МКхост е приватна компанија која од 2005-та година нуди веб хостинг и регистрација на домени. МКхост е официјален и број еден регистрар во Македонија за .mk домени и хостирање на веб страни.
МКхост е компанија која обезбедува најдобра корисничка поддршка за своите корисници.

Дали го сакате Linux оперативниот систем? Дали пребарување низ логови, мониторинг и конфигурација на сервисите е предизвикувачки за вас? Дали уживате во пронаоѓање и решавање на комплексни проблеми? Дали ве исполнува кога ќе помогнете на одреден клиент во решавање на неговиот проблем преку телефон или емаил? Доколку одговорите се потврдни, тогаш можеби Вие сте личноста која МКхост ја бара!

Моментално имаме отворено работно место во Скопје на позиција: Систем администратор.

Работни задачи
• Нудење на професионална техничка поддршка за корисниците на МКхост (преку телефон, емаил и ticketing system)
• Мониторинг , upgrade и контрола врз безбедноста на Linux серверите
• Решавање на најразлични проблеми поврзани со серверите и сервисите на хостинг account-ите на корисниците, како MySQL, PHP, Email, DNS
• Конфигурација, инсталација, оддржување на cPanel веб хостинг панел и дополнителни системски и други софтверски апликации
• Креирање и ресторирање на backup инстанци
• Извршување на однапред временски дефинирани задачи за оддржување на системите

Искуство / познавање од следните области
• Искуство и работа со Linux платофрма (Centos, Ubuntu, RedHat) – инсталација, администрација, мониторинг и troubleshooting
• Работа на ДНС системот (Bind), едитирање и разбирање на dns zone files и архитектура на ДНС системот)
• Познавање и работа со Mail системи (Exim)
• IP адресирање
• Работа со cPanel+WHM контрол панел (инсталација, администрација, troubleshooting) – ќе се смета за предност
• Web servers: Apache, Nginx (конфигурација, оптимизација)
• MySQL – инсталација, оптимизација, администрација и troubleshooting
• Познавање на CMS платформите: WordPress, Joomla, Drupal
• Познавање и работа со Bash скриптирање
• Знаење на протоколите: TCP, UDP, SSL, SSH, FTP, IMAP, POP3

Вештини и лични карактеристики
• Темелно знаење на Linux/Unix и неговите команди/алатки, разбирање на kernel и кориснички простор, swapping, linux file system (ext3, ext4, inodes, clustering, logical partitions), интер процесна комуникација, IP адресирање, класи на IP адреси, reverse DNS
• Темелно разбирање на LAMP (Linux, Apache, MySql, PHP/Perl)
• Знаење на Linux сигурносниот модел и важноста за оддржување на безбедноста
• Идентификација, предвидување и приоритизирање на проблеми кои може да влијаат врз бизнис процесите или достапноста на системите и мрежната инфраструктура
• Професионален пристап и комуникација со клиентите (МКхост се цели кон нудење на најдобра корисничка поддршка за своите клиенти)
• Креативност во решавање на проблеми, логичко размислување, предлози за подобрување на услуги, сервиси и самата поддршка
• Комуникација, информираност и синхронизација со останатите членови на тимот
• Разумност и без паничење во критични периоди (хаварија, хакирања, пад на систем и друг по сериозен проблем)

Работна атмосфера
МКхост со своите канцеларии во Capitol Mall & Residence нуди одлична работна атмосфера за своите вработени.
Можност за постојан развој, градење на успешна кариера, учење на нови работи и усовршување. Константна обука и инвестирање во онлајн курсеви и книги. Можност за меѓународна соработка.
Како систем администратор, вработениот добива големо и широко работно биро со солидна работна конфигурација и два DELL UltraSharp монитори. Вработениот добива службен телефон. Применуваме тимска работа и меѓусебно помагање. Бесплатно користење на Capitol фитнес центарот.

Контакт
Сите квалификувани и заинтересирани лица може да конкурираат со испраќање на CV на емаил адресата: jobs@mkhost.com.mk
http://www.blog.mkhost.com.mk/

Огласот е валиден до: 24.11.2014

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn