Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.

Студенти кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

– Графички и веб дизајнер (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Основи на веб дизајн / Напреден веб дизајн)

Изработка на веб страници користејќи HTML5 / CSS / JavaScript.
Oптимизација на веб страници за мобилни уреди.
Изработка на банери, промотивен материјал и графички елементи за промоции и маркетинг.
Креирање на front end за веб базирани апликации.

– PHP програмер и работа со МySQL (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Програмски практикум)

Работа на поголем PHP базиран веб проект со одбран framework.
Креирање на мали веб апликации што ќе изложуваат дел од податоците на системите во позадина користејќи PHP програмски јазик и MySQL бази на податоци.
Креирање на веб апликации кои ќе автоматизираат одредени процеси.

– Социјални медиуми и е-маркетинг (пожелно за оние кои го имаат слушано предметот Маркетинг и Електронска и мобилна трговија)

Секојдневно управување со компаниски социјални профили на Twitter, Facebook и LinkedIn.
Пишување на блог постови поврзани со IT.
Планирање на маркетинг кампањи за Facebook и Google.
Организирање на Newsletter кампањи и сегментација на листи.
Истражување на пазар за воведување нов продукт.

Студентот добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 2 месеци (22.06.2015 – 21.08.2015) . Работно време од 09 – 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и да назначат за која од наведените работи се заинтересирани преку емаил на praksa@mkhost.com.mk .

Рокот за аплицирање за праксите трае до недела, 14.06.2015 година.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn