Онлајн работењето – професионален предуслов за успех на секоја компанија

Разбирањето на потребите на корисниците и константната безрезервна професионална поддршка се клучните фактори што ја оформуваат МКхост низ годините. Во продолжение прочитајте го интервјуто на сопственикот на МКхост, Иван Петрушевски, за порталот Бизнис Инфо.

 

Иван Петрушевски

 

Една деценија успешно менаџирате со компанија за регистрација на домени, хостирање и одржување на веб страници. Можете, накратко, да ни кажете кој бизнис модел Ве доведе до овој успех?

Разбирање на потребите на корисниците и константна безрезервна професионална поддршка се клучните фактори кои ја оформија нашата компанија низ текот на годините. Како што и секоја компанија си има свои вредности, ние се насочивме кон помагање на корисниците во остварување на нивното онлајн присуство и комуникација, со нудење професионална поддршка и брзина во одговор на барањата, како и решавање на нивните проблеми и предизвици во онлајн светот. Доколку овие вредности се применуваат константно низ текот на годините, успехот е неизбежен.

Нашата визија и мисија се насочени кон развој на целокупниот македонски Интернет простор. Во денешно време, секој индивидуалец, како и компанија, може без проблем да си дозволи свое онлајн присуство со сопствен веб сајт, професионални емаил адреси со свое домен име. Меѓутоа, станува збор за една релативно нова информациска ера за која се уште треба да се создава свесност во пошироката јавност. Токму ова е поле на кое сакаме да поработиме врз база на нашите долгорочни планови.

Компанијата ја водам од моја 18 годишна возраст, без претходни претприемачки вештини, но трпеливоста, константното усовршување, професионалното услужување на корисниците и напорната работа се покажа како одличен рецепт за оформување на една успешна компанија. МКхост го разби монополот на пазарот и ги намали цените на хостинг и домен услугите.

 

Правите и ребрендирање на брендот МКХост? Во што се состои овој „рифреш“ и зошто го правите?

По 10 години прогресивна работа, нормален следен чекор е да се фокусираме кон еволуција на нашиот бренд кој е познат и најдобар во својата дејност. Тоа подразбираше да направиме освежување на нашето визуелно претставување во јавноста.

Ова не е само графичко ребрендирање, туку и порака до сегашните и идни клиенти дека МКхост е #1 хостинг компанија и регистрар за домени во Македонија, која секогаш цели кон подобрување на услугите.

Сакаме да прикажеме дека во денешно време процесот на креирање на веб сајт е многу едноставен, а онлајн присуството е неопходно. Со овој ребрендинг, сакаме да се претставиме пред сосема една нова публика, која досега не била доволно запознаена со нашето работење и значење.

 

Целосното интервју можете да го прочитате на Бизнис Инфо.