Растот на not-com домените ќе ја зголеми побарувачката

Во август 2015 пишувавме за „револуционерниот“ потег на Google, кој одлучи својата холдинг компанија Alphabet Inc да ја „донесе“ онлајн како abc.xyz. Причината – ни помалку, ни повеќе, е во недостатокот на атрактивни домен имиња. Цитирано од текстот за Alphabet:

Случајот како на Google/Alphabet истакнува еден многу интересен проблем – колку и Интернетот да се чини неограничен, добрите домен имиња на најголемите наставки стануваат сè повеќе зафатени. Тоа ја отвора потребата од алтернативни решенија.

 

Според неодамнешното истражување на The Journal of Real Estate Finance and Economics, токму фактот дека многу атрактивни и лесни dot-com домени се зафатени, овозможило да дојде до пад на побарувачката за домени на светско ниво кое изнесува околу 25% од вкупниот број регистрирани, односно околу 73 милиони домени останале неоткупени.

Вредноста во сајбер-просторот се цени токму според достапноста и едноставноста, односно ништо поразлично од адресите и градовите во реалниот свет. Затоа генеричните и лесни за памтење дот-ком домени станаа предмет на големи бизнис зделки што доведуваат до нивно исцрпување. Од 2007-ма, побарувачката на домени е во пад, додека во истиот тој период препродажбата на домени пораснала за 63%.

Сепак, „спасот“ е во not-com домените, односно разгледувањето на ICANN кон опциите да се почне со популаризирање на домени од типот на dot-hotel или dot-food… Па дури и dot-xyz, како во примерот на Google. Нивниот раст укажува и на фактот дека сè повеќе се вложува во истите.

Најважниот заклучок е дека, колку и опциите да се прошируваат со сите динамични промени кои се случуваат во Интернет сферата, сепак сетот на препознатливи зборови е ограничен од јазичната перцепција на корисниците кои сурфаат. Затоа, креативноста е потребна повеќе од било кога во оваа сфера.

 

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.