POP3 емаил протокол и кога да го користиме

Вовед во POP3 протоколот

POP3 (Post Office Protocol version 3) претставува страндарден mail протокол кој се користи за превземање (примање) на e-mail пораки од оддалечен сервер (сервер каде вашите e-mail адреси се хостирани) – до локалниот mail клиент. POP3 протоколот функционира така што едноставно ја презема e-mail пораката од серверот и ја поставува локално на вашиот компјутер и обично (но не секогаш) ја брише од оддалечениот сервер.

Проблем настанува ако имате повеќе од еден уред преку кој сакате да пристапувате до вашата e-mail адреса  (статичен компјутер, лап-топ, таблет или телефон). Проблемот се јавува поради тоа што сите промени кои ќе ги направите на секоја порака пристигната на вашата e-mail адреса нема да биде видлива доколку пристапите до вашата e-mail адреса преку друг уред (пример телефон).  Под секоја промена се подразбира отворање и читање на пораката, преместување на пораката во нов фолдер, бришење на пораката итн.

email-marketing

Секој би се прашал зошто POP протоколот функционира така, зошто да се бришат пораките од серверот? POP протоколот датира од времето кога Интернетот бил далеку поразличен од она што е денес. Компјутерите порано имале ограничен пристап до оддалечените компјутери (сервери), а дополнително на серверот имале далеку поограничен слободен простор на кој би можеле да ги хостираат своите e-mail акаунти. Токму затоа инженерите го создале POP обидувајќи се да создадат едноставен начин за преземање на копии од пораките, кои може да се читаат офлајн, а потоа да ги отстранат тие пораки од серверот. Првата верзија на POP била создадена во 1984 година, потоа ревизирана со POP2 верзијата на почетокот на 1985 година.

POP3 е сегашната верзија на овој e-mail протокол и се уште е една од најпопуларните. Бидејќи POP3 прави локални копии на пораките, а ги брише оргиналите од серверот, пораките се врзани за таа машина и не може да се пристапи до нив од друг компјутер, барем не без препраќање на многу пораки или пренесување на сандачето со пораки.
Иако POP3 се базира на постар модел на офлајн e-mail, нема причина да се нарекува „застарен протокол“ или „протокол со изминат рок на траење“. Предложена е и нова верзија POP4 но во последниве неколку години и нема особен напредок во истата.

Како функционира POP?

  • се поврзува на серверот
  • ги презема сите пораки
  • ги зачувува локално како нови пораки
  • ги брише пораките од серверот*
  • се исклучува

*Стандардно POP протоколот ги брише пораките од серверот, но постои и опција да остави копија од превземаната порака на серверот.

IMAP_diagram-email

Практична употреба на POP

Луѓето кои пристапуваат до својата e-mail адреса од својот компјутер (само од еден уред) и редовно прават back-up на хардверот, целосно би им одговарало да го користат POP протоколот.

Кои се предностите на POP?

POP е оргинален протокол кој ја следи едноставната идеја дека само еден клиент побарува пристап до пораките на серверот и дека пораките се најдобро зачувани локално (тука се најбезбедни). Тоа води кон следниве предности:

  • пораките кои се зачувани локално се секогаш достапни, дури и без интернет конекција
  • интернет конекцијата е потребна само за испраќање и примање на пораки
  • го заштедува просторот кој го имате на серверот
  • има опција да остави копија на пораката на серверот

Кои се недостатоците на POP?

  • мора да ги бришете или препраќате пораките на секој уред до кој пристапувате и би сакале да ги имате пораки на секој уред
  • кога ќе се најавите на секој уред, ќе видите многу непрочитани пораки без ознака кои сте ги избришале, прочитале или означиле на претходниот уред (се дуплираат)
  • секоја папка која ќе ја направите и организирате на една машина нема да ја има на друг уред кој би го користеле за пристап на истата e-mail адреса (мора од ново да се прави и организираат пак емаил пораките)
  • некогаш се случува да се превземат повторно пораките од серверот и да се направи дуплирање на сите пораки

Computer_Email

Како да знам дека користам POP?

Прв знак: Ако креирам папки на еден од моите уреди, а тие не се појавуваат и на другите уреди
Втор знак: Ако прочитам некој e-mail на еден од моите уреди, а на другите уреди прочитаниот емаил стои како непрочитан
Трет знак: Ако избришам некој e-mail на еден од моите уреди, а на другите уреди сеуште го има

Изберете POP ако…

  • сакате да пристапувате на вашиот емаил само од еден уред (пр. само на компјутер)
  • ви треба постојан пристап до вашиот емаил, без оглед на достапноста на интернетот
  • просторот на вашиот сервер каде што се зачувуваат пораките е ограничен (со што ќе подесите да ги превзема POP3 и да не остава копија на серверот)