Постојат голем број потенцијални причини зошто Вашиот веб сајт не се прикажува на Вашиот пребарувач. Истите најчесто можат да бидат поделени во 2 категории: проблеми на локално ниво и проблеми што треба да се решат на серверско ниво.

Проблеми на локално ниво

ERR_INTERNET_DISCONNECTED

Оваа грешка укажува на тоа дека постои проблем со Вашата интернет конекција. Обидете се да отворите други страни, да го рестартирате рутерот и доколку проблемот сè уште не е решен, контактирајте го Вашиот интернет провајдер.

 

ERR_NAME_NOT_RESOLVED

Проблемот е што именските опслужувачи за доменот не се ресолвираат. Доколку овој домен е новорегистриран или има промена во DNS-ите, потребно е да поминат од 2-4 часа за рефреширање на DNS зоните и доменот да биде поврзан со хостингот/серверот. Во спротивно, проблемот може да биде до DNS серверот за доменот. Доколку пак сè е во ред со DNS серверот, можеби проблемот е во пропагацијата преку Вашиот интернет провајдер, па потребно е да ги контактирате.

 

ПРОБЛЕМ СО ОТВОРАЊЕ ЛИНК СО ПОРТА

-Доколку во линкот има порта или редиректира кон линк со порта, страната можеби не се прикажува поради тоа што Вашиот локален firewall ја има блокирано таа порта. Исклучете го firewall-от и/или деактивирајте го Вашиот антивирус, па пробајте повторно.

 

ЛОКАЛЕН CACHE

Ако сте вршеле промени на веб сајтот, а на Вашиот пребарувач сеуште не се прикажува промената, избришете го Вашиот локален cache. Дополнително, пробајте да го отворите сајтот од друг пребарувач или отворете ја страната од друг уред.

 

Проблеми што треба да се решат на серверско ниво

 

ERR_CONNECTION_TIMED_OUT

Доколку немате проблем со интернет конекцијата, а за доменот се појавува оваа грешка, голема е веројатноста серверскиот firewall да ја има блокирано Вашата IP адреса. Причините за блокирањето можат да бидат различни – од грешење лозинка на cPanel/WebMail/WordPress, до вршење одредени промени врз хостингот. Потребно е да ја дознаете Вашата IP адреса и да го контактирате Вашиот хостинг провајдер.

 

 

HTTP Error 500

Проверете го error_log-от на Вашиот хостинг. Оваа грешка се јавува доколку постои одреден проблем со плагин, тема, темплејт, некоја грешка од хостингот или потребни се модификации на PHP поставките. Тоа можете да го проверите на Вашиот error_log.

Пример за грешки во error_log-от:

  • PHP Fatal error:  Allowed memory size of 41943040 bytes exhausted (tried to allocate 263512 bytes) in /home/{username}/public_html/wp-content/plugins.

Оваа грешка укажува на тоа дека одреден плагин влече повеќе ресурси од доделеното во php.ini. Доколку користите cPanel, во делот на Select PHP Version можете да ги зголемите php поставките за Вашиот акаунт. Најчесто потребните поставки кои треба да се зголемат се следните: memory_limit, post_max_size, upload_max_filesize.

  • PHP Fatal error:  require_once() [<a href=’function.require’>function.require</a>]: Failed opening required ‘/home/flakainf/public_html/wp-content/plugins/yop-poll/inc/plugin.php

Според оваа грешка, проблемот е во плагинот yop-poll инсталиран на WordPress платформата. Можете со деактивирање на плагинот да потврдите дека проблемот настанува оттаму. Деактивирањето можете да го извршите преку File Manager секцијата на контролниот панел (на локација public_html/wp-content/plugins) или преку администраторискиот панел на WordPress (ime_na_domen.com/wp_admin). Потоа истражете зошто настанал проблемот.

Хакирана веб страна или страна која редиректира кон невалидни линкови

Вашиот веб сајт најверојатно е хакиран. Потребно е да направите update на платформата која ја користите (WordPress, Jommla), како и на плагините, темплејтите. Направете детално скенирање на фајловите на Вашиот веб сајт, базата и user-ите. Доколку се работи за редирекција, проверете за невалидни фајлови на хостингот, како и за можна хакирана тема (поконкретно header.php и footer.php фајловите на темата).

Red Screen за Вашиот веб сајт

Овој проблем честопати е поврзан со претходно опишаниот случај. Дел од интернет сервисите вршат скенирање на веб сајтовите, и доколку се забележи проблем, се поставува предупредувачкиот црвен екран кој укажува дека се работи за заразен сајт. Повторно е потребно да извршете детално скенирање на хостингот. Доколку веб сајтот е исчистен и сè уште е пристутен црвениот екран, треба да испратите барање за отстранување на предупредувањето.

 

ERR_TOO_MANY_REDIRECTS

Проверете дали имате поставено редиректи за Вашиот домен. Доколку има повеќе редиректи преку .htaccess фајлот и/или преку cPanel-от, можно е да постои бесконечен циклус на повикување со кој се јавува проблемот.

 

Internal Server Error/Resource Limit is reached

Најчестата причина за овој проблем е искористеност на ресурсите кои се доделени за Вашиот хостинг. Проверете дали се работи за поголем број посети или потребна е одредена оптимизација на сајтот поради која се повлекуваат повеќе ресурси од доделеното. Истражете ги плагините, темите и конекциите до базата.

 

Bandwidth Limit Exceeded

Месечниот сообраќај доделен за Вашиот хостинг е целосно искористен. Контактирајте ги Вашите хостинг провајдери за зголемување на овој лимит.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn