Оглас за пракса во МКхост (Лето 2016)

Компанијата МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува студентите да аплицираат. Повеќе информации за компанијата и конкурсот се дадени во продолжение.

МКхост е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности: веб хостинг, регистрација на домени и веб развој.

Студентите кои имаат интерес во следните области може слободно да аплицираат за пракса во МКхост:

Frontend developer

-Изработка на веб страници користејќи HTML5 / CSS / JavaScript
-Оптимизација на веб страници за мобилни уреди
-Изработка на банери, промотивен материјал и графички елементи за промоции и маркетинг
-Креирање на front end за веб базирани апликации

 

PHP developer

-Работа на поголем PHP базиран веб проект со одбран framework
-Креирање на мали веб апликации што ќе изложуваат дел од податоците на системите во позадина користејќи PHP програмски јазик и MySQL бази на податоци
-Креирање на веб апликации кои ќе автоматизираат одредени процеси

 

System administrator

-Мониторинг на Linux базирани сервери. Креирање на bash скрипти. Учење на cPanel/WHM панел за администрирање на сервер наменет за веб хостинг
-Конфигурација на email сервиси, анти спам филтри, заштита од вируси и malware
-Креирање и управување со DNS системи. Инсталација и користење на SSL сертификати. Користење на клучеви и безбедност во компјутерски системи.
-Учење како професионално да услужите и помогнете на клиент кој има технички проблеми

 

Студентот добива месечен надомест од 6000 денари + домен и хостинг по избор.

Праксата е во траење од 2 месеци во периодот јуни, јули, август. Работно време од 09 – 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост (Јане Сандански 71А – Капитол Мол, Аеродром, Скопје).

По завршувањето на праксата има можност за вработување.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и во наслов да го назначат името на позицијата за која се аплицира  на praksa@mkhost.com.mk.

Рокот за аплицирање за праксата трае до среда, 01.06.2016 година.