Во време на интернет технологии, вашето деловно работење функционира со помош на компјутерските системи. Независно дали е-маил пораките се дел од работното секојдневие, или пак web страната е приказ на услугите/дејноста на вашата компанија. Ние јасно разбираме што е најважно за вас: растење на вашиот бизнис, каде  функционирањето на IT услугите кои ги користите потребно е да бидат постојано оперативни.

Премиум support услугата е дизајнирана да одговори на клиентите на MKхост, во случај кога барањата на клиентот отстапуваат од рамките на пропишаната поддршка од страна на техничко лице на МКхост.

МКхост Премиум поддршкаДоколку клиентот не е технички спремен да ја заврши работата со помош на техничко лице на МКхост (пр. подесување на е-маил на маил клиент (Outlook,Thunderbird, Smartphone)) при што корисникот покрај добиените инструкции од страна на техничкото лице по маил/телефон, не успева да го подеси маил клиентот).

Доколку по анализа и детекција од страна на техничко лице на MKхост  се заклучи дека проблемот е до самиот компјутер / интернет провајдерот (пр. Outlook маил клеинт има проблем со користење SSL сертификат, бидјеќи оперативниот систем е застарена верзија (пр. Windows XP SP2) или клиентот нема можност да праќа/прима пораки поради бавна интернет конекција.  МКхост може само да насочи до каде е проблемот, а  клиентот сам да си исконтактира и најде одговорни технички лица за разрешување на проблемот.

Софтверско програмерски проблеми, за кои клиентот нема знаење да ги реши, а можат да бидат решени од страна на техничко лице на МКхост (пр. проблем со Web страна поради грешка во код, направена од страна на клиентот)

Софтверско компјутерски проблеми, од кои клиентот има намалена/лимитирана оперативност на IT сервисите (пр. инфициран/заразен компјутер кој го спречува нормалното користење на IT сервисите – пр. проблем со Web Browser, при најава на web страна) *Лимитации: До 3 пати на годишно ниво од активирање на услугата, директно присуство на техничко лице на МКхост во канцеларија и чистење на вирус/malware.

Mрежни компјутерски проблеми, од кои клиентот има намалена/лимитирана оперативност на IT сервисите (пр. парцијално конфигурирана мрежна опрема кај клиентот, каде компјутерите се спречени за нормалното користење на IT сервисите  *Лимитации: До 3 пати на годишно ниво од активирање на услугата, директно присуство на техничко лице на МКхост во канцеларија и решавање мрежни компјутерски проблеми.

Бекап на податоци од поодминат период, поврзан со хостинг услугите (пр. restore на маил пораки / web сајт од период 6-12 месеци, од календарскиот ден на повик на клиентот).

Придобивки

  • Зголемена оперативност

–          Бидете сигурни, независно од проблемите со кои наидувате во компјутерското работење поврзано со хостинг услугите, ние сме тука за Вас!

 

  • Приоритет на реакција

–          Вашето барање ќе биде разгледано и решено во најкус можен рок!

 

  • Решение на вашиот проблем во секое време 24/7/365

–          Сите ваши предизвици на кои ќе наидете независно колку се комплексни – ние сме тука 24 часа за вас со решение за секое барање!

 Цена

Цената на премиум поддршката е 990 денари + 18% ддв на годишно ниво. МКхост ја препорачува оваа дополнителна услуга со вашиот хостинг пакет, се со цел да не се грижите во иднина за било каков проблем кој може да настане во врска со вашиот веб хостинг, емаил сервисите и останатите услуги кои ги нудиме со хостинг пакетите.

Доколку сте веќе наш корисник и користите веб хостинг услуга, а ја немате оваа дополнителна услуга, контактирајте не за да ја активираме на вашиот account.
За нови корисници и нарачки, ја имате како избор при нарачка на хостинг пакетите: www.mkhost.com.mk/hosting/

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn