Оглас за пракса во МКхост – Агент за поддршка и продажба (Лето 2016)

Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.

Студентите кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

 

Агент за поддршка и продажба

 

-Обука за продажба, директно јавување на корисници, онлајн чет со потенцијални клиенти и техники за продажба на услуги преку интернет.

-Користење на систем за корисничка поддршка, пишување на готови написи за вметнување во база на знаење. Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има барање или некој предизвик/проблем.

 

Студентот добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 2 месеци во периодот јуни, јули, август. Работно време од 09 – 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост (Јане Сандански 71А – Капитол Мол, Аеродром, Скопје).

По завршувањето на праксата има можност за вработување.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и во наслов да го назначат името на позицијата за која се аплицира (Агент за поддршка и продажба) на praksa@mkhost.com.mk.

 

Рокот за аплицирање за праксата трае до среда, 01.06.2016 година.