МКхост објавува отворен конкурс за пракса и ги поканува заинтересираните да аплицираат.

 

 

Кој може да аплицира?

 

  • студенти на ФИНКИ кои се при крај со студиите и се расположени да стекнат практично знаење кое ќе им користи во нивната кариера, или
  • млади невработени лица кои се на возраст до 29 години и кои имаат желба практично да ги совладаат работните вештини и да се подобрат во својата област, да стекнат искуство со работа во тим и да добијат нови знаења.

Повеќе за историјатот на компанијата прочитајте тука.

 

Отворени се следните позиции за пракса:

 

– PHP програмер и работа со МySQL 
Работа на поголем PHP базиран веб проект со Codeigniter framework и користење на Angular JS.
Креирање на мали веб апликации што ќе изложуваат дел од податоците на системите во позадина користејќи PHP програмски јазик и MySQL бази на податоци.
Креирање на веб апликации кои ќе автоматизираат одредени процеси.

 

– Front End developer
Креирање на front end за веб базирани апликации. (Познавање на Front End framework AngularJS ќе се смета за предност).
Креирање на код за веб апликации со HTML5 / CSS / jQuery.
Oптимизација на веб апликации за мобилни уреди.

 

– Графички дизајнер
Изработка на банери, промотивен материјал и графички елементи за промоции и маркетинг.
Изработка на креативи за клиентите на МКхост, во стил на постери, флаери, roll банери и сл.
Креирање на уникатни слики за социјалните медиуми и блогот на МКхост.
Усовршување на брендот на МКхост.
Работа со фотографии.

 

 

Праксата е во траење од 3 месеци (15.10.2015 – 15.01.2016) и работно време од 8 часа дневно од 09 – 17h (понеделник-петок) во просториите на МКхост. Практикантот добива месечен надомест од 6000 денари. По завршување на праксата, отворена е и можност за вработување.

Заинтересираните кандидати потребно е да испратат CV и да назначат во насловот за која од наведените позиции аплицираат, преку емаил, на praksa@mkhost.com.mk .

Рокот за аплицирање за праксите трае до недела, 04.10.2015.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn