Проблеми со бавен веб сајт? Корисни совети за подобрување на брзината

Во денешно време многу е важна брзината со која располага твојот веб сајт при неговото отворање и користење.

Брзината на сајтот влијае на повеќе клучни параметри, како што е рангирањето на сајтот во резултатите од пребарувањето на Google, а секако е еден и од значајните фактори за да задржи што поголем дел од посетителите.

Изборот на веб хостинг

Првиот чекор е да избереш компанија со солиден и сигурен хардвер за да го хостираш твојот веб сајт. МКхост како најголем македонски хостинг провајдер нуди голем избор на хостинг пакети со различни карактеристики.

Кога започнуваш сопствен веб сајт, потребно е редовно да се следи обемот на сообраќајот и користењето на ресурсите, за да може да се надогради пакетот во било кое време. Така, твојот сајт постојано ќе биде достапен за посетителите.

Оптимизирај ги сликите

Добриот квалитет и големината на сликите е важна за брзината на сајтот. Со оглед на тоа, сликите може да се намалуваат со помош на разни алатки за графичко уредување.

Намали ја сликата со сечење на непотребните елементи од истата. Се препорачува користење на JPEG формат, додека треба да се избегнуваат TIFF и BMP формати.

Кеширање

Кеширањето претставува технички термин кој го објаснува складирањето на податоци. Истото ја намалува оптовареноста на разни системски ресурси на серверот.

Подесувањата може да се најдат на контролниот панел на WordPress. Доколку твојот веб сајт не е на WordPress, кеширањето е посложено.

Користење на CDN

Content Delivery Network (CDN) е светска мрежа на сервери што овозможува да се складираат датотеките на твојот сајт (на пример Javascript, CSS, слики, видеа, документи итн.). Овие елементи потоа се доставуваат до посетителите од серверот до нивната физичка локација.

Со CDN, времето на чекање за да се појави содржината на прелистувачот на корисникот се намалува, бидејќи статичната содржина ќе биде обезбедена од локален сервер многу поблиску до нив, наместо на еден од целиот свет.

Java Script, HTML и CSS

Во денешно време веб сајтовите се зависни од JavaScript и CSS. Поради тоа, важно е да се намали големината на овие текстуални датотеки.

Во основа, тоа значи да се намали количеството на податоци што треба да се пренесат – со што се намалува времето потребно за вчитување на страница.