисници, како и овозможуваме емаил комуникација на едно ново и побезбедно ниво.

Доколку имате некои прашања околу новата услуга на МКхост, ве очекуваме да нè контактирате.