Работи на кои треба да внимавате околу веб дизајнот

Веб дизајнот ја има една од најзначајните улоги за еден веб-сајт да биде функционален, препознатлив и ефикасен. Додека убавината на еден веб-сајт од естетска гледна точка е релативна работа, „убавината“ од техничка страна е сет на определени правила и принципи кои треба да се почитуваат за да еден веб-сајт биде навистина добар. На што треба посебно да се внимава?

 

Лесна навигација

Еден посетител на веб-сајт веројатно нема премногу време за да се обидува да ги решава вашите скриени и помалку пристапни елементи. Затоа, што поедноставно, толку подобро. Добрата навигација подразбира добар „проток“ помеѓу вашите страници и линкови.

Издвоеност на менија

Менијата се едни од најпрепознатливите елементи на еден веб-сајт. Независно дали ќе изберете хоризонтално или вертикално поставување, едноставни или сложени, содржината на менијата треба да се создаде спрема потребите кои корисниците ги очекуваат од вашиот онлајн простор.

Лесен за пребарување

Започнувајќи од лесно URL за помнење, продолжувајќи со добро оптимизирани категории, архива на сајтот и да биде добро мапиран.

Прилагодлив за различни пребарувачи

Конкуренцијата помеѓу Интернет пребарувачите е заострена како никогаш досега, а тоа значи дека вашиот веб-сајт треба да биде добро прилагодлив и тестиран за да се отвора подеднакво исто на сите нив.

Прилагоден за search engine и social media оптимизација

Користење на клучни зборови, видливи копчиња за споделување на информациите, уникатност на содржините се само дел од добра оптимизација кога станува збор за пребарувачите и социјалните медиуми.

Избор на правилни бои и фонтови

Тие треба да го отсликуваат вашиот бренд, визија и мисија. Не користете премногу воочливи и јаки бои и фонтови, туку порелаксирачки варијанти кои ќе им се допаѓаат и на вашите посетители.

Број на страници

Никој не сака кога на некоја определена статија треба да се клика „следна страница“ или „читај повеќе“. Тоа можеби ќе ви донесе повеќе читаност на вашите страници на краток рок, но внимавајте, клиентите сакаат да видат повеќе на помалку простор.