Победници на веб дизајн предизвикот на it.com.mk и МКхост

Веб дизајн натпреварНатпреварот беше организиран од страна на МКхост и ИТ порталот:  it.com.mk . Целта беше да се понудат идеи од страна на учесниците, да се соберат што повеќе на едно место и да разменуваат свои мислења како и остварување на контакт за идни проекти и секако борба за наградите 🙂 .

Победниците и наградите

Сепак, имаше и награди како мотивација на дизајнерите, па некој мора да ги земе. 🙂 Tие што ќе ги добијат наградите се… (тапани)…

  • Smashing Book + 1 година 5.000 MB хостинг од Мк Хост + IT.com.mk маица оди за 0.mk заради едноставниот, функционален дизајн кој одговара со сервисот и има интеракција со друштвените мрежи.
  • IT.com.mk маица + .mk домен + 500 МБ хостинг оди за Travel2Ohrid.com.mk заради едноставноста која одговара со функционалноста. Има интеракција со друштвените мрежи.
  • IT.com.mk + Мк Хост маиците ги добива caramelo.mk кој иако се спомена готов темплејт и нема интеракција со друштвените мрежи, сепак адутот на caramelo.mk е естетиката.

Сите останати учесници можете да ги видите на форумот.

Ова беше мал организиран веб дизајн предизвик, кој е значаен за почеток на вакви натпревари во Македонија, но во иднина планираме организација на натпревар од сличен карактер со подобри награди и интересни докажувања на дизајнерите.

Повеќе може да прочитате и на it.com.mk порталот во врска со предизвикот.

Благодариме на сите што покажаа интерес и вложија трудза да учествуваат.