Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите на Економски факултет (насока Е-бизнис) да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.

Студенти кои имаат интерес може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

Социјални медиуми и е-маркетинг

 

Секојдневно управување со компаниски социјални профили на Twitter, Facebook и LinkedIn.
Пишување на блог постови поврзани со IT.
Планирање на маркетинг кампањи за Facebook и Google.
Организирање на Newsletter кампањи и сегментација на листи.
Истражување на пазар за воведување нов продукт.

Студентот добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 2 месеци (22.06.2015 – 21.08.2015) . Работно време од 09 – 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV преку емаил на praksa@mkhost.com.mk и да ја назначат позицијата социјални медиуми и маркетинг во наслов.

Рокот за аплицирање за праксите трае до недела, 14.06.2015 година.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn